Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Тимотеј 3:1-17

3  А ова знај го: во последните денови+ ќе настанат особено тешки времиња.+  Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите,+ неблагодарни, нелојални,+  бесчувствителни кон другите,*+ неспремни за каков и да било договор,+ клеветници,+ без самосовладување, сурови,+ без љубов кон добротата,+  предавници,+ своеглави, горди,+ повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог,+  и на изглед ќе бидат богобојазливи,+ но нема да живеат богобојазливо.+ Од таквите бегај!+  Зашто, од нив доаѓаат оние што лукаво се вовлекуваат во куќите+ и ги заробуваат слабите жени оптоварени со гревови, водени од разни желби,+  кои секогаш учат, но никако добро да ја запознаат* вистината.+  И како што Јаниј и Јамвриј+ му се противеа на Мојсеј, така и овие ѝ се противат на вистината.+ Тоа се луѓе со потполно расипан ум,+ за кои нема место меѓу вистинските верници.+  Но нема повеќе да напредуваат, зашто нивното безумие ќе стане видливо за сите, како што стана видливо и безумието на оние двајца мажи.+ 10  А ти добро ги запозна моето учење, мојот начин на живот,+ мојата животна цел, мојата вера, мојата долготрпеливост, мојата љубов, мојата истрајност, 11  моите прогонства, моите страдања, она што ми се случи во Антиохија,+ во Иконија,+ во Листра,+ прогонствата што ги поднесов. Но Господарот ме избави од сите нив.+ 12  И сите што сакаат да живеат оддадено на Бог во единство со Христос Исус, ќе бидат прогонувани.+ 13  А злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо. Ќе заведуваат други, а и самите ќе бидат заведени.+ 14  Но ти остани во она што си го научил и во кое си се уверил,+ бидејќи знаеш од кого си го научил сето тоа+ 15  и дека од рано детство+ ги познаваш светите списи, кои можат да те направат мудар за да добиеш спасение+ преку верата која е во Христос Исус.+ 16  Целото Писмо е вдахновено од Бог+ и корисно за поучување,+ за укорување,+ за поправање,+ за воспитување*+ во праведноста, 17  за да биде Божјиот човек вистински способен+ и потполно опремен за секое добро дело.+

Фусноти

Или: „без љубов кон членовите на семејството“.
„Добро да ја запознаат“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.