Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 4:1-12

4  Кога Сауловиот син+ чу дека Авенир загинал во Хеврон,+ рацете му малаксаа+ и сиот Израел се вознемири.  А Сауловиот син имаше двајца луѓе кои заповедаа со разбојнички дружини.+ Едниот се викаше Вана, а другиот Рихав. Му беа синови на Римон од Веерот, од племето на Венијамин, зашто и Веерот+ му припаѓаше на Венијамин.  Жителите на Веерот побегнаа во Гитаим,+ каде што останаа како дојденци до денешен ден.  А Јонатан,+ синот на Саул, имаше син сакат на двете нозе.+ Детето имаше пет години кога од Језраел+ дојде глас за Саул и за Јонатан. Неговата негувателка го зеде и избега, но додека набрзина бегаше од страв, тој падна и остана сакат. Името му беше Мефивостеј.+  И синовите на Римон од Веерот, Рихав и Вана, станаа и дојдоа до куќата на Исвостеј+ во најголемата дневна горештина, кога тој почиваше на пладне.  И влегоа во куќата небаре да земат пченица, и тогаш му забија меч во стомакот.+ Потоа Рихав и неговиот брат Вана+ незабележано избегаа.  Кога влегоа во куќата, тој лежеше на постелата во својата спална. Тие го нападнаа и го убија,+ па му ја отсекоа главата.+ Потоа му ја зедоа главата и цела ноќ одеа по патот низ Араба.  И му ја донесоа Исвостеевата+ глава на Давид во Хеврон, па му рекоа на царот: „Еве ја главата на Исвостеј, синот на Саул, твојот непријател,+ кој ја бараше твојата душа.+ Јехова денес им се одмазди+ на Саул и на неговото потомство поради нашиот господар, царот“.  Но Давид им одгорови на Рихав и на неговиот брат Вана, синови на Римон од Веерот, и им рече: „Како што е жив Јехова,+ кој ја избави+ мојата душа+ од сите неволји,+ 10  ако наредив да го фатат и да го погубат+ во Сиклаг оној што ми јави+ дека Саул е мртов и мислеше дека ми носи добра вест, и така му платив за неговата вест, 11  што ли ќе им направам на злосторниците+ што убиле праведен човек во неговата куќа, на неговата постела? Зар сега да не ја барам неговата крв од ваши раце+ и да не ве истребам од земјата?“+ 12  Тогаш Давид им заповеда на своите луѓе да ги погубат.+ Потоа им ги отсекоа рацете и нозете, па ги обесија+ кај езерцето во Хеврон. А главата на Исвостеј ја зедоа и ја закопаа во гробот на Авенир во Хеврон.+

Фусноти