Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 13:1-25

13  Во дваесет и третата година од царувањето на Јоас,+ синот на Охозија,+ над Јуда, Јоахаз,+ синот на Јуј,+ стана цар над Израел во Самарија и владееше седумнаесет години.  Го правеше она што е зло во Јеховини очи+ и се поведе* по гревовите на Јеровоам,+ синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел.+ Не отстапи од нив.  И Јехова пламна од гнев+ против Израел, па го предаде во рацете на Азаил,+ сирискиот цар, и во рацете на Вен-Адад,+ синот на Азаил.  Но Јоахаз го смилостиви*+ Јеховиното лице, и Јехова го услиши,+ зашто виде како е угнетуван Израел,+ бидејќи сирискиот цар го угнетуваше.+  Затоа Јехова му даде спасител+ на Израел, така што синовите на Израел се избавија од сириската рака и продолжија да живеат во своите домови како и порано.+  Но не отстапија од гревот на домот на Јеровоам со кој го наведе на грев Израел,+ туку упорно го правеа,*+ а обредниот дирек*+ стоеше во Самарија.  А на Јоахаз му останаа од војската само педесет коњаници, десет бојни коли и десет илјади пешаци,+ бидејќи сирискиот цар ја разби останатата војска+ и ја згази како прав при вршидба.+  А останатата историја на Јоахаз, сите негови дела и потфати, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви?  На крајот Јоахаз почина кај своите прататковци и го погребаа во Самарија,+ а на негово место почна да владее неговиот син Јоас.+ 10  Во триесет и седмата година од царувањето на Јоас над Јуда, Јоас,+ синот на Јоахаз, стана цар на Израел во Самарија и владееше шеснаесет години. 11  Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Не отстапи од ниту еден грев на Јеровоам, синот на Нават, со кои го наведе на грев Израел,+ туку продолжи да ги прави. 12  Останатата историја на Јоас, сите негови дела, неговите потфати и како војуваше со Амазија,+ царот на Јуда, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 13  На крајот Јоас почина кај своите прататковци, а Јеровоам*+ седна на неговиот престол. Јоас беше погребан во Самарија со израелските цареви.+ 14  Кога Елисеј+ се разболе од болест од која подоцна и умре,+ му дојде Јоас, израелскиот цар, и плачејќи над неговото лице му рече: „Татко мој,+ татко мој! Бојната кола на Израел и неговите коњаници!“+ 15  А Елисеј му рече: „Земи лак и стрели“. И тој зеде лак и стрели. 16  Тогаш му рече на израелскиот цар: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката на лакот, а Елисеј ги стави своите раце врз рацете+ на царот 17  и рече: „Отвори го прозорецот кон исток“. И тој го отвори. „Стрелај!“ — рече Елисеј. И тој стрелаше. Потоа рече: „Јеховината стрела на спасението, стрела што спасува+ од Сирија! Кај Афек+ потполно ќе ја поразиш Сирија!“ 18  Потоа рече: „Земи ги стрелите!“ И тој ги зеде. Тогаш му рече на израелскиот цар: „Удирај по земјата!“ Овој удри трипати, па престана.+ 19  Тогаш Божјиот човек+ се разлути на него и рече: „Требаше да удриш пет или шест пати! Тогаш ќе ја поразеше Сирија докрај, а вака ќе ја поразиш Сирија само трипати“.+ 20  Потоа Елисеј умре, и го погребаа.+ А чети од моавски+ разбојници+ ја напаѓаа земјата обично во почетокот на годината. 21  Еднаш, едни луѓе кога сакаа да погребат некој човек, здогледаа разбојници. Тие веднаш го фрлија мртовецот во гробот на Елисеј и заминаа. Кога се допре до коските на Елисеј, мртовецот веднаш оживеа+ и застана на нозе.+ 22  А Азаил,+ сирискиот цар, го угнетуваше+ Израел во сите денови на Јоахаз. 23  Но Јехова им се смилува+ и беше милосрден+ кон нив, па погледна на нив заради својот сојуз+ со Авраам,+ со Исак+ и со Јаков.+ Не сакаше да ги истреби+ и не ги отфрли од своето лице досега. 24  На крајот умре Азаил, сирискиот цар, а на негово место почна да владее неговиот син Вен-Адад. 25  И Јоас, синот на Јоахаз, ги врати од раката на Вен-Адад, синот на Азаил, градовите кои Азаил во војна му ги беше зел на Јоахаз, неговиот татко. Јоас го порази трипати и така ги врати израелските градови.+

Фусноти

Буквално: „одеше“.
Буквално: „омекна“.
Буквално: „туку одеа во него“.
Или: „ашерот“.
Станува збор за Јеровоам II.