Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 11:1-21

11  Кога виде дека син ѝ е мртов, Готолија,+ мајката на Охозија,+ стана и го погуби сиот царски род.+  Но Јосавеа,+ ќерката на цар Јорам, сестра на Охозија, го зеде Јоас,+ синот на Охозија, и го украде меѓу синовите на царот, кои требаше да бидат убиени, па него и неговата доилка ги скри+ од Готолија во спалната, и така не беше убиен.  Шест години остана скриен кај неа во Јеховиниот дом, додека Готолија владееше во земјата.+  А во седмата година, Јодај+ испрати по стотникот на Каријците+ и по заповедниците на останатата телесна стража,*+ па ги доведе кај себе во Јеховиниот дом. Со нив склучи сојуз+ и ги заколна+ во Јеховиниот дом, а потоа им го покажа царскиот син.  И им заповеда: „Вака ќе направите: една третина од вас ќе дојде во сабота* и ќе чува стража во царскиот дворец,+  една третина ќе биде кај Портата+ на темелот, а една третина кај портата што е зад телесната стража. И така, добро чувајте го домот+ наизменично.  Двете ваши групи, на кои службата им завршува во сабота, нека останат за да чуваат стража во Јеховиниот дом заради царот.  Опколете го царот, секој со оружјето в рака, и погубете го секого што ќе се обиде да помине низ вашите редови. Бидете со царот каде и да појде“.  Стотниците+ направија сѐ како што им заповеда свештеникот Јодај. Секој од нив ги зеде своите луѓе на кои службата им започнуваше во сабота и оние на кои им завршуваше во сабота,+ па дојдоа кај свештеникот Јодај. 10  Тогаш свештеникот им ги даде на стотниците копјата и тркалезните штитови на цар Давид, кои беа во Јеховиниот дом.+ 11  А телесните стражари+ стоеја секој со оружјето в рака, од десната* страна на домот до левата* страна на домот, кај жртвеникот+ и кај домот, така што го опколија царот. 12  Тогаш Јодај го изведе царскиот син,+ му стави круна*+ и го положи на него Сведоштвото.+ Така го поставија за цар+ и го помазаа.+ Плескајќи со рацете,+ извикуваа: „Да живее царот!“+ 13  А кога чу како луѓето трчаат и викаат, Готолија побрза кај народот во Јеховиниот дом.+ 14  Таму го здогледа царот како стои кај столбот+ според обичајот, и покрај царот заповедниците и трубачите,+ а сиот народ* се веселеше+ и трубеше во труби. Тогаш Готолија+ си ја раскина облеката и извика: „Заговор! Заговор!“+ 15  А свештеникот Јодај им заповеда на стотниците, на заповедниците на војската:+ „Изведете ја од своите редови и секој што ќе појде по неа нека биде погубен со меч!“+ Свештеникот, имено, беше наредил: „Нека не биде погубена во Јеховиниот дом!“ 16  Тие ја фатија и ја одведоа низ влезот за коњи+ до царскиот дворец,+ и таму ја погубија.+ 17  Тогаш Јодај склучи сојуз+ меѓу Јехова,+ царот+ и народот, дека народот ќе биде Јеховин народ, а и меѓу царот и народот.+ 18  Потоа целиот народ отиде во храмот на Ваал и ги урна неговите жртвеници.+ Неговите ликови сосема ги искрши,+ а Матан,+ свештеникот на Ваал, го погуби пред жртвениците.+ Потоа свештеникот постави надгледници над Јеховиниот дом.+ 19  И одреди стотниците, Каријците,+ останатата телесна стража+ и целиот народ да го доведат царот од Јеховиниот дом. Влегоа во царскиот дворец низ портата+ на телесната стража, и тој седна на царскиот престол.+ 20  И сиот народ се радуваше+ и градот беше во мир, а Готолија ја погубија со меч во царскиот дворец.+ 21  Јоас+ имаше седум години кога почна да владее.+

Фусноти

Или: „гласници“. Буквално: „тркачи“.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „јужната“, односно десна за набљудувачот што е свртен кон исток.
Или: „северната“, односно лева за набљудувачот што е свртен кон исток.
Или: „дијадема“.
„Народ“ (и во стихови 18-20) — буквално: „народ од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).