Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 9:1-13

9  Еден ден Давид праша: „Има ли уште некој жив од домот на Саул за да му направам добро*+ поради Јонатан?“+  А во Сауловиот дом имаше еден слуга, кој се викаше Сива,+ кого го повикаа кај Давид. И царот го праша: „Ти ли си Сива?“ А тој му одговори: „Јас сум, твој слуга сум!“  Потоа царот рече: „Нема ли уште некој од домот на Саул за да му направам добро* како што и Бог сака?“+ А Сива му одговори на царот: „Има уште еден син на Јонатан, сакат на двете нозе“.+  Тогаш царот го праша: „Каде е тој?“ А Сива му одговори на царот: „Ене го во куќата на Махир,+ синот на Амил, во Ло-Девар“.+  Така цар Давид испрати слуги да го доведат од куќата на Махир, синот на Амил, во Ло-Девар.  Кога Мефивостеј, синот на Јонатан, син на Саул, дојде кај Давид, падна ничкум, со лицето до земја.+ А Давид рече: „Мефивостеј!“ Тогаш тој му одговори: „Еве го твојот слуга!“  Давид потоа му рече: „Не плаши се, зашто ќе ти направам добро*+ поради твојот татко Јонатан!+ Ќе ти ги вратам сите ниви+ на дедо ти Саул, а ти секогаш ќе јадеш на мојата трпеза“.+  Тогаш Мефивостеј падна ничкум и рече: „Што е твојот слуга, та си погледнал на мртов пес+ каков што сум јас?“  Тогаш царот го повика Сива, слугата на Саул, и му рече: „Сѐ што му припаѓаше на Саул и на целиот негов дом сега му го давам+ на внукот на твојот господар. 10  А ти со своите синови и со своите слуги ќе му ја обработуваш земјата. Ќе го собираш родот за да има храна да јаде семејството на внукот на твојот господар. А Мефивостеј, внукот на твојот господар, секогаш ќе јаде на мојата трпеза“.+ А Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги.+ 11  Тогаш Сива му рече на царот: „Твојот слуга ќе направи сѐ што мојот господар, царот, му заповеда на својот слуга. А Мефивостеј+ ќе јаде на мојата трпеза* како еден од царските синови“. 12  Мефивостеј имаше еден мал син, кој се викаше Миха,+ а сите што живееја во куќата на Сива му беа слуги на Мефивостеј. 13  И Мефивостеј живееше во Ерусалим, зашто секогаш јадеше на царската трпеза.+ А беше сакат на двете нозе.+

Фусноти

Или: „да му покажам лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „да му покажам лојална љубов“.
Или: „ќе ти покажам лојална љубов“.
Некои сметаат дека текстот треба да гласи „на трпезата на Давид“, како што го преведува и Септуагинтата. Сириската Пешита го преведува „на царската трпеза“. Други сметаат дека Сива, всушност, ги повторил Давидовите зборови.