Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 6:1-23

6  Еден ден Давид пак ги собра сите одбрани луѓе во Израел,+ триесет илјади.  Потоа Давид стана со сите луѓе што беа со него и тргна во Ваал-Јуда+ за да го донесе оттаму ковчегот+ на вистинскиот Бог, кој го носи името+ Јехова над војските,+ кој седи над херувими.*+  Ковчегот на вистинскиот Бог го ставија на нова кола+ за да го одвезат од куќата на Авинадав,+ која се наоѓаше на ридот. А Уза и Ахио,+ синови на Авинадав, управуваа со колата.  Така го одвезоа ковчегот на вистинскиот Бог од куќата на Авинадав, која се наоѓаше на ридот, а Ахио одеше пред ковчегот.  Давид и целиот Израелов дом се веселеа пред Јехова свирејќи на секакви инструменти направени од смрековина, на харфи+ и на псалтири,+ на дајриња,+ ѕвечала и на чинели.+  Кога дојдоа до гумното на Нахон,* Уза+ посегна со раката и го фати ковчегот на вистинскиот Бог,+ зашто говедата за малку ќе го превртеа.  Но тогаш Јехова пламна од гнев+ против Уза и вистинскиот Бог го удри на место+ затоа што не покажа почит, така што тој умре таму, покрај ковчегот на вистинскиот Бог.+  А Давид се разгневи поради тоа што Јехова во својот гнев го уби Уза. Тоа место го доби името Фарес-Уза,* и така се вика до ден-денес.+  Во тој ден Давид се уплаши од Јехова+ и си помисли: „Како ќе дојде кај мене Јеховиниот ковчег?“+ 10  И Давид не сакаше да го пресели Јеховиниот ковчег кај себе во Давидовиот град,+ туку нареди да се смести во куќата на Овид-Едом+ од Гат.+ 11  Така Јеховиниот ковчег остана во куќата на Овид-Едом од Гат три месеци, и Јехова го благослови+ Овид-Едом и целиот негов дом.+ 12  На крајот вака му јавија на Давид: „Јехова го благослови домот на Овид-Едом и сѐ што има поради ковчегот на вистинскиот Бог“. Тогаш Давид отиде со голема веселба да го пренесе ковчегот на вистинскиот Бог од куќата на Овид-Едом во Давидовиот град.+ 13  Кога оние што го носеа+ Јеховиниот ковчег направија шест чекори, тој принесе за жртва еден јунец и едно згоено теле.+ 14  Давид играше со сета сила пред Јехова, а беше опашан со ленен ефод.+ 15  Така Давид и сиот Израелов дом одеа по Јеховиниот ковчег+ и радосно извикуваа+ и трубеа во рог.+ 16  А кога Јеховиниот ковчег влегуваше во Давидовиот град, Сауловата ќерка Михала+ гледаше низ прозорецот и го виде цар Давид како скока и игра пред Јехова. И го презре+ во своето срце.+ 17  И го внесоа Јеховиниот ковчег и го поставија на неговото место во шаторот што Давид го подигна за него.+ Потоа Давид принесе пред Јехова жртви паленици+ и жртви на заедништвото.+ 18  Кога ги принесе жртвите паленици и жртвите на заедништвото, Давид го благослови+ народот во името на Јехова+ над војските. 19  Потоа му раздели+ на сиот народ, на сето мноштво на Израел, на мажите и на жените, секому по еден тркалезен леб, како и урми и суво грозје.+ Потоа сиот народ си отиде, секој во својата куќа. 20  Кога Давид се врати за да го благослови својот дом,+ Сауловата ќерка Михала+ му излезе во пресрет на Давид и му рече: „Колку се прослави денес Израеловиот цар+ кога се откри пред робинките на своите слуги како што се откриваат безумни луѓе!“+ 21  Тогаш Давид ѝ одврати на Михала: „Го направив тоа пред Јехова, кој ме избра мене наместо татко ти и наместо целиот негов дом и ме постави за водач+ на Јеховиниот народ, Израел. Ќе се веселам пред Јехова+ 22  и уште повеќе ќе се понижам+ и ќе бидам незначителен во свои очи, а пред оние робинки за кои зборуваш, пред нив ќе се прославам“.+ 23  И Михала,+ ќерката на Саул, немаше деца до денот на својата смрт.

Фусноти

Херувими се ангели на висока положба.
Во 1Ле 13:9 „Хидон“.
„Фарес-Уза“ значи „излив [на гнев] врз Уза“.