Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Солуњаните 3:1-18

3  И на крајот, браќа, молете се за нас,+ за Јеховината реч+ брзо да се шири+ и да се слави, исто како кај вас,  и да бидеме избавени од расипани и зли луѓе,+ зашто сите немаат вера.+  Но Господарот* е верен и тој ќе ве зацврсти и ќе ве чува од Злобниот.+  А како следбеници на Господарот имаме доверба+ во вас дека го правите и дека ќе го правите она што ви го заповедаме.+  Господарот нека ви ги насочува срцата кон љубовта+ кон Бог и кон истрајноста,+ која ви е потребна додека му служите на Христос.  Ви заповедаме,+ браќа, во името на Господарот Исус Христос, да се тргате+ од секој брат што живее* неуредно,+ а не според преданието што го примивте од нас.+  Зашто, сами знаете на кој начин треба да се угледате на нас,*+ бидејќи, додека бевме меѓу вас, не живеевме неуредно,+  ниту, пак, бадијала јадевме нечиј леб.+ Напротив, дење и ноќе тешко и напорно работевме+ за да не му бидеме товар никому од вас.+  Не затоа што не би имале право на тоа,+ туку за да ви послужиме како пример кој треба да го следите.*+ 10  Навистина, кога бевме со вас, ви заповедавме:+ „Ако некој не сака да работи, нека и не јаде!“+ 11  Зашто, слушаме дека некои од вас живеат* неуредно,+ дека ништо не работат, туку се мешаат во она што не ги засега.+ 12  На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господарот Исус Христос да работат во мир и да го јадат лебот што самите го заработуваат.+ 13  А вие, браќа, не изморувајте се од правењето на она што е исправно.+ 14  А ако некој не го послуша она што го рековме+ во ова писмо, обележете го,+ не дружете се повеќе со него,+ за да се посрами.+ 15  Но немојте да го сметате за непријател, туку опоменувајте го+ како брат. 16  И самиот Господар на мирот нека ви даде мир секогаш и на секаков начин.+ Господарот нека биде со сите вас. 17  Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со сопствена рака.+ Тоа е мојот знак во секое писмо — вака пишувам јас. 18  Незаслужената доброта+ на нашиот Господар Исус Христос нека биде со сите вас.

Фусноти

Види го додатокот 11.
Буквално: „оди“.
Или: „како треба да нѐ имитирате“.
Или: „што треба да го имитирате“.
Буквално: „одат“.