Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Солуњаните 2:1-17

2  А што се однесува до присутноста*+ на нашиот Господар* Исус Христос и до нашето собирање кај него,+ ве молиме, браќа,  не дозволувајте брзо да бидете расколебани во своето расудување, ниту да се вознемирувате од некоја вдахновена изјава,+ ниту од некој збор,+ ниту од некое наводно наше писмо+ во врска со тоа дека Јеховиниот ден+ веќе е тука.  Никој нека не ве заведе на каков и да е начин, зашто тој ден нема да дојде додека најнапред не дојде отпадништвото+ и не се открие+ човекот на беззаконието,+ синот на пропаста.+  Тој е противник+ и се возвишува над секој што се нарекува „бог“ или е почитуван, па седи во Божјиот храм, прикажувајќи се како бог.+  Не се сеќавате ли дека тоа ви го зборував уште додека бев со вас?+  И така, сега знаете+ што го задржува,+ за да биде откриен дури во свое време.+  Навистина, тајната на ова беззаконие веќе дејствува,+ но ќе остане тајна само додека не биде отстранет оној што сега го задржува.+  Тогаш ќе биде откриен беззаконикот. Него Господарот Исус ќе го убие со здивот* на својата уста+ и ќе го уништи со покажувањето+ на својата присутност.+  Но присутноста на беззаконикот, која Сатана ја овозможува со своето дејствување,+ проследена е со секое моќно дело* и со лажни чудесни знаци и предзнаци+ 10  и со секаква неправда и измама.+ Сето тоа е наменето за оние што заминуваат во пропаст,+ затоа што не ја прифатија љубовта+ кон вистината за да се спасат.+ 11  И затоа Бог допушта врз нив да дејствува заблудата, за да ѝ поверуваат на лагата,+ 12  за да бидат осудени сите тие бидејќи не ѝ веруваа на вистината,+ туку ја сакаа неправдата.+ 13  А ние сме должни секогаш да му благодариме на Бог за вас, браќа сакани од Јехова, бидејќи Бог, поради вашата вера во вистината,+ од почетокот ве избра+ за спасение со тоа што ве посвети+ со дух.+ 14  На тоа спасение ве повика преку добрата вест што ја објавуваме,+ за да ја постигнете славата на нашиот Господар Исус Христос.+ 15  Затоа, браќа, бидете непоколебливи+ и држете се за преданијата+ за кои бевте поучени, било со збор било преку наше писмо. 16  И самиот наш Господар, Исус Христос, и Бог, нашиот Татко, кој нѐ сакаше+ и преку својата незаслужена доброта ни даде вечна утеха и прекрасна надеж,+ 17  нека ги утешат вашите срца и нека ве зацврстат во секое добро дело и збор.+

Фусноти

Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види го додатокот 11.
Буквално: „со духот“.
Или: „со секое чудо“.