Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 19:1-37

19  Штом го чу тоа, цар Езекија+ си ја раскина облеката,+ се наметна со козина+ и отиде во Јеховиниот дом.+  И ги испрати Елијаким,+ дворскиот управител, Шевна,+ писарот, и свештеничките старешини, наметнати со козина, да појдат кај пророкот Исаија,+ синот на Амос.+  Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‚Овој ден е ден на неволја,+ на укор+ и на дрско подбивање,+ зашто синовите дојдоа до породување,+ а нема сила да се родат.+  Можеби Јехова, твојот Бог, ќе ги чуе+ сите зборови на рапшакот,* кого асирскиот цар, неговиот господар, го испратил да му се подбива+ на живиот Бог, па Јехова, твојот Бог, ќе го повика на одговорност за зборовите што ги чу.+ Помоли се+ за остатокот+ што сѐ уште е жив‘ “.  Кога слугите на цар Езекија отидоа кај Исаија,+ 6   Исаија им рече: „Ова кажете му го на својот господар: ‚Вака вели Јехова:+ „Не плаши се+ од зборовите што ги чу, со кои слугите на асирскиот цар хулеа на мене.+  Ќе го збркам,*+ и тој ќе чуе вест,+ па ќе се врати во својата земја. И ќе предизвикам да падне од меч во својата земја“ ‘ “.+  Кога чу дека асирскиот цар заминал од Лахис,+ рапшакот+ се врати кај него и го најде како се бори против Ливна.+  Имено, царот чу дека се зборува за Тирхак, етиопскиот цар: „Еве, дојде во битка против тебе“. Затоа му испрати повторно гласници+ на Езекија и му порача: 10  „Вака речете му на Езекија, царот на Јуда: ‚Не дозволувај да те измами твојот Бог, на кого се потпираш,+ кога ти вели: „Ерусалим+ нема да биде предаден во рацете на асирскиот цар“!+ 11  Ете, самиот чу што им направија асирските цареви на сите земји што ги опустошија,*+ а ти ли ќе се избавиш?+ 12  Дали оние народи кои моите прататковци ги поразија — Гозанците,+ Харанците,+ Ресефците и синовите на Еден,+ кои се во Тел-Асар+ — беа избавени од своите богови?+ 13  Каде се царот на Емат,+ царот на Арфад,+ царевите на градовите Сефарваим, Хена и Ива?‘ “+ 14  Езекија го прими писмото што му го донесоа гласниците и го прочита,+ а потоа отиде во Јеховиниот дом и го развитка пред Јехова.+ 15  Тогаш Езекија му се помоли+ на Јехова: „Јехова, Боже на Израел,+ кој седиш над херувими,*+ ти си единствениот вистински Бог на сите царства+ на земјата.+ Ти ги создаде небото+ и земјата.+ 16  Приклони го увото, Јехова, и чуј!+ Отвори ги очите,+ Јехова, и види, и чуј ги зборовите на Сенахирим кои ги испрати за да му се подбива+ на живиот Бог. 17  Вистина е, Јехова, дека асирските цареви ги опустошија народите и нивните земји.+ 18  И ги нафрлаа нивните богови во оган, зашто тие не беа богови,+ туку дело на човечки раце,+ дрво и камен. Затоа ги уништија. 19  А сега, Јехова, Боже наш,+ те молам, избави нѐ+ од неговата рака, за да спознаат сите царства на земјата дека ти, Јехова, си единствениот Бог“.+ 20  Тогаш Исаија, синот на Амос, му порача на Езекија: „Вака вели Јехова, Богот на Израел:+ ‚Ја чув молитвата+ што ми ја упати+ поради Сенахирим, асирскиот цар. 21  Еве ги зборовите што ги објавува Јехова против него: „Те презира и ти се потсмева+ девицата, сионската ќерка.+ По тебе со потсмев мавта со главата+ ерусалимската ќерка.+ 22  Кому му се потсмеваш+ и на кого хулиш?+ Против кого викаш+ и против кого го подигаш високо својот поглед?+ Против Светецот на Израел!+ 23  Преку своите гласници+ му се подбиваш на Јехова и велиш:+ ‚Со моето мноштво бојни коли+ ќе се искачам на врвот од планините,+ на најдалечните падини на Ливан,+ и ќе ги исечам неговите високи кедри,+ неговите убави смреки.+ Ќе дојдам во неговото најдалечно живеалиште, во неговата густа шума.+ 24  Ќе копам и ќе пијам туѓа вода, и со своите стапала ќе ги исушам сите нилски канали во Египет‘.+ 25  Зар не си чул+ што имам намера да направам уште од дамнина?+ Тоа го смислив од дамнешни денови.+ Сега ќе го направам.+ А ти си тој што ќе опустоши утврдени градови и ќе ги претвори во урнатини.+ 26  На нивните жители ќе им малаксаат рацете,+ ќе се уплашат и ќе се посрамат.+ Ќе бидат како билките во полето и како млада зелена трева,+ како трева по покривите,+ подгорена од источниот ветар.+ 27  Добро знам кога седиш мирно и кога правиш што и да било+ и како беснееш против мене,+ 28  зашто ти беснееш против мене+ и твоето рикање дојде до моите уши.+ Ќе ти ја ставам својата кука во носот и своите узди во устата,+ и ќе те вратам по патот по кој дојде“.+ 29  А ова ќе биде знакот:+ во оваа година ќе го јадеш она што ќе израсне од паднатото семе,+ догодина ќе го јадеш житото што ќе израсне самото, а во третата година сејте и жнејте,+ садете лозја и јадете го нивниот род.+ 30  Преживеаните од домот на Јуда, оние што ќе преостанат,+ ќе пуштат корен во длабочина и ќе раѓаат плод во височина.+ 31  Зашто, од Ерусалим ќе дојде остатокот+ и од гората Сион — преживеаните.+ Тоа ќе го направи ревноста+ на Јехова над војските. 32  Затоа вака вели Јехова за асирскиот цар:+ „Тој нема да влезе во овој град+ и нема да фрли ваму своја стрела,+ нема да му се приближи со штитот и нема да подигне пред него опсаден насип.+ 33  Ќе се врати по патот по кој дошол, и во овој град нема да влезе, вели Јехова.+ 34  Ќе го бранам овој град+ и ќе го спасам заради себе+ и заради Давид, мојот слуга“ ‘ “.+ 35  Во истата таа ноќ излезе Јеховин ангел и уби сто осумдесет и пет илјади луѓе во асирскиот+ логор.+ А кога луѓето станаа рано изутрината, насекаде околу нив имаше само мртовци.+ 36  Потоа Сенахирим,+ асирскиот цар, стана и си отиде.+ И откако се врати, остана во Ниневија.+ 37  Еден ден, додека се клањаше во храмот на Нисрок,+ својот бог,+ Адрамелех и Сарацер, негови синови, го убија со меч+ и избегаа во араратската земја.+ А Есар-Адон,+ неговиот син, почна да царува наместо него.

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.
Буквално: „Ќе ставам дух во него“.
Или: „ги опустошија како херем“.
Херувими се ангели на висока положба.