Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 2:1-32

2  Потоа Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да појдам во некои од градовите на Јуда?“ А Јехова му одговори: „Појди!“ Давид потоа продолжи: „Каде да појдам?“ А тој му рече: „Во Хеврон“.+  Тогаш Давид отиде таму, а со него и двете негови жени — Језраелката Ахиноама+ и Авигеја,+ жената на Навал, од Кармил.  Давид ги поведе и луѓето+ што беа со него, секој со неговото семејство, и се населија во градовите околу Хеврон.  Тогаш дојдоа синовите на Јуда+ и таму го помазаа+ Давид за цар над домот на Јуда.+ А до Давид стигна веста дека луѓето од Јавис-Галад го закопале Саул.  Тогаш Давид испрати гласници кај луѓето во Јавис-Галад+ и им порача: „Нека ве благослови Јехова,+ зашто му покажавте милост*+ на својот господар Саул и го закопавте!+  Јехова нека ви покаже милост+ и верност, а и јас ќе ви направам добро поради тоа што постапивте така!+  Охрабрете се и бидете смели!+ Зашто, иако е мртов вашиот господар Саул, домот на Јуда мене ме помаза за свој цар!“+  Но Авенир,+ синот на Нир, заповедникот на Сауловата војска, го зеде Исвостеј,+ синот на Саул, го префрли во Маханаим+  и го постави за цар над Галад,+ над Асур, над Језраел,+ над Ефрем,+ над Венијамин+ и над целиот Израел. 10  Исвостеј, синот на Саул, имаше четириесет години кога стана цар над Израел и царуваше две години. Само домот на Јуда+ го следеше Давид. 11  Давид царуваше во Хеврон над домот на Јуда седум години и шест месеци.+ 12  По некое време, Авенир, синот на Нир, излезе со слугите на Исвостеј, Сауловиот син, од Маханаим+ во Гаваон.+ 13  А Јоав,+ синот на Серуја,+ излезе со слугите на Давид и се сретна со нив кај гаваонското езерце. Едните застанаа од едната страна на езерцето, а другите од другата страна. 14  Тогаш Авенир му рече на Јоав: „Нека станат луѓето и нека се борат пред нас!“ А Јоав одговори: „Нека станат!“ 15  И така станаа и одредија колкумина ќе учествуваат во борбата: дванаесет од Венијамин за Исвостеј,+ синот на Саул, и дванаесет од слугите на Давид. 16  И секој го фати својот противник за глава и му го заби мечот во слабината, така што сите заедно испопаѓаа. Затоа местото го доби името Хелкат-Хасурим,*  а се наоѓа кај Гаваон.+ 17  Во тој ден започна жестока битка, и слугите на Давид ги поразија Авенир+ и Израелците. 18  А таму беа и тројцата синови на Серуја:+ Јоав,+ Ависај+ и Асаил.+ А Асаил беше брзоног како газела+ во полето. 19  И Асаил тргна во потера по Авенир. Го следеше во чекор, не свртувајќи ни надесно ни налево. 20  И Авенир се сврти назад и праша: „Ти ли си, Асаиле?“ А тој одговори: „Јас сум“. 21  Тогаш Авенир му рече: „Скршни надесно или налево и фати еден од младичите, па земи сѐ што ќе соблечеш од него!“+ Но Асаил не сакаше да престане да го гони. 22  Авенир пак му рече на Асаил: „Престани да ме гониш! Зошто да те срамнам со земјата?+ Како тогаш ќе му погледнам в очи на твојот брат Јоав?“ 23  Но тој не сакаше да отстапи од него. Затоа Авенир го удри во стомакот+ со задниот дел од копјето, така што копјето му излезе низ грбот. И тој падна таму и умре на место. Сите што доаѓаа на местото каде што падна и умре Асаил, застануваа таму.+ 24  Но Јоав и Ависај тргнаа во потера по Авенир. На зајдисонце дојдоа до ридот Ама, кој е спроти Гија, на патот кон гаваонската+ пустина. 25  А синовите на Венијамин се собраа зад Авенир, па се наредија во една чета и застанаа на врвот од еден рид. 26  Тогаш Авенир му викна на Јоав: „Зар вечно ќе голта мечот?+ Не знаеш ли дека на крајот ќе остане само горчина?+ Кога најпосле ќе им кажеш на своите луѓе да престанат да ги гонат своите браќа?“+ 27  А Јоав одговори: „Како што е жив вистинскиот Бог,+ да не проговореше,+ дури утре наутро луѓето ќе престанеа да ги гонат своите браќа!“ 28  Тогаш Јоав затруби во рогот+ и целата војска застана. Така престанаа да го гонат Израел и повеќе не започнуваа битка. 29  Авенир и неговите луѓе одеа низ Араба+ целата таа ноќ, го преминаа Јордан,+ ја поминаа целата долина и на крајот стигнаа во Маханаим.+   30  Кога престана да го гони Авенир, Јоав ја собра целата војска. Од слугите на Давид недостигаа деветнаесет луѓе и Асаил. 31  А слугите на Давид убија триста и шеесет луѓе од Венијамин и од останатите луѓе на Авенир.+ 32  И го понесоа Асаил+ и го погребаа во гробот на неговиот татко+ во Витлеем.+ Потоа Јоав и неговите луѓе одеа цела ноќ и, на разденување, стигнаа во Хеврон.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
„Хелкат-Хасурим“ значи „поле на кремените ножеви“. Или, ако се прочита поинаку, значи „поле на бедрата“.