Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 22:1-20

22  Јосија+ имаше осум години кога почна да владее и владееше триесет и една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Једида и беше ќерка на Адаија од Васкат.+  Го правеше она што беше исправно во Јеховини очи+ и во сѐ одеше по патот на Давид, својот прататко,+ не скршнувајќи ни надесно ни налево.+  Во осумнаесеттата година од своето царување, цар Јосија го испрати својот писар Сафан,+ синот на Азалија, син на Месулам, во Јеховиниот дом, велејќи:  „Оди кај првосвештеникот+ Хелкија.+ Нека ги подготви парите+ што се донесени во Јеховиниот дом,+ кои вратарите+ ги собираат од народот.  Нека им ги врачи парите на оние што се поставени да ја надгледуваат работата+ во Јеховиниот дом, а тие нека им ги даваат на оние што работат на Јеховиниот дом, за да се поправат оштетувањата на домот,+  на градителите, на ѕидарите и на другите занаетчии, и за да се купи дрвена граѓа и делкан камен за поправката на домот.+  Но од оние на кои им се врачени парите нека не се бара да полагаат сметка за начинот на кој ги трошат,+ зашто тие работат верно“.+  Потоа првосвештеникот Хелкија+ му рече на писарот+ Сафан:+ „Во Јеховиниот дом ја пронајдов книгата на законот“.+ И Хелкија му ја даде книгата на Сафан, кој почна да ја чита.  Тогаш писарот Сафан отиде кај царот и го извести царот: „Твоите слуги ги собираат од ковчегот парите што се донесени во домот и им ги предаваат на оние што се поставени да ја надгледуваат работата во Јеховиниот дом“.+ 10  Писарот Сафан понатаму му рече на царот: „Свештеникот Хелкија ми даде една книга“.+ И Сафан почна да ја чита пред царот. 11  Кога ги чу зборовите запишани во книгата на законот, царот си ја раскина облеката.+ 12  И им заповеда на Хелкија, свештеникот, потоа на Ахикам,+ синот на Сафан, на Ахвор, синот на Михаија, на Сафан, писарот, и на Асаија,+ слугата на царот: 13  „Одете и прашајте+ го Јехова за мене, за народот и за целата земја на Јуда. Прашајте за зборовите запишани во оваа книга што е пронајдена, зашто е голем гневот на Јехова,+ кој пламнал против нас затоа што нашите прататковци+ не ги слушаа зборовите на оваа книга и не го правеа сето она што ни е запишано во неа“.+ 14  Така свештеникот Хелкија, Ахикам, Ахвор, Сафан и Асаија отидоа кај пророчицата+ Олда, жената на Салум, чуварот на облеката,+ син на Текуја, син на Арас. Таа живееше во Ерусалим, во новиот дел на градот.* Кога ѝ го кажаа сето тоа,+ 15  таа им рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел:+ ‚Речете му на човекот што ве испратил кај мене: 16  „Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе му нанесам неволја+ на ова место и на неговите жители,+ и ќе исполнам сѐ+ што стои во книгата што ја прочита царот на Јуда,+ 17  зашто ме оставија и им гореа приноси на други богови+ за да ме навредуваат со сите дела на своите раце.+ Затоа пламна мојот гнев против ова место и нема да изгасне‘ “ ‘.+ 18  А на царот на Јуда, кој ве праќа да го прашате Јехова, речете му го ова: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел, за зборовите што ги чу:+ 19  „Поради тоа што ти омекна срцето+ и се понизи+ пред Јехова кога чу што објавив против ова место и против неговите жители, имено, дека од нив ќе се згрозуваат и дека ќе ги снајде проклетство,+ си ја раскина облеката+ и плачеше пред мене, јас те услишив“, вели Јехова.+ 20  „Затоа, еве, ќе те приберам кај твоите прататковци+ и во мир ќе бидеш положен во својот гроб.+ Твоите очи нема да ја видат сета неволја што ќе му ја нанесам на ова место“ ‘ “. И му го јавија на царот тој одговор.

Фусноти

Или: „во вториот кварт“.