Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 23:1-37

23  Тогаш царот испрати да се соберат кај него сите старешини на Јуда и на Ерусалим.+  Потоа царот отиде во Јеховиниот дом, а со него и сите луѓе од Јуда и сите жители на Ерусалим, свештениците+ и пророците, целиот народ, мало и големо.+ И ги прочита+ пред нив сите зборови од книгата+ на сојузот,+ која беше пронајдена во Јеховиниот дом.+  И царот, стоејќи покрај столбот,+ склучи сојуз+ пред Јехова дека ќе го слуша* Јехова+ и ќе се држи за неговите заповеди,+ опомени+ и одредби+ со сето срце+ и со сета душа,+ дека ќе ги извршува зборовите на овој сојуз, кои се запишани во оваа книга.+ И целиот народ стапи во сојузот.+  Потоа царот им заповеда на првосвештеникот Хелкија,+ на останатите свештеници и на вратарите+ да ги изнесат од Јеховиниот храм сите предмети направени за Ваал,+ за обредниот дирек*+ и за сета небесна војска.+ И ги изгоре надвор од Ерусалим во кедронските+ ниви,* а нивниот прав го однесе во Ветил.+  Ги распушти свештениците на туѓите богови, кои царевите на Јуда ги поставија за да горат приноси на обредните височинки во градовите на Јуда и во околината на Ерусалим, а исто и оние што им гореа приноси на Ваал,+ на сонцето, на месечината, на соѕвездијата* и на сета небесна војска.+  Од Јеховиниот дом го изнесе и обредниот дирек+ и го однесе надвор од Ерусалим, во долината на Кедрон, го изгоре+ во долината на Кедрон и го столчи во прав, а правот го фрли врз гробовите+ на обичниот народ.  Им ги урна становите на машките храмски блудници,+ кои се наоѓаа во Јеховиниот дом, во кои жените ткаеја платно за светилиштата на обредниот дирек.  И ги доведе сите свештеници од градовите на Јуда, а потоа ги оскверни обредните височинки каде што тие свештеници гореа приноси, од Гева+ до Вирсавеја.+ Потоа ги разурна обредните височинки на портите, оние што беа кај портата на Исус, градскиот заповедник, од левата страна кога се влегува на градската порта.  А свештениците+ од обредните височинки не доаѓаа пред Јеховиниот жртвеник во Ерусалим, туку јадеа бесквасни+ лебови меѓу своите браќа. 10  Го оскверни и Тофет,+ во долината на Еномовите синови,+ за да не може никој повеќе да го помине низ оган+ својот син или својата ќерка во чест на Молох.+ 11  И повеќе не дозволуваше коњите, кои царевите на Јуда му ги посветија на сонцето, да влегуваат во Јеховиниот дом низ трпезаријата+ на дворјанинот Натан-Мелех, која се наоѓаше во тремот, а колите посветени на сонцето+ ги изгоре во оган. 12  Жртвениците што беа на покривот+ од горната соба на Ахаз, кои ги направија царевите на Јуда, и жртвениците+ кои ги направи Манасија во двата двора на Јеховиниот дом, царот ги разурна и таму ги столчи, а нивниот прав го фрли во долината на Кедрон. 13  Царот ги оскверни и обредните височинки што беа спроти Ерусалим,+ десно* од Гората на уништувањето,* кои Соломон,+ царот на Израел, им ги беше направил на Астарта,+ одвратната сидонска божица, на Хемос,+ одвратниот моавски бог, и на Милхом,+ одвратниот бог на Амоновите синови. 14  Ги искрши+ обредните столбови, ги исече обредните диреци, а местата каде што стоеја ги наполни со човечки коски. 15  Исто така го разурна и жртвеникот што беше во Ветил+ и обредната височинка, која ја беше направил Јеровоам,+ синот на Нават, кој го наведе на грев Израел.+ Ги разурна и жртвеникот и обредната височинка. Потоа ја изгоре таа височинка и ја столчи во прав, а го изгоре и обредниот дирек. 16  Кога се сврти и ги виде гробовите што беа таму на планината, Јосија испрати да ги извадат коските од гробовите. И ги изгоре на жртвеникот+ за да го оскверни, според Јеховината реч+ што ја објави Божјиот човек,+ кој го кажа однапред сето тоа. 17  Потоа праша: „Каков е оној надгробен споменик што го гледам?“ А луѓето од градот му одговорија: „Тоа е гробот+ на Божјиот човек што дојде од Јуда+ и го објави сето ова што го направи ти со ветилскиот жртвеник“.