Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 6:1-33

6  Пророчките синови*+ му рекоа на Елисеј: „Гледај, претесно е местото+ каде што живееме кај тебе.+  Те молиме, дозволи ни да појдеме до Јордан и да земеме од таму секој по една греда, па да си направиме+ таму место каде што ќе живееме“. А тој рече: „Одете!“  Но еден од нив му рече: „Ајде, те молам, оди и ти со своите слуги!“ Тој рече: „Ќе дојдам“.  И така отиде со нив. Кога дојдоа до Јордан, почнаа да сечат дрва.+  Додека еден од нив сечеше едно дрво, главата од секирата+ му падна во водата, па викна: „Леле, господару,+ беше земена на заем!“+  Тогаш Божјиот човек праша: „Каде падна?“ Кога му го покажа местото, тој отсече парче дрво, па го фрли таму и направи секирата да исплива.+  Тогаш рече: „Извади ја!“ И овој посегна со раката и ја зеде.  Сирискиот цар+ завојува со Израел. И се посоветува со своите слуги+ и им рече: „Ќе се улогорите со мене на тоа и тоа место“.+  Тогаш Божјиот човек+ му порача на израелскиот цар: „Внимавај да не поминуваш оттаму,+ зашто таму доаѓаат Сиријците“.+ 10  Така, израелскиот цар испрати порака во она место за кое му рече Божјиот човек.+ Елисеј го предупредуваше,+ и царот се држеше подалеку од местото за кое ќе го предупредеше. И тоа не се случи само еднаш или двапати. 11  А сирискиот цар се разгневи во срцето поради тоа,+ па ги повика своите слуги и им рече: „Зар нема да ми кажете кој од нашите е за израелскиот цар?“+ 12  А еден од неговите слуги одговори: „Никој, господару, царе, туку Елисеј,+ пророкот во Израел му го кажува+ на израелскиот цар и она што ти ќе го кажеш во својата спална“.+ 13  Тогаш рече: „Појдете и видете каде е тој за да испратам луѓе и да го фатам!“+ Подоцна му јавија: „Ене го во Дотан!“+ 14  И испрати таму коњи, бојни коли и силна војска.+ И тие дојдоа ноќе и го опколија градот. 15  Рано изутрината, кога стана и излезе надвор, слугата+ на Божјиот човек ја здогледа војската што го беше опколила градот со коњи и со бојни коли. Тогаш слугата му рече: „Леле, господару!+ Што ќе правиме?“ 16  А тој одговори: „Не плаши се,+ зашто нашите се побројни од нивните!“+ 17  И Елисеј се помоли:+ „Јехова, те молам, отвори му ги очите+ за да види!“ Јехова му ги отвори очите на слугата и, гледај, виде дека планините околу Елисеј+ се полни со огнени коњи и коли.+ 18  Кога Сиријците почнаа да слегуваат кај него, Елисеј му се помоли на Јехова: „Те молам, удри го овој народ со слепило!“+ И ги удри со слепило, според зборот на Елисеј. 19  Тогаш Елисеј им рече: „Ова не е исправниот пат и ова не е исправниот град. Појдете по мене и јас ќе ве одведам до човекот што го барате“. Но ги одведе во Самарија.+ 20  Кога стигнаа во Самарија, Елисеј рече: „Јехова, отвори им ги очите на овие за да видат“.+ И Јехова им ги отвори очите, па видоа дека се среде Самарија. 21  А кога ги здогледа, израелскиот цар му рече на Елисеј: „Дали да ги убијам,+ татко мој?+ Дали да ги убијам?“ 22  Но тој одговори: „Немој да ги убиеш. Зар ги убиваш оние што ќе ги заробиш со својот меч и со својот лак?+ Изнеси им леб и вода за да јадат и да пијат,+ па нека се вратат кај својот господар“. 23  Така им приреди голема гозба. Откако јадеа и пиеја, тој ги пушти, па се вратија кај својот господар. Оттогаш сириските чети повеќе не доаѓаа да пљачкаат+ во израелската земја. 24  Потоа, Вен-Адад, сирискиот цар, ја собра сета своја војска, тргна против Самарија и ја опколи.+ 25  И во Самарија настана голем глад+ зашто, гледај, опсадата траеше толку долго што една магарешка глава+ чинеше дури осумдесет сребреници, а четврт кав* гулабов измет+ дури пет сребреници. 26  Еднаш, кога израелскиот цар одеше по ѕидиштата, една жена му викна: „Помогни ми, господару мој, царе!“+ 27  А тој одговори: „Ако не ти помогне Јехова, како ќе ти помогнам јас?+ Можеби со нешто од гумното или од гмечалото за вино или за масло?“ 28  Потоа царот ја праша: „Што ти е?“ А таа одговори: „Оваа жена ми рече: ‚Дај го својот син да го изедеме денес, а утре ќе го изедеме мојот!‘+ 29  Така го сваривме+ мојот син и го изедовме.+ А следниот ден ѝ реков: ‚Дај го ваму твојот син за да го изедеме!‘ Но таа го скри синот“. 30  Кога ги чу зборовите на таа жена, царот си ја раскина облеката.+ И додека одеше по ѕидиштата, луѓето видоа дека има козина на телото. 31  И царот рече: „Бог нека ми направи така, и уште нека ми додаде, ако му остане денес главата на рамениците на Елисеј, синот на Сафат!“+ 32  А Елисеј седеше во својата куќа и старешините седеа со него.+ Тогаш царот испрати пред себе еден од своите луѓе. Но пред да дојде гласникот кај него, Елисеј им рече на старешините: „Гледате ли како овој крвнички син+ испрати човек за да ми ја отсече главата? Кога ќе дојде гласникот, затворете ја вратата и опрете се на неа! Зар не се слушаат+ по него чекорите на неговиот господар?“ 33  Додека тој уште им зборуваше, гледај, кај него дојде гласникот, и царот рече: „Еве, оваа неволја е од Јехова!+ Зошто уште да го чекам Јехова?“+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Ца 20:35.
Еден кав е 1,22 литри. Види го додатокот 13.