Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 5:1-25

5  По некое време сите Израелови племиња дојдоа кај Давид+ во Хеврон+ и му рекоа: „Еве, ние сме твоја коска и твое месо.+  И порано,+ додека Саул уште беше цар над нас, ти го водеше Израел во воени походи.+ Јехова ти рече: ‚Ти ќе му бидеш пастир+ на мојот народ Израел и ти ќе му бидеш водач+ на Израел‘ “.  Така сите старешини+ на Израел дојдоа кај царот во Хеврон, и цар Давид склучи со нив сојуз+ во Хеврон пред Јехова. Потоа го помазаа+ Давид за цар на Израел.+  Давид имаше триесет години кога стана цар, а царуваше четириесет години.+  Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци,+ а во Ерусалим+ царуваше над целиот Израел и над Јуда триесет и три години.  И царот со своите луѓе тргна против Ерусалим, против Евусејците,+ кои живееја во таа земја. А тие му порачаа на Давид: „Нема да влезеш ваму! Слепите и куците ќе те истераат!“+ Со тоа сакаа да кажат: „Давид нема да влезе ваму“.  Но Давид сепак ја освои тврдината Сион,+ односно Давидовиот град.+  И во тој ден Давид рече: „Кој ќе тргне во напад на Евусејците,+ нека помине низ тунелот за вода+ и нека ги нападне тие куци и слепи, кои ги мрази душата на Давид!“ Затоа се вели: „Слепите и куците нека не влегуваат во домот!“  И Давид се насели во тврдината, која го доби името Давидов град. Тогаш Давид почна да подига градби секаде наоколу, од Мило*+ кон внатрешноста. 10  И Давид стануваше сѐ посилен,+ а Јехова, Богот над војските,+ беше со него.+ 11  А Хирам,+ тирскиот цар, испрати гласници+ кај Давид, а со нив и кедрово дрво,+ дрводелци и ѕидари што работеа со камен, и тие почнаа да градат дворец за Давид.+ 12  И Давид сфати дека Јехова го утврди за цар на Израел+ и дека го возвиши+ неговото царство заради својот народ Израел.+ 13  По доаѓањето од Хеврон, Давид зеде уште наложници*+ и жени+ од Ерусалим. Така на Давид му се родија уште синови и ќерки. 14  Ова се имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Самуј,+ Совав,+ Натан,+ Соломон,+ 15  Евар, Елисуа,+ Нефег,+ Јафија,+ 16  Елисама,+ Елијад и Елифелет.+ 17  Филистејците чуја дека Давид е помазан за цар на Израел,+ па сите излегоа да го бараат Давид. Кога чу за тоа, Давид отиде на скришно место.+ 18  А Филистејците дојдоа и почнаа да талкаат по рефаимската долина.+ 19  И Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да ги нападнам Филистејците? Ќе ги предадеш ли во мои раце?“ А Јехова му одговори на Давид: „Оди, зашто ќе ги предадам Филистејците во твои раце!“+ 20  Тогаш Давид дојде во Ваал-Ферасим+ и таму ги погуби, па рече: „Јехова продре пред мене низ редовите на моите непријатели+ како што вода продира низ насип“. Затоа местото го нарече Ваал-Ферасим.*+ 21  А Филистејците ги оставија таму своите идоли,+ така што Давид и неговите луѓе ги однесоа.+ 22  По некое време, Филистејците пак дојдоа+ и почнаа да талкаат по рефаимската долина.+ 23  Тогаш Давид пак побара совет+ од Јехова, а тој му одговори: „Немој да одиш пред нив, туку појди им од зад грб, па удри на нив од онаа страна каде што има грмушки бака.*+ 24  Кога ќе чуеш топот на чекори во врвовите на грмушките бака, веднаш тргни решително,+ зашто тогаш Јехова ќе оди пред тебе за да ја погуби филистејската војска!“+ 25  И Давид направи како што му заповеда Јехова+ и ги погуби+ Филистејците од Гева*+ дури до Гезер.+

Фусноти

Или: „Ридот“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
„Ваал-Ферасим“ значи „господар на продирањето, пробојот“.
Името бака е транслитерација на хебрејски збор. Не е познато на кој вид грмушки се однесува.
Во 1Ле 14:16 „Гаваон“.