Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 16:1-23

16  Токму кога Давид го премина врвот,+ во пресрет му дојде Сива,+ слугата на Мефивостеј,+ со две оседлани магариња+ натоварени со двесте леба,+ сто пити суво грозје,+ сто мери летно овошје*+ и голем ќуп со вино.+  И царот го праша Сива: „Што ќе правиш со тоа?“+ А Сива одговори: „Магарињата се за царското семејство, да му послужат за јавање, лебот и летното овошје се за луѓето+ да јадат, а виното е да се напијат оние што ќе се уморат+ во пустината“.+  Тогаш царот праша: „Каде е синот на твојот господар?“+ А Сива му одговори на царот: „Ене го, остана во Ерусалим зашто помисли: ‚Денес Израеловиот дом ќе ми го врати царството на мојот татко‘ “.+  Тогаш царот му рече на Сива: „Еве, твое е сѐ што му припаѓа на Мефивостеј!“+ А Сива одговори: „Ти се поклонувам!+ Дозволи ми да останам во твојата милост, господару мој, царе!“  Кога цар Давид дојде до Бахурим,+ оттаму излезе еден човек од Сауловиот род по име Симеј,+ син на Гера, и додека се приближуваше, без престан го колнеше.+  Почна да фрла камења и по Давид и по сите слуги на цар Давид. А сиот народ и сите јунаци му беа на царот оддесно и одлево.  И Симеј го колнеше и велеше: „Оди си! Оди си, крвнику,+ никаквецу!+  Јехова ја сврти против тебе сета вина за крвта на домот на Саул, на чие место почна да царуваш. И Јехова го предаде царството во рацете на твојот син Авесалом. Еве, сега те снајде неволја, зашто си виновен за крв!“+  Тогаш Ависај, синот на Серуја,+ му рече на царот: „Зар овој мртов пес+ да го колне мојот господар, царот?+ Те молам, дозволи ми да отидам и да му ја скинам главата!“+ 10  Но царот одговори: „Што имате вие со тоа,+ синови на Серуја?+ Нека колне,+ зашто Јехова му рекол да ме колне!+ Тогаш, кој смее да праша: ‚Зошто правиш така?‘ “+ 11  Давид потоа им рече на Ависај и на сите свои слуги: „Еве, кога син ми, кој излезе од мене, ја бара мојата душа,+ што останува за овој син на Венијамин!+ Оставете го нека ме колне, зашто Јехова му рекол така. 12  Можеби Јехова ќе види+ со свои очи, па Јехова ќе ми возврати со добро за зборовите со кои ме колне овој денес“.+ 13  И Давид продолжи со своите луѓе по патот, а Симеј одеше по стрмнината на ридот напоредно со него и го колнеше.+ И додека одеше така напоредно со него, фрлаше камења и многу прашина.+ 14  На крајот царот и сиот народ што беше со него стигнаа уморни на својата цел и таму се одморија.+ 15  Авесалом и сиот израелски народ влегоа во Ерусалим.+ И Ахитофел+ беше со него. 16  Кога Архиецот+ Хусај,+ Давидовиот пријател,+ дојде пред Авесалом, Хусај му рече на Авесалом: „Да живее царот!+ Да живее царот!“ 17  Тогаш Авесалом му рече на Хусај: „Каква е таа оддаденост* што ја покажуваш кон својот пријател? Зошто не отиде со својот пријател?“+ 18  А Хусај му одговори на Авесалом: „Не отидов затоа што сакам да му служам на оној кого го избраа Јехова и овој народ и сите Израелци, и со него ќе останам. 19  Освен тоа, кому ќе му служам? Зар не на неговиот син? Како што му служев на татко ти, така ќе ти служам и тебе“.+ 20  Потоа Авесалом му рече на Ахитофел: „Советувај+ нѐ што да правиме!“ 21  Тогаш Ахитофел му рече на Авесалом: „Легни со наложниците* на татко ти,+ кои тој ги остави да го чуваат дворецот.+ И сиот Израел ќе чуе дека си му станал омразен+ на татко ти,+ па ќе се охрабрат+ сите оние што се со тебе“. 22  И распнаа шатор за Авесалом на покривот,+ и Авесалом легна со наложниците на својот татко+ пред очите на сиот Израел.+ 23  Кога ќе се побараше совет од Ахитофел во она време, тоа беше како да се бара совет од вистинскиот Бог. Таков беше секој совет+ на Ахитофел,+ како за Давид така и за Авесалом.

Фусноти

Веројатно смокви, а можеби и урми.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.