Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

2. Царевите 20:1-21

20  Во тоа време, Езекија се разболе на смрт.+ Тогаш пророкот Исаија,+ синот на Амос, дојде кај него и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Издај му ги потребните заповеди на својот дом+ зашто ќе умреш, нема да останеш жив‘ “.+  Тогаш тој го сврти лицето кон ѕидот+ и му се помоли на Јехова:+  „Те молам, Јехова, те молам, сети се+ како ти служев*+ верно*+ и ти бев оддаден со цело срце+ и го правев она што е добро во твои очи“.+ И Езекија заплака горко.+  Исаија уште не беше излегол до средниот двор кога му дојде Јеховината реч:+  „Врати се и речи му на Езекија, водачот+ на мојот народ: ‚Вака вели Јехова, Богот+ на Давид, твојот прататко: „Ја чув+ твојата молитва+ и ги видов твоите солзи.+ Еве, ќе те излекувам,+ и по три дена ќе отидеш во Јеховиниот дом.+  На твојот век ќе му додадам петнаесет години и ќе ве избавам од рацете на асирскиот цар тебе и овој град, и ќе го бранам овој град+ заради себе и заради Давид, мојот слуга“ ‘ “.+  А Исаија рече: „Донесете облог од суви смокви“.+ И тие донесоа и му го ставија на чирот,+ така што тој оздраве.+  Во меѓувреме, Езекија го праша Исаија: „Кој е знакот+ дека Јехова ќе ме излекува и дека ќе отидам во Јеховиниот дом по три дена?“  А Исаија одговори: „Ова ти е знакот+ од Јехова дека Јехова ќе ја исполни речта што ти ја кажа: сакаш ли сенката да се помести за десет скалила напред или да се врати за десет скалила назад?“ 10  А Езекија одговори: „Лесно ѝ е на сенката да се издолжи за десет скалила, но не е лесно да се врати за десет скалила назад“.+ 11  Тогаш пророкот Исаија го повика Јехова, кој ја врати за десет скалила назад сенката на скалилата, која се беше спуштила по Ахазовите скали.+ 12  Во тоа време, Веродах-Валадан,+ синот на Валадан, вавилонскиот цар,+ му испрати писма+ и подарок на Езекија, зашто чу дека Езекија бил болен. 13  А Езекија ги сослуша неговите пратеници и им ја покажа целата своја ризница,+ среброто, златото,+ балсамот,+ скапоценото масло, својата оружарница и сѐ што беше во неговите ризници. Немаше ништо во неговиот дом и во целото негово царство што Езекија не им го покажа.+ 14  Потоа пророкот Исаија дојде кај цар Езекија и го праша:+ „Што ти рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе?“+ А Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон“. 15  А тој го праша: „Што видоа во твојот дом?“ А Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дом. Не остана ништо во моите ризници што не им го покажав“.+ 16  Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј ја Јеховината реч:+ 17  ,Еве, доаѓаат денови кога сѐ што е во твојот дом+ и што го насобрале до денес твоите прататковци ќе биде однесено во Вавилон.+ Ништо нема да остане‘,+ вели Јехова. 18  ,И некои од твоите синови што ќе потекнат од тебе, кои ќе ти се родат, ќе бидат одведени+ и ќе станат дворјани+ во палатата на вавилонскиот цар‘ “.+ 19  Тогаш Езекија му рече на Исаија: „Добра е Јеховината реч што ја кажа ти“.+ Потоа додаде: „Добра е, нели? Зашто мирот и вистината+ ќе траат додека сум жив јас“.+ 20  Останатата историја на Езекија и сите негови потфати, како ги изгради езерцето+ и водоводот,+ па доведе вода во градот, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 21  На крајот Езекија почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Манасија.+

Фусноти

Буквално: „одев пред тебе“.
Или: „според вистината; вистинито“.