Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Солуњаните 1:1-12

1  Павле, Силван и Тимотеј+ до собранието* на Солуњаните, кое е во единство со Бог, нашиот Татко, и со Господарот Исус Христос:  Бог, Таткото, и Господарот* Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта и мир!+  Должни сме секогаш да му благодариме на Бог за вас,+ браќа, како што прилега, зашто вашата вера сѐ повеќе расте+ и кај сите вас се продлабочува меѓусебната љубов.+  Затоа меѓу Божјите собранија се гордееме со вас+ поради вашата истрајност и вера во сите ваши прогонства и неволји што ги поднесувате.+  Сето тоа е доказ дека Бог праведно суди+ и дека ќе бидете прогласени за достојни за Божјето царство,+ за кое и страдате.+  Зашто, праведно е Бог да им ја врати неволјата на оние што ви нанесуваат неволја,+  а вам, кои трпите неволја, да ви донесе олеснување, како и нам, кога од небото ќе се појави+ Господарот Исус со своите моќни ангели+  во распламтен оган, и кога ќе изврши одмазда+ над оние што не го познаваат Бог+ и не ѝ се покоруваат+ на добрата вест за нашиот Господар Исус.+  Тие ќе бидат казнети+ со вечно уништување+ и така ќе бидат оддалечени од лицето на Господарот и од неговата славна моќ,+ 10  кога тој ќе дојде да биде прославен со своите свети+ и во тој ден да му се восхитуваат сите кои поверувале, бидејќи меѓу вас му поверуваа на нашето сведоштво. 11  Затоа и се молиме секогаш за вас, нашиот Бог да ве смета за достојни за својот позив+ и со својата сила потполно да го изврши сето добро што му е по волја, и да го доврши делото што го правите поттикнати од вера, 12  за името на нашиот Господар Исус да се прослави во вас+ и вие во единство+ со него, според незаслужената доброта+ на нашиот Бог и на нашиот Господар Исус Христос.

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види го додатокот 11.