Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 3:1-27

3  Јорам,+ синот на Ахав, стана цар на Израел во Самарија, во осумнаесеттата година од царувањето на Јосафат над Јуда, и владееше дванаесет години.  Го правеше она што е зло во очите на Јехова,+ но не како татко му+ и мајка му. Тој, го отстрани светиот столб+ на Ваал, кој го беше направил неговиот татко.+  Но се држеше за гревовите со кои Јеровоам,+ синот на Нават, го наведе Израел на грев.+ Од нив не отстапи.  Меша,+ моавскиот цар, одгледуваше овци и му плаќаше на израелскиот цар данок од сто илјади јагниња и сто илјади нестрижени овни.  А кога умре Ахав,+ моавскиот цар се побуни+ против израелскиот цар.  Во тоа време цар Јорам излезе од Самарија и го собра+ целиот Израел.  Потоа испрати гласници кај Јосафат, царот на Јуда, и му порача: „Моавскиот цар се побуни против мене. Ќе појдеш ли со мене во војна против Моав?“ А овој му одговори: „Ќе појдам!+ Јас сум како и ти, мојот народ е како твојот,+ моите коњи се како и твоите“.  Потоа праша: „По кој пат ќе одиме?“ А тој одговори: „Низ едомската пустина“.+  Така тргнаа израелскиот цар, јудејскиот цар и едомскиот+ цар. Одеа седум дена по заобиколен пат, но немаше вода за војската и за стоката што одеше по нив. 10  Тогаш израелскиот цар повика: „Леле, Јехова нѐ повика нас, тројца цареви, за да нѐ предаде во рацете на Моавците!“+ 11  А Јосафат рече:+ „Зар нема тука Јеховин пророк+ за да се посоветуваме со Јехова преку него?“+ Тогаш еден од слугите на израелскиот цар одговори: „Тука е Елисеј,+ синот на Сафат, кој му ги полеваше со вода рацете на Илија“.+ 12  А Јосафат рече: „Јеховината реч е со него“. Така израелскиот цар и Јосафат и царот на Едом отидоа кај него. 13  А Елисеј му рече на израелскиот цар: „Што имам јас со тебе?+ Оди кај пророците+ на татко ти и кај пророците на мајка ти!“ Но израелскиот цар му рече: „Немој да ме одбиеш, зашто Јехова нѐ повика нас, тројца цареви, за да нѐ предаде во рацете на Моавците“.+ 14  А Елисеј одврати: „Како што е жив+ Јехова над војските, кому му служам, да не е овде Јосафат, царот на Јуда, кого го почитувам,+ не би се обѕрнувал на тебе, ниту би те погледнал!+ 15  Доведете ми сега еден свирач на жичен инструмент!“+ Додека свирачот свиреше, Јеховината рака+ дојде на Елисеј 16  и тој рече: „Вака вели Јехова: ‚Ископајте во оваа речна долина* многу дупки,+ 17  зашто вака вели Јехова: „Нема да видите ниту ветар ниту дожд, а оваа долина сепак ќе се наполни со вода,+ па ќе пиете+ и вие и вашата стока и останатите ваши животни“ ‘. 18  Тоа на Јехова ќе му биде навистина лесно,+ и ќе го предаде Моав во ваши раце.+ 19  Разорете ги сите утврдени градови+ и сите избрани градови, исечете ги+ сите добри стебла,+ затрупајте ги сите водни извори и засипете го со камења секое добро парче земја, и така расипете го!“ 20  И навистина, утрото,+ кога се принесуваше житната жртва,+ дојде вода од Едом, и земјата се наполни со вода. 21  Сите Моавци чуја дека царевите дошле да се борат против нив. Затоа ги свикаа сите што можеа да опашат+ војнички појас, а и оние постарите, па се поставија на границата. 22  Кога станаа рано изутрината и кога сонцето засвети над водата, на Моавците од спротивната страна водата им се стори црвена како крв. 23  И рекоа: „Тоа е крв! Сигурно царевите се судриле и се убиле еден со друг. А сега, на плен,+ Моаве!“ 24  Но, кога Моавците дојдоа во израелскиот логор, Израелците+ станаа и удрија на нив, така што овие побегнаа пред нив.+ Навлегоа во Моав, и како што напредуваа така ги убиваа Моавците. 25  Ги разурнаа градовите,+ на сите добри ниви секој фрли по еден камен додека не ги засипаа со камења, ги затрупаа сите извори на вода+ и ги исекоа сите добри стебла.+ Им останаа само камењата на Кир-Аресет,+ кого праќарите го опколија и го напаѓаа. 26  Кога виде дека ја губи битката, моавскиот цар зеде со себе седумстотини луѓе вооружени со меч за да се пробие до едомскиот цар.+ Но не успеаја. 27  На крајот го зеде својот првороден син, кој требаше да владее наместо него, и го принесе+ на ѕидот како жртва паленица. Тогаш се подигна голем гнев против Израелците, а тие си отидоа откај него и се вратија во својата земја.

Фусноти

Види го додатокот 12.