Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 7:1-20

7  Тогаш Елисеј рече: „Чујте ја Јеховината реч!+ Вака вели Јехова: ‚Утре во ова време, на самариската порта, една сеа* фино брашно ќе чини само еден сикел,* и две сеи јачмен само еден сикел‘ “.+  Тогаш аѓутантот, на чија рака се потпираше царот,+ му одговори на Божјиот човек вака: „Дури и кога Јехова би ги отворил небесните брани,+ би можело ли да се случи тоа?“+ А тој рече: „Еве, ќе го видиш тоа со свои очи,+ но нема да јадеш“.+  А на градската порта имаше четворица лепрозни.+ Тие си рекоа еден на друг: „Зошто да седиме овде додека не умреме?  Ако влеземе во градот, во градот има глад, па ќе умреме таму.+ А ако останеме овде, пак ќе умреме. Затоа, ајде да појдеме во сирискиот логор! Ако нѐ остават живи, ќе живееме, а ако нѐ погубат, ќе умреме“.+  И така, станаа во самрак и се упатија кон сирискиот логор. Кога дојдоа до работ на логорот, гледај, во него немаше никој!  Имено, Јехова беше направил во сирискиот логор да се чуе+ татнеж на бојни коли и топот на коњи, бучава на голема војска,+ така што си рекоа еден на друг: „Гледај, израелскиот цар ги изнајмил против нас хетејските+ и египетските цареви+ за да нѐ нападнат!“  И станаа во самракот и побегнаа,+ оставајќи ги шаторите, коњите+ и магарињата, целиот логор како што беше. Побегнаа за да си ја спасат душата.+  Кога дојдоа до работ на логорот, тие лепрозни влегоа во еден шатор, се најадоа и се напија, па ги собраа од него среброто, златото и облеката, а потоа отидоа и го скрија тоа. Потоа се вратија, влегоа во друг шатор, ги однесоа работите од него и ги скрија.+  Но тогаш си рекоа еден на друг: „Не е добро тоа што го правиме. Денес е ден на добрите вести!+ Ако се колебаме и ако чекаме додека да се раздени, ќе бидеме виновни.+ Затоа сега, ајде да отидеме и да јавиме за ова во царскиот дворец!“ 10  Така отидоа и ги викнаа градските вратари+ и им јавија: „Отидовме во сирискиот логор, и гледај, таму немаше никого, ниту се слушаше човечки глас. Останале врзани само коњите и магарињата, и шаторите како што биле“.+ 11  Тогаш градските вратари викнаа и јавија за тоа во царскиот дворец. 12  А царот стана среде ноќта и им рече на своите слуги:+ „Јас ќе ви кажам што ни направија Сиријците.+ Тие добро знаат дека сме гладни,+ па затоа отишле од логорот и се скриле во полето,+ велејќи: ‚Кога ќе излезат од градот, ќе ги фатиме живи и ќе влеземе во градот!‘ “ 13  Тогаш еден од неговите слуги рече: „Избери луѓе кои ќе земат пет коњи од оние што уште преостанаа во градот.+ Зашто, гледај, ќе им биде исто како и на целото израелско мноштво што преостана и како на целото израелско мноштво што изгина.+ Да ги испратиме, па ќе видиме.“ 14  Така зедоа две коли со коњи и царот ги испрати во сирискиот логор, велејќи: „Одете и извидете!“ 15  И одеа по нив сѐ до Јордан, и гледај, целиот пат беше прекриен со облеки и со предмети+ кои Сиријците ги фрлале додека бегале.+ Потоа гласниците се вратија и му јавија за тоа на царот. 16  Тогаш народот излезе и го ограби+ сирискиот логор, така што една сеа фино брашно чинеше само еден сикел и две сеи јачмен само еден сикел, според Јеховината реч.+ 17  А царот го постави оној аѓутант, на чија рака се потпираше,+ да ја надгледува градската порта, но народот го изгази+ на портата, па умре, според речта која Божјиот човек+ ја кажа кога царот дојде кај него. 18  Така се исполни она што Божјиот човек му го рече на царот: „Утре во ова време, на самариската порта, две сеи јачмен ќе чинат само еден сикел, и една сеа фино брашно само еден сикел“.+ 19  Но аѓутантот му одговори на Божјиот човек вака: „Дури и кога Јехова би ги отворил небесните брани, би можело ли да се случи тоа што го кажуваш?“+ А тој рече: „Еве, ќе го видиш тоа со свои очи, но нема да јадеш“.+ 20  Така му се случи+ зашто народот го изгази+ на портата, и тој умре.

Фусноти

Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.
Види го додатокот 13.