Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 22:1-51

22  Давид му ја испеа на Јехова оваа песна+ во времето кога Јехова го избави од рацете на сите негови непријатели+ и од раката на Саул,+  и рече: „Јехова е моја спила,+ тврдина моја+ и мој избавител.+   Мојот Бог е моја карпа.+ Тој е мое прибежиште, мој штит+ и рог+ на моето спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+ мое засолниште,+ мој спасител,+ кој ме избавува од насилство.+   Ќе го повикам Јехова, кој е достоен за фалба,+ и ќе бидам избавен од моите непријатели.+   Разбеснетите бранови на смртта ме опкружија,+ порои од никаквеци ме плашеа.+   Јажињата на гробот* ме опколија,+ замките на смртта се испречија пред мене.+   Во својата неволја го повикував Јехова,+ кон својот Бог викав за помош.+ Тој го слушна мојот глас од својот храм,+ мојот повик за помош дојде до неговите уши.+   Земјата се заниша и се затресе,+ темелите на небото се поместија,+ се занишаа, зашто тој се разгневи.+   Чад излезе од неговите ноздри и од неговата уста вивна оган што проголтува,+ разжарени јаглења искокнуваа од него.+ 10  Ги наведна небесата и слезе,+ темни облаци имаше под неговите нозе.+ 11  Седна на херувим*+ и долета, се покажа на крилјата на еден ангел.*+ 12  Темнината ја подигна околу себе како шатор,+ црните дождовни облаци.+ 13  Од секањето на молњите пред него пламтеа разгорени јаглења.+ 14  Згрме Јехова од небесата,+ Севишниот го пушти својот глас.+ 15  Испраќаше стрели за да ги распрсне,+ молњи за да ги збрка.+ 16  Морските дна се покажаа+ и се открија темелите на земјата*+ од заканите на Јехова, од силниот здив на неговите ноздри.+ 17  Тој ја подаде раката од висина, ме фати+ и ме извлече од длабока вода.+ 18  Ме избави од мојот силен непријател,+ од оние што ме мразат, зашто беа посилни од мене.+ 19  Се креваа против мене во денот на мојата неволја,+ но Јехова ми беше поткрепа.+ 20  Ме изведе на широко место,+ ме избави, оти сум му мил.+ 21  Јехова ме наградува според мојата праведност,+ според чистотата на моите раце тој ми возвраќа.+ 22  Зашто, се држев за Јеховините патишта+ и не се одметнав од својот Бог.+ 23  Зашто, сите негови закони+ се пред мене и од неговите одредби не отстапувам.+ 24  Непорочен*+ сум пред него и се чувам да не направам престап.+ 25  А Јехова нека ми возврати според мојата праведност,+ според мојата чистота пред неговите очи.+ 26  Со верниот ти постапуваш верно,+ со беспрекорниот човек беспрекорно,+ 27  со оној што е чист постапуваш чисто,+ а расипаниот го надмудруваш.*+ 28  Ти го спасуваше понизниот народ,+ а твоите очи ги набљудуваат вообразените за да ги понижиш.+ 29  Зашто, ти си моја светилка, о Јехова,+ Јехова ми ја осветлува темнината.+ 30  Зашто, со твоја помош можам и на разбојничка дружина да удрам,+ со помошта на својот Бог можам и на ѕидишта да се качам.+ 31  Патот на вистинскиот Бог е совршен,+ Јеховината реч е чиста.+ Тој им е штит на сите што бараат засолниште кај него.+ 32  Зашто, кој е Бог освен Јехова?+ И кој е карпа освен нашиот Бог?+ 33  Вистинскиот Бог е моја силна тврдина,+ мојот пат го прави совршен,+ 34  зашто ми дава нозе како на срна+ и ме става да стојам на места што се високи за мене.+ 35  Ги учи моите раце да војуваат,+ па моите мишки го оптегнуваат бакарниот лак.+ 36  Ти ми го даваш својот штит на спасението,+ твојата понизност ме прави голем.+ 37  Им правиш место на моите чекори+ и моите глуждови не попуштаат.+ 38  Ги гонам своите непријатели и ги сотирам, не се враќам додека не ги истребам.+ 39  Ги истребувам и ги здробувам+ за да не можат да станат,+ паѓаат под моите нозе.+ 40  Ти ме опашуваш со сила за војна,+ ги соборуваш под мене оние што се креваат против мене,+ 41  моите непријатели ги тераш да бегаат пред мене.*+ Јас ги сотирам* оние што силно ме мразат.+ 42  Тие викаат за помош, но нема спасител,+ кон Јехова викаат за помош, но тој не ги услишува.+ 43  Ги здробувам како земјен прав, ги газам и ги гмечам како улична кал.+ 44  Ти ме избавуваш од приговарањето на мојот народ,+ ме штитиш како поглавар на народите.+ Народ, кој не го познавав, ми служи.+ 45  Туѓинци подложно доаѓаат кај мене,+ ми се покоруваат и ме слушаат.+ 46  Туѓинците венеат, треперејќи излегуваат од своите тврдини.+ 47  Жив е Јехова!+ Нека е благословена мојата Карпа+ и нека е возвишен Бог, карпата на моето спасение!+ 48  Вистинскиот Бог ми дава одмазда+ и ми ги покорува народите,+ 49  ме избавува од моите непријатели.+ Над сите што се креваат против мене ти ме подигаш,+ од насилен човек ме избавуваш.+ 50  Затоа те фалам меѓу народите,+ о Јехова, со песна го славам твоето име,+ 51  тебе, кој му даваш големи победи на својот цар+ и му покажуваш милост* на својот помазаник+ на Давид и на неговото потомство довека“.+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Херувими се ангели на висока положба.
Или: „на ветрот; на духот“.
Буквално: „на плодното тло“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „а со расипаните — безумно“, односно на начин кој на расипаниот му се чини безумен.
Или: „ми го даваш (подаваш) вратот на моите непријатели“.
Буквално: „јас ќе ги замолчам“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.