Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

2. Царевите 10:1-36

10  Ахав имаше седумдесет+ сина во Самарија.+ Затоа Јуј напиша писма и им ги испрати во Самарија на језраелските кнезови,+ на старешините+ и на старателите на Ахавовите деца и им порача:  „Сега, кога ќе ви стигне ова писмо — вам, кај кои се синовите на вашиот господар и кои ги имате бојните коли, коњите,+ утврдениот град и оружјето —  видете кој е најдобриот и најдостојниот од синовите на вашиот господар, па поставете го на престолот на неговиот татко+ и борете се за домот на својот господар!“  А тие многу се исплашија и рекоа: „Еве, два цара+ не можеа да дадат отпор, па како ќе можеме ние?“+  Затоа управителот на дворецот, заповедникот на градот, старешините и старателите+ му испратија одговор на Јуј: „Ние сме твои слуги и ќе направиме сѐ што ќе ни кажеш. Никого нема да го поставиме за цар. Направи го она што мислиш дека е добро“.  Потоа им напиша друго писмо и во него рече: „Ако сте мои+ и ако го слушате мојот глас, земете ги главите на синовите+ на својот господар и дојдете кај мене во Језраел+ утре во ова време“. А синовите на царот, седумдесетмина, беа кај угледни луѓе во градот, кои ги одгледуваа.  Кога им стигна писмото, тие ги зедоа синовите на царот и ги убија, сите седумдесет.+ Потоа ги ставија главите во кошници и му ги испратија во Језраел.  Дојде гласник+ и му јави: „Ги донесоа главите+ на царските синови“. А тој рече: „Ставете ги на два купа на градската порта, нека стојат до утрото“.+  Изутрината излезе, застана пред целиот народ и рече: „Вие сте праведни!+ Еве, јас сковав заговор+ против својот господар и го убив.+ Но кој ги уби сите овие? 10  Затоа, знајте дека нема да остане неисполнет* ниту еден збор од Јехова,+ кој Јехова го изрече против домот на Ахав!+ Јехова направи сѐ што кажа преку својот слуга Илија“.+ 11  И Јуј ги уби сите што преостанаа од домот на Ахав во Језраел, сите негови големци,+ сите негови познајници и сите негови свештеници,+ така што не остана ниту еден од неговите.+ 12  Потоа стана и тргна во Самарија. На патот поминуваше покрај овчарската куќа во која се врзуваа овци. 13  Таму Јуј наиде на браќата+ на Охозија,+ царот на Јуда. „Кои сте вие?“ — ги праша. А тие одговорија: „Ние сме браќата на Охозија и одиме да се распрашаме дали се добро синовите на царот и синовите на царицата-мајка“. 14  Тогаш нареди: „Фатете ги живи!“+ И ги фатија живи, па ги убија крај бунарот* до куќата во која се врзуваа овци, нив четириесет и двајца. Не остави жив ниту еден.+ 15  Кога си отиде оттаму, наиде на Јонадав,+ синот на Рихав,+ кој му излезе во пресрет. Откако го благослови,+ го праша: „Дали си со мене со сето срце како што сум јас со тебе со сето срце?“+ А Јонадав одговори: „Да!“ „Ако си, тогаш подај ми рака!“ И му ја подаде раката, а тој го зеде со себе во колата.+ 16  И рече: „Појди со мене и ќе видиш дека нема да дозволам некој да му биде соперник+ на Јехова!“ Така се одвезе со него во неговата бојна кола. 17  Кога дојде во Самарија, почна да ги убива сите од домот на Ахав, кои уште преостанаа во Самарија, додека не ги истреби,+ според речта што Јехова му ја кажа на Илија.+ 18  Потоа Јуј го собра целиот народ и му рече: „Ахав премалку го почитуваше* Ваал.+ Јуј ќе го почитува повеќе. 19  Затоа сега викнете ги кај мене сите пророци+ на Ваал, сите негови слуги*+ и сите негови свештеници!+ Нека не изостане ниту еден, зашто ќе му принесам на Ваал голема жртва. Кој ќе изостане, нема да остане жив!“ А Јуј постапуваше лукаво,+ зашто сакаше да ги истреби сите слуги на Ваал. 20  Потоа Јуј рече: „Објавете дека ќе има свечен собир во чест на Ваал!“ И тие објавија. 21  Потоа Јуј испрати гласници по целиот Израел,+ па дојдоа сите слуги на Ваал, не изостана ниту еден. Пристигнуваа во храмот на Ваал, така што храмот на Ваал+ се наполни од едниот крај до другиот. 22  Тогаш му рече на чуварот на облеката: „Изнеси облека за сите слуги на Ваал!“ И тој им ја изнесе облеката. 23  Потоа Јуј влезе во храмот на Ваал заедно со Јонадав,+ синот на Рихав, и им рече на слугите на Ваал: „Погледнете внимателно за да не е меѓу вас некој од слугите на Јехова, туку да бидат само слугите на Ваал!“+ 24  И така дојдоа да принесат жртви паленици и други жртви, а Јуј постави надвор осумдесет свои луѓе, велејќи: „Ако побегне некој од овие луѓе што ги предавам во ваши раце, со својата душа ќе платите за неговата душа“.+ 25  Кога заврши со принесувањето на жртвата паленица, Јуј им нареди на царската телесна стража* и на аѓутантите: „Влезете и убијте ги! Не дозволувајте да излезе ниту еден!“+ Така стражарите и аѓутантите+ ги убија со сечилото на мечот и ги нафрлаа надвор. Продреа дури до светилиштето* на храмот на Ваал. 26  Ги изнесоа обредните столбови+ од храмот на Ваал и сите ги изгореа.+ 27  Потоа го урнаа обредниот столб на Ваал+ и го разурнаа храмот на Ваал,+ па го претворија во нужник,+ кој постои до ден-денес. 28  Така Јуј го истреби Ваал од Израел. 29  Но Јуј не отстапи од гревот на Јеровоам,+ синот на Нават, со кој го наведе на грев Израел,+ имено, продолжи да ги почитува златните телиња.+ Едното теле беше во Ветил, а другото во Дан.+ 30  И Јехова му рече на Јуј: „Затоа што постапуваше добро, правејќи го она што е исправно во мои очи,+ и го изврши врз домот на Ахав сето она што ми беше во срцето,+ твоите синови ќе седат на престолот на Израел до четвртото колено“.+ 31  Но Јуј не се трудеше да постапува* со сето срце според законите на Јехова, Богот на Израел.+ Не отстапи од гревот на Јеровоам, со кој го наведе на грев Израел.+ 32  Во тоа време Јехова почна да ја распарчува земјата на Израел. И Азаил+ ги напаѓаше на целото подрачје на Израел, 33  од Јордан кон исток, целата галадска земја,+ племето на Гад,+ на Рувим+ и на Манасија,+ од Ароир,+ кој лежи на работ од долината на Арнон, и Галад и Васан.+ 34  А останатата историја на Јуј, сите негови дела и сите негови потфати, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 35  На крајот Јуј почина кај своите прататковци+ и го погребаа во Самарија, а на негово место почна да владее неговиот син Јоахаз.+ 36  Јуј владееше над Израел во Самарија дваесет и осум години.

Фусноти

Буквално: „дека нема да падне на земја“.
Или: „резервоарот“.
Или: „обожаваше“.
Или: „сите што го обожаваат“.
Или: „гласниците“. Буквално: „тркачите“.
Буквално: „градот“. Веројатно тоа се однесува на градба што била слична на тврдина.
Буквално: „да оди“.