Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 11:1-27

11  Во почетокот на следната година,*+ во време кога царевите излегуваат во војна,+ Давид го испрати Јоав, а со него и своите слуги и сиот Израел за да ги поразат синовите на Амон+ и да ја опсадат Рава.+ А Давид остана во Ерусалим.  Една вечер Давид стана од својата постела и, додека се шеташе по покривот+ на царскиот дворец, од покривот здогледа+ една жена како се капе. А жената беше многу убава.+  Затоа Давид испрати слуги да се распрашаат за жената,+ а тие му рекоа: „Не е ли тоа Витсавеа,+ ќерката на Елиам,*+ жена на Хетеецот+ Урија?“+  И Давид испрати гласници да му ја доведат.+ Така таа дојде кај него,+ и тој легна со неа,+ а таа токму тогаш се чистеше од својата нечистотија.+ Потоа таа се врати во својата куќа.  И жената забремени, па му порача на Давид: „Бремена сум!“  Тогаш Давид му испрати порака на Јоав: „Испрати ми го Хетеецот Урија“. И Јоав го испрати Урија кај Давид.  Кога Урија дојде кај него, Давид почна да го распрашува како е Јоав, како е војската и како напредува војната.  На крајот Давид му рече на Урија: „Оди во својата куќа и изми си ги нозете!“+ И Урија замина од царскиот дворец, а по него го изнесоа дарот што му го даде царот.  Но Урија остана да спие на влезот од царскиот дворец со сите други слуги на својот господар и не отиде во својот дом. 10  И му јавија на Давид: „Урија не отиде во својот дом“. Тогаш Давид го праша Урија: „Зар не дојде од пат? Зошто не си отишол во својата куќа?“ 11  А Урија му рече на Давид: „Ковчегот,+ Израел и Јуда престојуваат под шатори, мојот господар Јоав и слугите на мојот господар+ логоруваат в поле, па зар јас да одам во својот дом, да јадам и да пијам и потоа да легнам со својата жена?+ Како што си жив ти и како што е жива твојата душа,+ нема да го направам тоа!“ 12  Тогаш Давид му рече на Урија: „Остани овде уште денес, па утре ќе те пратам назад“. И така Урија остана во Ерусалим уште тој и следниот ден. 13  И Давид го повика да јаде и да пие со него, па го опи.+ Но Урија вечерта излезе и легна на својата постела со слугите на својот господар, а во својот дом не отиде. 14  Изутрината Давид му напиша писмо+ на Јоав и го испрати по Урија. 15  А во писмото напиша вака:+ „Поставете го Урија напред, каде што битката е најжестока,+ па повлечете се од него за да го погодат и да загине!“+ 16  И додека го опсадуваше градот, Јоав го постави Урија таму каде што знаеше дека се најхрабрите луѓе.+ 17  Кога луѓето од градот излегоа да се борат против Јоав, загинаа неколкумина од Давидовите слуги, а загина и Хетеецот Урија.+ 18  Потоа Јоав испрати гласник за да го извести Давид за сѐ што се случило во бојот. 19  А на гласникот му заповеда: „Кога ќе го известиш царот за сѐ што се случи во битката, 20  можеби царот ќе се разгневи и ќе ти рече: ‚Зошто сте се доближиле толку близу до градот за да се борите? Зар не знаевте дека ќе ве гаѓаат со стрели од врвот на ѕидот? 21  Кој го уби Авимелех,+ синот на Ерувесет?*+ Зарем не една жена, која врз него фрли мелнички камен+ од врвот на ѕидот, па загина во Тевес?+ Зошто сте се доближиле толку близу до ѕидот?‘ А ти тогаш речи му: ‚Загина и твојот слуга Хетеецот Урија‘ “.+ 22  Така гласникот отиде, дојде кај Давид и му кажа сѐ што му заповеда Јоав. 23  И гласникот му рече на Давид: „Тие луѓе беа посилни од нас и излегоа против нас во полето, но ние ги потиснавме сѐ до градската порта. 24  Тогаш стрелците ги гаѓаа твоите слуги од врвот на ѕидот,+ така што загинаа неколку царски слуги, а загина и твојот слуга Хетеецот Урија“.+ 25  Тогаш Давид му рече на гласникот: „Вака кажи му на Јоав: ‚Не земај го тоа толку на срце, зашто мечот може да го проголта+ секого.  Уште посилно навали на градот и разурни го!‘+ Така ќе го охрабриш“. 26  А кога жената на Урија чу дека загинал нејзиниот маж Урија, го оплакуваше+ својот господар.+ 27  Кога помина времето на оплакување,+ Давид испрати по неа, ја доведе во својот дворец и таа му стана жена.+ По некое време му роди син. Но она што го направи Давид беше зло+ во очите+ на Јехова.

Фусноти

Или: „Следната пролет“.
Во 1Ле 3:5 „Амил“.
Во Су 6:32; 7:1; 9:1, 16, 24, 28 „Јероваал“.