Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 3:1-39

3  Војната меѓу Сауловиот и Давидовиот дом траеше уште долго време.+ Давид стануваше сѐ посилен,+ а Сауловиот дом стануваше сѐ послаб.+  А на Давид му се родија синови+ во Хеврон.+ Првенец му беше Амнон+ од Језраелката Ахиноама,+  вториот му беше Хилеав+ од Авигеја,+ жената на Навал од Кармил, третиот му беше Авесалом,+ синот на Мааха, ќерка на гесурскиот цар Талмај,+  четвртиот Адонија,+ синот на Агита,+ петтиот Сефатија,+ синот на Авитал,  и шестиот Итрам,+ од Давидовата жена Егла. Тие му се родија на Давид во Хеврон.  И додека траеше војната меѓу Сауловиот и Давидовиот дом, Авенир+ сѐ повеќе ја зацврстуваше својата положба во Сауловиот дом.  А Саул имаше наложница,* која се викаше Рисфа+ и беше ќерка на Аја.+ Еден ден Исвостеј+ го праша Авенир: „Зошто легна со наложницата+ на мојот татко?“  А Авенир многу се разгневи+ на зборовите на Исвостеј, па му рече: „Зар сум јас кучешка+ глава во Јуда? До денес му бев оддаден* на домот на твојот татко Саул, на неговите браќа и на неговите пријатели, и не дозволив да паднеш во рацете на Давид, а ти сега ме обвинуваш за грев поради една жена!  Затоа Бог нека му направи така на Авенир, и уште нека му додаде,+ ако не му го направам на Давид она за кое му се заколна Јехова+ 10  дека ќе му го одземе царството на Сауловиот дом и дека ќе го зацврсти Давидовиот престол над Израел и над Јуда од Дан до Вирсавеја!“+ 11  И тој не се осмели да му одговори на Авенир ниту еден збор, зашто се плашеше од него.+ 12  А Авенир веднаш испрати гласници кај Давид и му порача: „Чија е земјата?“ И уште рече: „Склучи сојуз со мене и, еве, мојата рака ќе биде со тебе, и ќе го свртам кон тебе целиот Израел!“+ 13  А тој му одговори: „Добро, ќе склучам сојуз со тебе. Само едно барам од тебе: не доаѓај пред мене ако не ја доведеш со себе Михала,+ ќерката на Саул, кога ќе дојдеш да го видиш моето лице!“+ 14  Освен тоа, Давид испрати гласници кај Исвостеј,+ Сауловиот син, и му порача: „Врати ми ја мојата жена Михала, која ја испросив за сто филистејски обрешки!“+ 15  И Исвостеј испрати по неа и ја зеде од нејзиниот маж Фалтиил,*+ синот на Лаиш. 16  А нејзиниот маж тргна по неа и ја следеше плачејќи дури до Бахурим.+ Тогаш Авенир му рече: „Оди, врати се назад!“ И тој се врати. 17  А Авенир веќе имаше испратено гласници кај Израеловите старешини и им порача: „И порано+ сакавте да го поставите Давид за свој цар. 18  Направете го тоа сега, зашто Јехова му рече на Давид: ‚Со раката на Давид,+ својот слуга, ќе го избавам својот народ Израел од раката на Филистејците и од раката на сите негови непријатели‘ “. 19  Така Авенир им зборуваше и на синовите на Венијамин,+ а потоа Авенир отиде и во Хеврон за да му јави на Давид за сѐ што сакаат Израел и целиот дом на Венијамин. 20  Кога Авенир дојде со дваесет луѓе кај Давид во Хеврон, Давид им приреди гозба+ на Авенир и на луѓето што беа со него. 21  Тогаш Авенир му рече на Давид: „Дозволи ми да станам и да одам да го соберам целиот Израел околу својот господар, царот, за да склучи сојуз со тебе! И ќе царуваш над сѐ што ти сака душата“.+ Така Давид го отпушти Авенир, и тој си отиде во мир.+ 22  И гледај, Давидовите слуги и Јоав се враќаа од воен поход и со себе носеа богат плен.+ А Авенир повеќе не беше кај Давид во Хеврон, зашто Давид го беше отпуштил да си оди во мир. 23  Кога стигнаа Јоав+ и целата војска што беше со него, му јавија на Јоав: „Авенир,+ синот на Нир,+ беше кај царот, и царот го пушти да си оди во мир“. 24  Тогаш Јоав дојде пред царот и му рече: „Што си направил?+ Ете, Авенир бил кај тебе! Зошто си го пуштил да си оди во мир? 25  Добро знаеш каков е Авенир, синот на Нир, дека дошол ваму за да те измами, да ги дознае твоите чекори+ и сѐ што правиш“.+ 26  Тогаш Јоав отиде откај Давид и испрати гласници по Авенир, кои го вратија+ од бунарот* Сира. А Давид не знаеше ништо за тоа. 27  Кога Авенир се врати во Хеврон,+ Јоав го одведе настрана, во засводениот премин на градската порта, за да разговара со него насамо.+ Но таму му заби меч во стомакот,+ така што тој умре поради крвта на неговиот брат Асаил.+ 28  Подоцна, кога чу за тоа, Давид рече: „Јас и моето царство сме довека невини во очите на Јехова, не сме виновни за крвта+ на Авенир, синот на Нир. 29  Вината нека падне врз главата+ на Јоав и на целиот дом на неговиот татко! Домот+ на Јоав никогаш да не биде без мажи што имаат излив,+ без лепрозни,+ без мажи што се фаќаат за вретено,+ без такви што паѓаат од меч и без такви што немаат леб!“+ 30  Така Јоав и Ависај,+ неговиот брат, го убија Авенир+ зашто тој го уби нивниот брат Асаил во битката кај Гаваон.+ 31  Тогаш Давид им рече на Јоав и на сите луѓе што беа со него: „Раскинете си ги облеките,+ опашете козина+ и оплакувајте го Авенир!“ И цар Давид тргна по носилката. 32  Кога го закопаа Авенир во Хеврон, царот гласно заплака на гробот на Авенир, а плачеше и сиот народ.+ 33  И царот го оплакуваше Авенир: „Зар мораше Авенир да умре како што умира безумник?+ 34  Твоите раце не беа врзани+ и нозете не ти беа оковани во бакарни окови.+ Падна како што се паѓа од рацете на неправедник“.+ Тогаш сиот народ заплака+ за него уште посилно. 35  Потоа сиот народ на истиот ден дојде да му понуди леб+ на Давид за да се утеши, но Давид се заколна: „Бог нека ми направи така,+ и уште нека ми додаде, ако каснам леб или нешто друго пред да зајде сонцето!“+ 36  И сиот народ го чу тоа, и му беше по волја, како што му беше по волја на сиот народ и сѐ друго што правеше царот.+ 37  Во тој ден сиот народ и сиот Израел дознаа дека царот не наредил да се погуби Авенир, синот на Нир.+ 38  И царот им рече на своите слуги: „Не знаете ли дека денес во Израел падна кнез и голем човек?+ 39  Но јас сум сега уште слаб, иако сум помазан+ за цар, а овие луѓе, синови на Серуја,+ се премногу сурови.+ Јехова нека му плати на злосторникот според неговата злоба!“+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Или: „покажував лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Во 1Са 25:44 „Фалтиј“.
Или: „резервоарот“.