Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 17:1-41

17  Во дванаесеттата година од царувањето на Ахаз над Јуда, Осиј,+ синот на Ила, стана цар на Израел во Самарија,+ и владееше девет години.  Го правеше она што е зло во Јеховини очи, но не како израелските цареви што беа пред него.+  Против него дојде Салманасар,+ асирскиот+ цар, па Осиј му стана слуга и му плаќаше данок.+  Но асирскиот цар откри дека Осиј кове заговор,+ зашто Осиј испрати гласници кај Сој, египетскиот+ цар, и не му донесе данок на асирскиот цар како секоја година. Затоа асирскиот цар го затвори и го држеше врзан в затвор.+  Асирскиот цар тргна против целата земја и, откако дојде до Самарија, ја држеше под опсада+ три години.  Во деветтата година од царувањето на Осиј, асирскиот цар ја освои Самарија+ и ги одведе Израелците во изгнанство+ во Асирија, па ги насели во Халах+ и во Авор, на реката Гозан+ и во медијските градови.+  А тоа се случи затоа што синовите на Израел му згрешија+ на Јехова, својот Бог, кој ги изведе од египетската земја и ги избави од раката на фараонот, египетскиот+ цар. Тие почнаа да почитуваат други богови+  и живееја* според обичаите+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел и според обичаите што ги воведоа израелските цареви.  Синовите на Израел го правеа она што не беше исправно во очите на Јехова, нивниот Бог,+ и си градеа обредни височинки+ по сите свои места, од стражарските кули+ до утврдените градови. 10  Си подигаа обредни столбови+ и обредни диреци*+ на секој висок рид+ и под секое зелено дрво.+ 11  И таму, по сите обредни височинки, ги гореа приносите исто како народите+ кои Јехова ги истера од пред нив, и правеа зли дела за да го навредуваат+ Јехова. 12  Им служеа на одвратни идоли,*+ иако Јехова им рече: „Не правете го тоа!“+ 13  И Јехова ги предупредуваше+ Израел+ и Јуда+ преку своите пророци+ и преку сите свои јасновидци:+ „Одвратете се од своите зли патишта+ и држете ги моите заповеди+ и моите одредби,+ правејќи сѐ според законот+ што им го дадов на вашите прататковци+ и ви го пренесов преку своите слуги, пророците“.+ 14  Но тие не послушаа, туку останаа непокорни,*+ како што беа непокорни и нивните прататковци, кои не му веруваа+ на Јехова, својот Бог. 15  И ги отфрлија неговите уредби, сојузот+ што го склучи со нивните прататковци и неговите опомени*+ со кои ги предупредуваше. Се поведуваа по ништожни идоли,+ па и самите станаа ништожни,+ постапувајќи како народите што беа околу нив, иако Јехова им заповеда да не бидат како нив.+ 16  Ги оставија сите заповеди+ на Јехова, својот Бог, и си направија две леани+ телиња+ и обреден дирек,+ па ѝ се клањаа на целата небесна војска+ и му служеа на Ваал.+ 17  И ги поминуваа своите синови и своите ќерки низ оган,+ гатаа+ и пророкуваа по знаци,+ и се продадоа+ правејќи го она што е зло во очите на Јехова за да го навредуваат.+ 18  Затоа Јехова многу се разгневи+ на Израел и го отфрли од пред своето лице.+ Не остави никого, освен племето на Јуда.+ 19  Но ни Јуда не ги држеше заповедите* на Јехова, својот Бог,+ туку ги држеше обичаите што ги воведе Израел.+ 20  Затоа Јехова го отфрли целиот род+ Израелов, му нанесуваше неволји и го предаваше во рацете на пљачкашите сѐ додека потполно не го отфрли од себе.+ 21  Зашто, ги истргна Израелците од домот на Давид, а тие си го поставија за цар Јеровоам,+ синот на Нават. И Јеровоам ги одврати Израелците од Јехова и ги наведе на голем грев.