Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 15:1-38

15  Во дваесет и седмата година од царувањето на Јеровоам над Израел, стана цар Азарија,+ синот на Амазија,+ царот на Јуда.  Имаше шеснаесет години кога почна да владее, и владееше педесет и две години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Ехолија и беше од Ерусалим.  Го правеше она што е исправно во Јеховини очи, сето она што го правеше и Амазија, неговиот татко.+  Единствено што не беа отстранети обредните височинки.+ На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+  А Јехова го удри царот со болест,+ па овој остана лепрозен+ до својата смрт. И живееше во својата куќа ослободен од должности,+ а Јотам,+ синот на царот, управуваше со дворецот и му судеше+ на народот.*  Останатата историја на Азарија и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда?  На крајот Азарија почина кај своите прататковци+ и го погребаа кај неговите прататковци во Давидовиот град, а на негово место почна да владее неговиот син Јотам.+  Во триесет и осмата година од царувањето на Азарија+ над Јуда, Захарија,+ синот на Јеровоам, стана цар на Израел во Самарија и владееше шест месеци.  Го правеше она што е зло во очите на Јехова, како што правеа и неговите прататковци.+ Не отстапи од гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 10  Тогаш Салум, синот на Јавис, скова заговор+ против него, го нападна+ во Ивлеам,+ па го уби и почна да владее наместо него. 11  Останатата историја на Захарија е запишана во летописите+ на израелските цареви. 12  Така се исполни речта+ што му ја кажа Јехова на Јуј:+ „Твоите синови+ ќе седат на престолот на Израел до четвртото колено“. Така и беше.+ 13  Салум, синот на Јавис, стана цар во триесет и деветтата година од царувањето на Озија+ над Јуда и владееше еден месец*+ во Самарија. 14  Тогаш Менаим,+ синот на Гади, дојде од Терса+ во Самарија, го нападна Салум,+ синот на Јавис, во Самарија, и го уби, па почна да владее наместо него. 15  Останатата историја на Салум и заговорот+ што го скова, сето тоа е запишано во летописите на израелските цареви. 16  Доаѓајќи од Терса, Менаим ја разурна Тифса, и сѐ што имаше во неа и на нејзиното подрачје. Ја разурна, затоа што не му ја отворија градската порта, и ги распори сите трудни жени во неа.+ 17  Во триесет и деветтата+ година од царувањето на Азарија над Јуда, Менаим, синот на Гади, стана цар на Израел и владееше десет години во Самарија. 18  Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Во целиот свој век не отстапи од ниту еден грев на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 19  А Фул,+ асирскиот+ цар, дојде во земјата. И Менаим му даде+ на Фул илјада таланти сребро+ за да му помогне да го утврди царството во својата рака.+ 20  Менаим го собра среброто од Израел, од сите смели и силни луѓе,+ и му даде на асирскиот цар педесет сикли* сребро по човек. Тогаш асирскиот цар се врати и не остана таму во земјата. 21  Останатата историја на Менаим+ и сѐ што правеше тој, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 22  На крајот Менаим почина кај своите прататковци, а на негово место почна да владее неговиот син Фекаја.+ 23  Во педесеттата година од царувањето на Азарија над Јуда, Фекаја, синот на Менаим, стана цар на Израел во Самарија и владееше две+ години. 24  Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Не отстапи од гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 25  Но тогаш неговиот аѓутант+ Фекај,+ синот на Ремалија, скова заговор+ против него и го уби во Самарија, во тврдината на царскиот дворец,+ заедно со Аргов и со Арие и со педесет луѓе од Галад. Го уби и почна да владее наместо него. 26  Останатата историја на Фекаја и сѐ што направи тој, сето тоа е запишано во летописите+ на израелските цареви. 27  Во педесет и втората година од царувањето на Азарија над Јуда, Фекај,+ синот на Ремалија,+ стана цар на Израел во Самарија и владееше дваесет години. 28  Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Не отстапи од гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ 29  Во времето на Фекај, израелскиот цар, дојде Теглат-Феласар,+ асирскиот цар,+ и ги освои Ијон,+ Авел-Вет-Маха,+ Јанох, Кедес,+ Асор,+ Галад+ и Галилеја,+ целата земја на Нефталим,+ и нивните жители ги одведе во изгнанство во Асирија.+ 30  Тогаш Осиј,+ синот на Ила, скова заговор+ против Фекај, синот на Ремалија, па го нападна+ и го уби. И почна да владее наместо него во дваесеттата година од царувањето на Јотам,+ синот на Озија. 31  Останатата историја на Фекај и сѐ што направи тој, сето тоа е запишано во летописите+ на израелските цареви. 32  Во втората година од царувањето на Фекај, синот на Ремалија, над Израел, стана цар Јотам,+ синот на Озија,+ царот на Јуда. 33  Имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Еруса, а му беше ќерка на Садок.+ 34  Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ Го правеше сето она што го правеше и Озија, неговиот татко.+ 35  Единствено што не беа отстранети обредните височинки. На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+ Тој ја изгради горната порта на Јеховиниот дом.+ 36  Останатата историја на Јотам и сѐ што направи тој, зар не е сето тоа запишано во летописите на царевите на Јуда?+ 37  Во тоа време, Јехова ги испрати+ против Јуда Ресин,+ сирискиот цар, и Фекај,+ синот на Ремалија. 38  На крајот Јотам почина кај своите прататковци и беше погребан кај своите прататковци во градот на Давид, својот прататко,+ а на негово место почна да владее неговиот син Ахаз.+

Фусноти

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Или: „еден лунарен месец“. Види го додатокот 14.
Види го додатокот 13.