Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Тимотеј 1:1-18

1  Павле — по Божја волја апостол на Христос Исус,+ според ветувањето за живот,+ кој е во Христос Исус+  до Тимотеј, саканиот син:+ Незаслужената доброта, милосрдието и мирот од Бог, Таткото, и од Христос Исус, нашиот Господар* нека бидат со тебе!+  Му благодарам за тебе на Бог, кому му служеа моите прататковци,+ а кому му служам и јас*+ со чиста совест,+ и секогаш се сеќавам на тебе во моите сесрдни молитви.+ Ноќ и ден  копнеам да те видам,+ сеќавајќи се на твоите солзи, за да се исполнам со радост.  Се сеќавам на твојата нелицемерна вера,+ вера која најпрвин ја имаа твојата баба Лоида и твојата мајка Евника, а која, уверен сум, ја имаш и ти.  Затоа те потсетувам да го разгориш+ Божјиот дар,+ кој го прими откако положив раце врз тебе.+  Зашто, Бог не ни даде дух кој нѐ прави плашливи,+ туку дух кој ни дава сила,+ љубов и разборитост.+  Затоа немој да се срамиш од сведоштвото за нашиот Господар,+ ниту од мене, затвореникот поради него,+ туку биди спремен и ти да поднесуваш зло+ заради добрата вест, потпирајќи се на силата од Бог.+  Тој нѐ спаси+ и нѐ повика со свет позив,+ не поради нашите дела,+ туку поради својата намера и незаслужена доброта, која уште од дамнешни времиња ни беше дадена во Христос Исус,+ 10  а е објавена сега, кога се појави+ нашиот Спасител, Христос Исус, кој ја укина смртта,+ а ги осветли+ животот+ и нераспадливоста+ преку добрата вест,+ 11  за која сум поставен како проповедник и апостол и учител.+ 12  Поради тоа и го трпам ова,+ но не се срамам,+ бидејќи го знам оној кому му поверував и уверен сум дека тој може да го чува она што му го доверив+ до оној ден.+ 13  Како пример нека ти бидат здравите зборови+ што ги слушна од мене со вера и љубов, кои се во Христос Исус.+ 14  Ова богатство што ти е доверено+ чувај го со помош на светиот дух, кој престојува во нас.+ 15  Знаеш дека во Азија*+ сите се одвратија од мене+ — меѓу нив и Фигел и Ермоген. 16  Господарот нека покаже милосрдие кон домот на Онисифор,+ зашто честопати знаеше да ме зајакне,+ и не се срамеше од моите синџири.+ 17  Напротив, кога беше во Рим, грижливо ме побара и ме најде.+ 18  Господарот Јехова нека покаже милосрдие кон него+ во оној ден!+ А ти добро ги знаеш сите служби што ги вршеше тој во Ефес.

Фусноти

Види го додатокот 11.
Или: „кому му вршеа света служба (...) кому му вршам света служба и јас“.
Види ја фуснотата за Де 2:9.