Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 14:1-33

14  А Јоав,+ синот на Серуја,+ забележа дека срцето на царот се приклони кон Авесалом.+  Тогаш Јоав испрати слуги во Текоја+ за да му доведат оттаму една мудра жена,+ па ѝ рече: „Преправи се дека жалиш, облечи се во облека за жалење и немој да се мачкаш со масло,+ туку биди како жена која веќе долго време жали за умрен.+  Потоа оди кај царот и кажи му така и така“. И Јоав ѝ кажа што ќе зборува.+  И жената од Текоја дојде пред царот, падна ничкум, со лицето до земја,+ и рече: „Помогни,+ царе!“  Тогаш царот ја праша: „Што ти се случило?“ А таа одговори: „Еве, јас сум вдовица,+ ми умре мажот.  Твојата слугинка имаше два сина. Еднаш тие се скараа во полето,+ а немаше кој да ги раздвои.+ На крајот едниот од нив го удри другиот и го уби.  И сега се подигна сиот род против твојата слугинка, велејќи: ‚Предај ни го оној што го уби својот брат, да го погубиме за животот на неговиот брат+ кого го уби+ и да го истребиме наследникот!‘ Тие ќе го изгаснат жарот што ми преостана и нема да му остават на мојот маж ни име ни потомство на земјата“.+  Тогаш царот ѝ рече на жената: „Оди си во својата куќа, а јас ќе заповедам да ти се направи тоа што треба“.+  А жената од Текоја му рече на царот: „Господару мој, царе, врз мене и врз домот на мојот татко нека падне вината,+ а царот и неговиот престол нека бидат недолжни!“ 10  Царот потоа продолжи: „Ако ти каже некој нешто, доведи го кај мене и повеќе нема да те гибне!“ 11  А таа рече: „Те молам, царот нека се сети на Јехова, својот Бог,+ за одмаздникот за крв+ да не направи уште поголемо зло и да ми го погуби и другиот син!“ Тој одговори: „Како што е жив Јехова,+ ни влакно од главата+ на син ти нема да падне на земја!“ 12  Но жената продолжи: „Те молам, дозволи ѝ на твојата слугинка+ да му каже уште еден збор+ на својот господар, царот“. А тој одговори: „Зборувај!“+ 13  И жената продолжи: „Тогаш зошто донесе таква одлука+ против Божјиот народ?+ Кога царот зборува така, како самиот себе да се осудува+ за тоа што не го доведе назад оној кого го протера.+ 14  Зашто, сите ќе умреме+ и ќе бидеме како вода што се пролева на земја и повеќе не може да се собере. Но Бог не одзема живот,*+ туку овозможил оној што е протеран да не остане таков пред него. 15  А јас дојдов да му го кажам ова на царот, својот господар, зашто луѓето ме исплашија. Затоа твојата слугинка си помисли: ‚Морам да зборувам со царот. Можеби царот ќе постапи според зборот на својата робинка. 16  Зашто, царот ја послуша својата робинка и вети дека ќе ја избави од раката на оној што сака мене и синот што ми остана да нѐ отстрани од наследството што ни го даде Бог‘.+ 17  Затоа твојата слугинка помисли: ‚Нека ме смири зборот на мојот господар, царот‘. Зашто, мојот господар, царот, е како ангел+ на вистинскиот Бог и разликува добро и зло.+ Јехова, твојот Бог, нека биде со тебе!“ 18  Тогаш царот ѝ рече на жената: „Немој да го криеш од мене она за кое сега ќе те прашам!“+ А жената рече: „Нека зборува мојот господар, царот!“ 19  Тогаш царот ја праша: „Дали во сето ова е со тебе+ раката на Јоав?“+ А жената одговори: „Како што е жива твојата душа,+ господару мој, царе, не се може ни надесно ни налево од сето она што го кажа мојот господар, царот! Да, твојот слуга Јоав ми го заповеда ова и ѝ рече на твојата слугинка да го каже сето ова.+ 20  Твојот слуга Јоав го направи тоа за работите да изгледаат поинаку, но мојот господар е мудар како што е мудар ангелот+ на вистинскиот Бог и тој знае сѐ што се случува на земјата“. 21  Тогаш царот му рече на Јоав: „Еве, ќе го направам тоа.+ Оди и доведи го назад мојот син Авесалом!“+ 22  А Јоав падна ничкум, со лицето до земја, и го благослови царот.+ Потоа Јоав рече: „Твојот слуга денес знае дека нашол милост во твои очи,+ господару мој, царе, зашто царот постапи според зборот на својот слуга“. 23  Тогаш Јоав стана и отиде во Гесур,+ па го доведе Авесалом во Ерусалим.+ 24  Но царот рече: „Нека се врати во својата куќа, но не може да го види моето лице“.+ Така Авесалом се врати во својата куќа, но не го виде лицето на царот. 25  А во целиот Израел немаше човек кого толку го фалеа поради неговата убавина+ како Авесалом. Од стапалата до темето немаше недостаток на него. 26  Кога ја стрижеше косата — а ја стрижеше на крајот од секоја година зашто му беше претешка,+ па мораше да ја стриже — ја мереше косата од својата глава и беше тешка двесте сикли,* според царската мера.* 27  На Авесалом му се родија три сина+ и една ќерка, која се викаше Тамара. Таа беше многу убава жена.+ 28  Авесалом живееше во Ерусалим две години, но не го виде лицето на царот.+ 29  Затоа Авесалом испрати по Јоав за да го прати кај царот, но тој не сакаше да дојде кај него. Испрати и втор пат по него, но тој пак не сакаше да дојде. 30  На крајот Авесалом им рече на своите слуги: „Знаете дека Јоав има нива покрај мојата, на која расте јачмен. Одете и запалете ја!“+ И слугите на Авесалом ја запалија нивата.+ 31  Тогаш Јоав стана и отиде кај Авесалом во неговата куќа, па го праша: „Зошто твоите слуги ја запалија мојата нива?“ 32  А Авесалом му рече на Јоав: „Еве, испратив по тебе и ти порачав: ‚Дојди ваму за да те пратам кај царот да му кажеш: „Зошто се вратив од Гесур?+ Подобро ќе ми беше да останев таму. Затоа сега сакам да го видам лицето на царот, па ако има на мене некаква вина,+ нека ме погуби!“ ‘ “ 33  Јоав отиде кај царот и му го кажа сето тоа. Тогаш царот го повика Авесалом, кој дојде пред него и падна ничкум, со лицето до земја. И царот го бакна Авесалом.+

Фусноти

Буквално: „душа“.
Околу 2,3 килограми. Види го додатокот 13.
„Според царската мера“ — можеби станувало збор за стандарден тег, кој се чувал во царската палата, или, пак, постоел „царски“ сикел, кој се разликувал од обичниот. Спореди ја фуснотата за изразот „според светиот сикел“ во 2Мо 30:13.