Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 24:1-20

24  Во негово време, дојде Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, и Јоаким му беше слуга+ три години. Потоа се побуни против него и се одметна.  И Јехова испраќаше против Јоаким чети од халдејски разбојници,+ од сириски разбојници, од моавски разбојници+ и чети од разбојници од Амоновите синови. Ги праќаше против Јуда за да го уништи, според Јеховината реч+ што ја објави преку своите слуги, пророците.  Тоа го снајде Јуда затоа што Јехова нареди така за да го отфрли+ од пред своето лице поради гревовите на Манасија,+ поради сето она што го направи  и поради невината крв+ што ја пролеа, кога го наполни Ерусалим со невина крв. Затоа Јехова не сакаше да му прости.+  Останатата историја на Јоаким+ и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда?  На крајот, Јоаким почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Јоахин.  А египетскиот цар не излегуваше повеќе+ од својата земја,+ зашто вавилонскиот цар зеде сѐ што му припаѓаше на египетскиот цар,+ од долината на реката Египет+ до реката Еуфрат.+  Јоахин+ имаше осумнаесет години кога почна да владее, и владееше три месеци во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Неуста и беше ќерка на Елнатан од Ерусалим.  Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеше и неговиот татко.+ 10  Во тоа време, слугите на Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојдоа против Ерусалим и го опколија градот.+ 11  А и Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојде да го нападне градот додека неговите слуги го опсадуваа.+ 12  Тогаш Јоахин, царот на Јуда, излезе пред вавилонскиот цар+ со својата мајка,+ со своите слуги, со своите кнезови и со своите дворјани. И вавилонскиот цар го зароби во осмата+ година од своето царување. 13  Потоа го однесе сето богатство од Јеховиниот дом и богатството од царскиот дворец,+ и го искрши сиот златен прибор,+ кој Соломон, израелскиот цар, го беше направил за Јеховиниот храм, како што рече Јехова. 14  Го одведе во изгнанство+ целиот Ерусалим, сите кнезови,+ сите храбри јунаци,+ сите занаетчии+ и градители на тврдини — десет илјади луѓе одведе во изгнанство. Не остави никој друг освен сиромашниот народ.*+ 15  Така го одведе Јоахин+ во изгнанство во Вавилон+ заедно со мајката на царот,+ со жените на царот, со неговите дворјани+ и со најистакнатите луѓе во земјата. Сите нив ги одведе од Ерусалим во изгнанство во Вавилон. 16  Сите храбри луѓе, вкупно седум илјади, како и занаетчиите и градителите на тврдини, вкупно илјада, сите смели луѓе способни за војна, вавилонскиот цар ги одведе во изгнанство во Вавилон.+ 17  И вавилонскиот цар+ го постави Матанија, неговиот стрико,+ за цар на негово место. Нему му го промени името во Седекија.+ 18  Седекија имаше дваесет и една година+ кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Амутала+ и беше ќерка на Еремија од Ливна. 19  Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеше и Јоаким.+ 20  Тоа што се случи во Ерусалим и во Јуда го разгневи+ Јехова па тој ги отфрли од пред своето лице.+ А Седекија се побуни против вавилонскиот цар.+

Фусноти

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).