+ 22  Синовите на Израел ги правеа* сите гревови што ги правеше и Јеровоам.+ Не отстапија од нив 23  сѐ додека Јехова не го отфрли Израел од пред своето лице,+ како што беше рекол преку своите слуги, пророците.+ Така Израел отиде од својата земја во изгнанство во Асирија, каде што е до ден-денес.+ 24  Потоа асирскиот цар доведе луѓе од Вавилон,+ од Хут, од Ава,+ од Емат+ и од Сефарваим,+ и нив ги насели во самариските градови+ на местото на синовите на Израел. Тие ја зазедоа Самарија и живееја во нејзините градови. 25  А кога почнаа да живеат таму, не го почитуваа Јехова.+ И Јехова испрати меѓу нив лавови,+ кои ги убиваа. 26  Затоа му јавија на асирскиот цар: „Народите што ги одведе во изгнанство, а потоа ги насели по самариските градови не знаат како треба да го почитуваат Богот на таа земја, па тој им праќа лавови+ кои, еве, ги убиваат, зашто никој не знае како треба да се почитува Богот на таа земја“. 27  Тогаш асирскиот цар заповеда: „Испратете таму еден од свештениците+ што ги одведовте оттаму во изгнанство. Нека отиде и нека се насели таму, па нека ги поучи како треба да го почитуваат Богот на таа земја“. 28  Така дојде еден од свештениците што беа одведени од Самарија во изгнанство и се насели во Ветил.+ И тој ги поучуваше како да се бојат од Јехова.+ 29  Но секој народ си направи свој бог+ и го постави во светилиштата на височинките што ги направија Самарјаните, секој народ во својот град во кој живееше. 30  Луѓето од Вавилон го направија Сокхот-Венот, оние од Хут+ го направија Нергал, а оние од Емат го направија Асима. 31  Авијците+ ги направија Ниваз и Тартак, а Сефарваимците+ ги гореа во оган своите синови+ во чест на Адрамелех и Анамелех, боговите на Сефарваим. 32  А го почитуваа и Јехова,* па си поставија луѓе од својот народ за свештеници+ на обредните височинки, кои вршеа за нив служба во светилиштата на височинките. 33  Го почитуваа Јехова,+ но ги обожаваа и своите богови,+ како што беше обичај меѓу оние народи од кои беа одведени во изгнанство.+ 34  До ден-денес тие ги држат своите стари обичаи.+ Не го почитуваат Јехова+ и не постапуваат според неговите одредби, според неговите наредби,+ според законот+ и според заповедите+ кои Јехова им ги даде на синовите на Јаков,+ кого го нарече Израел,+ 35  кога Јехова склучи сојуз+ со нив и им заповеда: „Не смеете да почитувате други богови,+ да им се клањате, да им служите, ниту да им принесувате жртви,+ 36  туку треба да го почитувате Јехова,+ кој ве изведе од египетската земја со голема сила и со подигната рака,+ нему да му се клањате+ и нему да му принесувате жртви.+ 37  Уредбите,+ наредбите,+ законот и заповедите, кои ви ги напиша,+ држете ги секогаш.+ Не смеете да почитувате други богови. 38  Сојузот што го склучив со вас не смеете да го заборавите.+ Не смеете да почитувате други богови,+ 39  туку треба да го почитувате Јехова,+ својот Бог, зашто тој ќе ве избави од рацете на сите ваши непријатели“.+ 40  Но тие не послушаа, туку се држеа за своите стари обичаи.+ 41  Така тие народи го почитуваа Јехова,+ но им служеа и на своите режани ликови. Нивните синови и нивните внуци до ден-денес прават сѐ како што правеа и нивните прататковци.

Фусноти

Буквално: „одеа“.
Или: „ашери“.
Или: „лепешкави идоли“.
Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.
Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Буквално: „не одеше по заповедите“.
Буквално: „одеа во“.
Буквално: „се плашеа и од Јехова“.