Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 16:1-20

16  Во седумнаесеттата година од царувањето на Фекај, синот на Ремалија, стана цар Ахаз,+ синот на Јотам, царот на Јуда.  Ахаз имаше дваесет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим. Не го правеше она што е исправно во очите на Јехова, својот Бог, како што го правеше тоа Давид, неговиот прататко.+  Одеше по патот на израелските цареви,+ па дури и својот син го помина низ оган,+ според одвратниот+ обичај на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.  Принесуваше жртви и гореше приноси на обредните височинки,+ по ридовите+ и под секое зелено дрво.+  Во тоа време, Ресин,+ сирискиот цар, и Фекај,+ синот на Ремалија, израелскиот цар, дојдоа против Ерусалим за да војуваат со него. И го опколија Ахаз, но немаа успех во бојот.+  Тогаш Ресин, сирискиот цар, му го врати Елат на Едом,+ а потоа ги протера Јудејците* од Елат. И Едомците влегоа во Елат и останаа во него до ден-денес.  А Ахаз испрати гласници кај Теглат-Феласар,+ асирскиот цар, и му порача: „Јас сум твој слуга+ и твој син. Дојди и избави ме+ од раката на сирискиот цар и од раката на израелскиот цар, кои се кренаа против мене“.  И Ахаз ги зеде среброто и златото што се најдоа во Јеховиниот дом и во ризниците на царскиот дворец+ и му ги испрати како подарок+ на асирскиот цар.  И асирскиот цар го послуша. Така асирскиот цар отиде во Дамаск,+ го освои+ и ги одведе неговите жители во изгнанство во Кир,+ а Ресин+ го погуби. 10  Тогаш цар Ахаз+ отиде во Дамаск за да се состане со Теглат-Феласар,+ асирскиот цар. Кога го виде жртвеникот+ што беше во Дамаск, цар Ахаз му испрати на свештеникот Урија нацрт од тој жртвеник и план со сите поединости на него.+ 11  Така свештеникот Урија+ го направи жртвеникот.+ Свештеникот Урија го направи точно по упатствата што му ги испрати од Дамаск цар Ахаз, пред да се врати цар Ахаз од Дамаск. 12  Кога се врати од Дамаск, царот го виде жртвеникот, му пристапи на жртвеникот+ и принесе жртви на него.+ 13  Ги изгоре+ својата жртва паленица+ и својата житна жртва,+ ја излеа својата жртва налевница+ и го попрска жртвеникот со крвта од жртвите на заедништвото што ги принесе. 14  А бакарниот жртвеник,+ кој беше пред Јехова, го тргна од неговото место пред домот, меѓу неговиот жртвеник и Јеховиниот дом,+ и го постави на северната страна од својот жртвеник. 15  И цар Ахаз му заповеда на свештеникот Урија:+ „На големиот жртвеник гори ги утринската жртва паленица+ и вечерната+ житна жртва, царевата+ жртва паленица и неговата житна жртва, жртвите паленици на целиот народ,* како и нивните житни жртви и жртви налевници. Попрскувај го со крвта на сите жртви паленици и на сите други жртви. А за бакарниот жртвеник уште ќе размислам“. 16  Свештеникот Урија+ направи сѐ како што му заповеда цар Ахаз.+ 17  Освен тоа, цар Ахаз ги исече+ на парчиња страниците+ на количките+ и ги тргна од количките големите садови за вода.+ А морето+ го симна од бакарните бикови+ што беа под него и го стави на каменен под. 18  Поради асирскиот цар, ги отстрани од Јеховиниот дом покриениот саботен* ходник, кој го беа изградиле во домот, и надворешниот пристап за царот. 19  Останатата историја на Ахаз и сѐ што направи тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 20  На крајот Ахаз почина кај своите прататковци и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град,+ а на негово место почна да владее неговиот син Езекија.+

Фусноти

Или: „Евреите“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Буквално: „сабатен“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.