Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 12:1-31

12  Јехова го испрати Натан+ кај Давид. Кога дојде кај него,+ му рече: „Во еден град живееја двајца луѓе, едниот богат, а другиот сиромав.  Богаташот имаше мошне многу овци и говеда,+ 3   а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка, која ја беше купил.+ Ја хранеше, и таа растеше покрај него и покрај неговите синови. Јадеше од неговиот залак, пиеше од неговата чаша и му спиеше в прегратка. Му беше како ќерка.  По некое време на богаташот му дојде на гости еден човек. А на богаташот му беше жал да земе од своите овци или од говедата за да му зготви нешто на патникот, кој беше дошол кај него, па ја зеде овчичката на сиромавиот и му ја зготви на човекот, кој беше дошол кај него“.+  Тогаш Давид се разгневи на тој човек,+ па му рече на Натан: „Како што е жив Јехова,+ човекот што го направил тоа заслужува смрт!+  А овцата да ја надомести+ четирикратно,+ затоа што направил такво нешто и затоа што немал милост!“+  Тогаш Натан му рече на Давид: „Ти си тој човек! Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Јас те помазав+ за цар над Израел и јас те избавив+ од раката на Саул.  Ти ја дадов куќата на твојот господар,+ жените на твојот господар+ ги положив на твоите гради и ти ги дадов домот на Израел и домот на Јуда.+ И ако тоа не беше доволно, уште ќе ти придадев.+  Тогаш зошто ја презре Јеховината реч и го направи она што е зло+ во негови очи? Хетеецот Урија го погуби со меч,+ а неговата жена ја зеде за себе.+ Го уби со мечот на Амоновите синови. 10  Затоа мечот+ нема да се оддалечи од твојот дом довека,+ затоа што ме презре земајќи ја жената на Хетеецот Урија за себе‘. 11  Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе подигнам зло против тебе од твојот дом.+ Ќе ги земам твоите жени и ќе му ги дадам на твојот ближен.+ И тој ќе легне со твоите жени пред сите.+ 12  Ти работеше тајно,+ а јас ќе го направам тоа пред очите на целиот Израел,+ да видат сите‘ “.+ 13  Тогаш Давид му рече+ на Натан: „Му згрешив на Јехова“.+ А Натан му одговори на Давид: „Јехова ти го прости гревот.+ Нема да умреш.+ 14  Но затоа што го презре Јехова+ со она што го направи, ќе ти умре синот што ти се роди“.+ 15  Потоа Натан си отиде во својата куќа. А Јехова го удри со болест+ детето што жената на Урија му го роди на Давид. 16  И Давид му се молеше на вистинскиот Бог за детето, строго постеше,+ а кога ќе влезеше во куќата, лежеше на земја преку ноќта.+ 17  Старешините на неговиот дом стоеја околу него и настојуваа да го подигнат од земјата, но тој не сакаше и нејќеше да јаде+ со нив. 18  А на седмиот ден детето умре. Слугите се плашеа да му кажат на Давид дека детето умрело, зашто си велеа: „Додека детето уште беше живо, му зборувавме, а тој не сакаше да нѐ слуша. Па како да му кажеме сега: ‚Детето умре‘? Ќе направи некакво зло!“ 19  Кога виде дека неговите слуги си дошепнуваат меѓу себе, Давид сфати дека детето умрело. Затоа Давид ги праша своите слуги: „Умре ли детето?“ А тие му одговорија: „Умре“. 20  Тогаш Давид стана од земјата, се изми, се намачка со масло+ и облече друга облека, па отиде во Јеховиниот дом+ и таму се поклони.+ Потоа се врати во својата куќа и побара да јаде. И му принесоа јадење и тој јадеше. 21  А неговите слуги го прашаа: „Што значи сега тоа? Додека детето беше живо, ти постеше и плачеше, а сега, кога детето умре, стануваш и јадеш“. 22  А тој одговори: „Додека детето беше живо, постев+ и плачев+ зашто си мислев: ‚Кој знае, можеби Јехова ќе ми се смилува, и детето ќе остане живо!‘+ 23  А сега, кога умре, зошто да постам? Можам ли да го вратам?+ Јас ќе одам кај него,+ но тоа нема да се врати кај мене“.+ 24  И Давид ја тешеше својата жена Витсавеа.+ Потоа дојде кај неа и легна со неа. И таа му роди син,+ кому му го дадоа името Соломон.+ И Јехова го сакаше.+ 25  Затоа го испрати пророкот Натан+ да го нарече Едидија,* зашто Јехова го сакаше. 26  А Јоав+ се бореше против Рава+ на Амоновите синови, и на крајот го освои тој царски град. 27  И Јоав му испрати гласници на Давид, порачувајќи му: „Ја нападнав Рава+ и го освоив делот од градот каде што е водата. 28  Затоа сега собери ја останатата војска, опколи го градот и освој го, за да не го освојам јас, па градот да го носи моето име“. 29  И Давид ја собра сета војска и тргна против Рава. Го нападна градот и го освои. 30  Ја симна од главата на Малхам* круната+ од злато која тежеше еден талант* и беше украсена со скапоцени камења. Потоа ја ставија круната на главата на Давид. Тој однесе од градот многу голем плен.+ 31  А народот што беше во него го изведе и го постави да работи со пили за камен, со остри железни алатки,+ со железни секири и да изработува тули. Така направи во сите градови на Амоновите синови. На крајот Давид се врати со својата војска во Ерусалим.

Фусноти

„Едидија“ значи „саканиот на Јах“.
По сѐ изгледа дека станува збор за амонскиот бог кој на други места се нарекува Милхом или Молох.
Еден талант тежел 34,2 килограми. Види го додатокот 13.