Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 23:1-39

23  Ова се последните зборови на Давид:+ „Зборови на Давид, синот на Јесеј,+ зборови на човек што беше високо издигнат,+ помазаник+ на Богот на Јаков, омилен во Израел и опеан во песните.+   Јеховиниот дух зборуваше преку мене,+ Божјата реч беше на мојот јазик.+   Богот на Израел ми рече, Карпата на Израел ми рече:+ ‚Кога со луѓето владее праведник,+ кој владее со Божји страв,+   неговото владеење е како утринската светлина кога ќе светне сонцето,+ како утро без облаци. Од светлина и од дожд никнува трева од земјата‘.+   Не е ли таков мојот дом пред Бог?+ Зашто, тој склучи вечен сојуз+ со мене, добро уреден и утврден во сѐ.+ Тој сојуз е сето мое спасение+ и сета моја радост. Нема ли Бог да го направи успешен поради тоа?+   А сите никаквеци+ се како искорнати+ трње,+ кои никој не ги фаќа со рака.   Кој сака да ги допре, треба да земе железен алат и копје. Тие ќе бидат изгорени во оган“.+  Ова се имињата на Давидовите јунаци:+ Тахмонецот Јосев-Васевет,+ главен меѓу тројцата. Тој еднаш со своето копје уби осумстотини луѓе.  Потоа, Елеазар,+ синот на Додо,+ син на Ахохи, кој беше еден од тројцата јунаци на Давид кога ги посрамотија Филистејците. Филистејците таму се беа собрале за битка, а Израелците се повлекоа.+ 10  Но тој се крена и удираше на Филистејците сѐ додека раката не му се умори и остана како залепена за мечот.+ Така Јехова даде голема победа во тој ден.+ А луѓето се вратија следејќи го Елеазар само за да ги ограбат убиените.+ 11  Потоа тука беше Сама, синот на Аге Арарецот.+ Еднаш Филистејците се собраа во Лехи, каде што тогаш имаше нива полна со леќа.+ И додека војската бегаше пред Филистејците, 12  тој застана среде нивата, ја одбрани и ги погуби Филистејците. Така Јехова им даде голема победа.+ 13  Еднаш тие тројца од триесетте заповедници+ појдоа во времето на жетвата и дојдоа кај Давид во адоламската+ пештера. А Филистејците се улогорија под шатори во рефаимската долина.+ 14  Давид тогаш беше во своето скривалиште,+ а во тоа време во Витлеем имаше филистејска стража.+ 15  И Давид посака: „Камо да можев да се напијам вода од витлеемскиот бунар* што е кај градската порта!“+ 16  Тогаш тие тројца јунаци продреа во филистејскиот логор, нацрпија вода од витлеемскиот бунар што е кај градската порта, па му ја донесоа и му ја дадоа на Давид.+ Но тој не сакаше да пие, туку ја истури+ пред Јехова. 17  И рече: „Никогаш не би направил такво нешто,+ Јехова! Зар да ја пијам крвта+ на овие луѓе што ја изложија на опасност својата душа?“ И не сакаше да пие. Тоа го направија тие тројца јунаци. 18  А Ависај,+ братот на Јоав, син на Серуја,+ беше заповедник на триесеттемина. Тој, замавнувајќи со своето копје, уби триста луѓе. Беше човек прочуен како и оние тројца.+ 19  Иако беше најистакнат меѓу триесеттемина и им беше заповедник, не ги достигна првите тројца.+ 20  Венај,+ синот на Јодај,+ син на храбар човек, кој направи големи дела во Кавсеил,+ ги уби двата сина на Ариел Моавецот. Еден снежен ден,+ слезе во јама за вода и уби лав.+ 21  Уби и еден Египќанец со необично крупна става.+ Иако Египќанецот имаше копје во раката, тој излезе против него со стап, му го истргна копјето од раката и потоа го уби со неговото сопствено копје.+ 22  Тоа го направи Венај,+ синот на Јодај. Тој беше човек прочуен како и оние тројца јунаци.+ 23  Иако беше поистакнат од триесеттемина, не ги достигна оние тројца. Но Давид го постави за заповедник на телесната стража.+ 24  Асаил,+ братот на Јоав, беше меѓу триесеттемина. Потоа Елханан,+ синот на Додо од Витлеем, 25  Сама+ од Харод, Елика од Харод, 26  Хелис+ од Фалет, Ира,+ синот на Икис+ од Текоја, 27  Авиезер+ од Анатот,+ Мевунај од Хус,+ 28  Салмон, потомок на Ахохи,+ Махарај+ од Нетофа, 29  Хелев,+ синот на Вана од Нетофа, Етај,+ синот на Ривај од Гаваја на Венијаминовите синови, 30  Венај+ од Фаратон, Идај од долините околу Гаш,+ 31  Ави-Алвон од Вет-Арава, Азмавет+ од Бархум, 32  Елијава од Салвим, синовите на Јашен, Јонатан,+ 33  Сама од Арар, Ахијам,+ синот на Сарар од Арар, 34  Елифелет, синот на Асвеј, син на еден Макатец, Елиам, синот на Ахитофел+ од Гилон, 35  Есро+ од Кармил, Фареј од Араб, 36  Игал, синот на Натан+ од Сова, Вани од Гад, 37  Селек+ Амонецот, Нахарај од Веерот, кој му беше штитоносец на Јоав, синот на Серуја, 38  Ира Етерецот,+ Гарив+ Јетеровецот, 39  Урија+ Хетеецот — вкупно триесет и седум луѓе.

Фусноти

Или: „резервоар“.