+ 18  Тогаш рече: „Оставете го да почива.+ Никој да не ги допира неговите коски“. Така ги оставија неговите коски недопрени, заедно со коските на пророкот+ што дојде од Самарија. 19  Јосија ги отстрани и сите светилишта, височинките+ по самариските градови,+ кои ги беа подигнале израелските цареви+ за да го навредуваат Бог,+ и го направи со нив сето она што го направи и во Ветил.+ 20  А сите свештеници+ од обредните височинки, кои беа таму, ги погуби на жртвениците и врз тие жртвеници изгоре човечки коски.+ Потоа се врати во Ерусалим. 21  Тогаш царот му заповеда на целиот народ: „Прославете ја Пасхата+ во чест на Јехова, својот Бог, како што е запишано во оваа книга на сојузот!“+ 22  Зашто, таква Пасха не беше празнувана од времето на судиите кои судеа во Израел+ и за сето време на царевите на Израел и на Јуда.+ 23  Но во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија, во Ерусалим беше прославена таква Пасха во чест на Јехова.+ 24  А и оние што повикуваа духови+ и прорекуваа настани,+ домашните идоли,+ одвратните идоли*+ и сите гнасни богови*+ што можеа да се видат во земјата на Јуда и во Ерусалим, Јосија ги истреби за да ги изврши зборовите на законот+ запишани во книгата+ што ја беше пронашол свештеникот Хелкија во Јеховиниот дом.+ 25  Пред него немаше таков цар кој се врати кај Јехова+ со сето свое срце, со сета своја душа+ и со сета своја сила, правејќи сѐ според законот на Мојсеј, а и по него немаше таков како него. 26  Сепак, Јехова не се одврати од жестокоста на својот силен гнев, кој се распали против Јуда,+ поради сите навреди со кои Манасија го навредуваше.+ 27  Јехова рече: „И Јуда+ ќе го отфрлам од пред своето лице,+ како што го отфрлив Израел.+ И ќе го отфрлам овој град што го избрав, Ерусалим, и домот за кој реков: ‚Таму ќе престојува моето име‘ “.+ 28  Останатата историја на Јосија и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 29  Во негово време, фараонот Нехо,+ царот на Египет, појде кај асирскиот цар, кон реката Еуфрат.+ И цар Јосија излезе против него,+ но овој го уби+ кај Мегидо+ штом го здогледа. 30  Неговите слуги го ставија мртов на колата, го одвезоа од Мегидо во Ерусалим+ и го закопаа во неговиот гроб. Потоа народот* го зеде Јоахаз,+ синот на Јосија, па го помаза и го постави за цар наместо неговиот татко. 31  Јоахаз+ имаше дваесет и три години кога почна да владее, и владееше три месеци во Ерусалим. Мајка му се викаше Амутала+ и беше ќерка на Еремија од Ливна. 32  Тој го правеше она што е зло во Јеховини очи, сѐ како што правеа и неговите прататковци.+ 33  Фараонот Нехо+ го фрли во окови+ во Ривла,+ во ематската земја, за да не владее повеќе во Ерусалим, а на земјата ѝ наметна данок+ од сто таланти* сребро+ и еден талант злато.+ 34  Потоа фараонот Нехо го постави Елијаким,+ синот на Јосија, за цар наместо Јосија, неговиот татко, и му го промени името во Јоаким, а Јоахаз го зеде и го одведе во Египет, каде што и умре.+ 35  Јоаким му го даде на фараонот среброто+ и златото. Но на земјата ѝ наметна данок+ за да може да го даде среброто што го бараше фараонот. Според висината на данокот што му беше одреден секому,+ земаше сребро и злато од народот за да му го даде на фараонот Нехо. 36  Јоаким+ имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Зевуда и му беше ќерка на Федаија од Рума. 37  Тој го правеше она што е зло+ во Јеховини очи, сѐ како што правеа и неговите прататковци.+

Фусноти

Буквално: „следи“.
Или: „ашерот“.
Или: „тераси; терасовидните ниви“.
Или: „соѕвездијата на зодијакот“.
Или: „јужно“, односно десно за набљудувачот што е свртен кон исток.
Односно, Маслинската Гора, особено нејзиниот јужен крај, кој се нарекува и Гора на престапот.
Или: „лепешкавите идоли“.
Буквално: „сите гадотии“.
„Народот“ (и во 35. стих) — буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Види го додатокот 13.