Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 25:1-30

25  Така, во деветтата+ година од неговото царување, во десеттиот месец, на десеттиот+ ден од тој месец, вавилонскиот цар,+ Навуходоносор,+ дојде против Ерусалим со сета своја војска. Се улогорија пред градот и изградија опсаден ѕид околу него.+  Градот беше под опсада сѐ до единаесеттата година од царувањето на Седекија.  На деветтиот+ ден од четвртиот месец, во градот владееше голем глад+ и народот* немаше леб.+  Тогаш беше пробиен градскиот ѕид+ и сите воини побегнаа ноќе низ портата меѓу двојниот ѕид, кој беше покрај градината на царот,+ а Халдејците+ беа насекаде околу градот. И царот тргна+ кон Араба.+  Но халдејската војска+ тргна во потера по царот и го стигна+ во пустинската рамница кај Ерихон,+ а сета негова војска се разбега откај него.  И го фатија царот+ и го одведоа кај вавилонскиот цар во Ривла+ за да му судат.  На Седекија му ги погубија синовите пред негови очи,+ а Седекија го ослепи.+ Потоа го окова во бакарни окови,+ па го одведе во Вавилон.+  Во петтиот месец, на седмиот ден од тој месец, односно во деветнаесеттата+ година од царувањето на Навуходоносор, вавилонскиот цар, до Ерусалим+ дојде Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, слуга на вавилонскиот цар.  Тој ги запали Јеховиниот дом,+ царскиот дворец+ и сите куќи во Ерусалим.+ Куќите на сите големци ги изгоре во оган.+ 10  А целата халдејска војска што дојде со заповедникот на телесната стража ги урна сите ѕидишта околу Ерусалим.+ 11  Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги одведе во изгнанство+ остатокот од народот+ што уште преостана во градот, оние што пребегаа кај вавилонскиот цар и останатото население. 12  Заповедникот на телесната стража остави некои од сиромасите од народот+ и одреди да работат како лозари и земјоделци.+ 13  Халдејците ги искршија бакарните столбови+ во Јеховиниот дом, количките+ и бакарното море,+ кои беа во Јеховиниот дом, и целиот бакар го однесоа во Вавилон.+ 14  Ги зедоа и лонците, лопатите, поткаструвачите на фитили, чашите и целиот бакарен прибор+ што се користеше за служба. 15  И заповедникот на телесната стража ги зеде пепелниците и чиниите, сите од чисто злато+ и од чисто сребро.+ 16  И не можеше да се измери бакарот од двата столба, од морето и од количките, од сиот прибор што го направи Соломон за Јеховиниот дом.+ 17  Секој столб беше висок осумнаесет лакти,+ а главата*+ на него беше од бакар. Главата беше висока три лакти. Филигранската мрежичка и калинките+ околу главата беа од бакар. Таков беше и вториот столб со филигранска мрежичка. 18  Освен тоа, заповедникот на телесната стража ги одведе Сераја,+ свештеничкиот поглавар, Софонија,+ вториот свештеник, и тројца вратари.+ 19  Од градот одведе еден дворјанин, кој ги надгледуваше војниците, петмина луѓе кои имаа пристап до царот, а се најдоа во градот, потоа писарот на воениот заповедник, кој го повикуваше народот во војска, и шеесет луѓе од народот кои се најдоа во градот.+ 20  Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, ги зеде со себе+ и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла.+ 21  И вавилонскиот цар ги уби,+ ги погуби во Ривла, во ематската+ земја. Така Јуда отиде во изгнанство од својата земја.+ 22  А Навуходоносор, вавилонскиот цар, го постави Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ над народот+ што остана во земјата на Јуда што тој го остави. 23  Кога чуја дека вавилонскиот цар го поставил Годолиј, сите воени заповедници+ и нивните луѓе дојдоа кај Годолиј во Миспа.+ Дојдоа овие: Исмаел, синот на Нетанија, Јоанан, синот на Кареја, Сераја, синот на Танумет од Нетофа, и Јазанија, син на некојси Макатец — тие и нивните луѓе. 24  Тогаш Годолиј им се заколна+ ним и на нивните луѓе и им рече: „Не плашете се да им служите на Халдејците. Останете во земјата и служете му на вавилонскиот цар, и ќе ви биде добро“.+ 25  А во седмиот +месец дојде Исмаел,+ синот на Нетанија, син на Елисама, од царскиот род, и десет луѓе со него, и го нападнаа Годолиј и го убија+ него, како и Јудејците* и Халдејците што беа со него во Миспа.+ 26  Тогаш целиот народ, мало и големо, а со нив и воените заповедници, станаа и отидоа во Египет,+ зашто се исплашија од Халдејците.+ 27  Во триесет и седмата година од изгнанството на Јоахин,+ царот на Јуда, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од тој месец, Евил-Меродах,+ вавилонскиот цар, во првата година од своето царување го помилува+ Јоахин, царот на Јуда, и го пушти од затвор. 28  И убаво разговараше со него и го постави неговиот престол повисоко од престолите на другите цареви што беа со него во Вавилон.+ 29  И тој ја соблече својата затворска облека+ и јадеше на неговата трпеза+ во сите денови од својот живот. 30  И секој ден добиваше храна од царот, колку што му требаше,+ во сите денови од својот живот.

Фусноти

„Народот“ (и во 12. и 19. стих) — буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Или: „капителот“.
Или: „Евреите“.