Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Самоилова 10:1-19

10  По некое време умре царот на Амоновите синови,+ а наместо него почна да владее неговиот син Анун.+  Тогаш Давид си помисли: „Ќе му направам добро* на Анун, синот на Наас, како што неговиот татко ми направи добро мене“.+ И Давид ги испрати своите слуги+ за да му пренесат сочувство поради неговиот татко. Слугите на Давид дојдоа во земјата на Амоновите синови.  Но кнезовите на Амоновите синови му рекоа на својот господар Анун: „Зар мислиш дека Давид ги испратил своите слуги за да ти изразат сочувство затоа што сака да му укаже чест на твојот татко? Зарем не ги испратил Давид своите слуги кај тебе за да го прегледа градот и да го извиди,+ па потоа да го разурне?“+  Тогаш Анун ги фати слугите на Давид, им избричи половина брада+ и им ја потсече облеката на половина, сѐ до задникот, па така ги испрати назад.+  Кога чу за тоа, Давид ги испрати своите слуги да ги пречекаат, зашто тие луѓе беа многу осрамотени. И царот им порача: „Останете во Ерихон+ додека не ви пораснат брадите, па тогаш вратете се!“  Тогаш синовите на Амон видоа дека Давид ги замрази.+ И синовите на Амон испратија гласници да најмат Сиријци од Вет-Рехов+ и Сиријци од Сова,+ дваесет илјади пешаци, како и царот на Мааха+ со илјада луѓе и дванаесет илјади луѓе од Истов.  Кога чу за тоа, Давид го испрати Јоав со целата војска и со своите јунаци.+  Синовите на Амон излегоа и се наредија во борбени редови пред градската порта, а и Сиријците од Сова, од Рехов,+ од Истов и од Мааха се наредија посебно во полето.+  Кога виде дека војската се подготвува да го нападне и отспреди и одзади, Јоав ги одбра најдобрите+ луѓе меѓу Израелците и ги распореди во борбени редови против Сиријците. 10  Останатата војска му ја предаде на својот брат Ависај+ за да ја распореди во борбени редови против синовите на Амон.+ 11  И му рече: „Ако Сиријците бидат посилни од мене, ти дојди ми на помош. А ако синовите на Амон бидат посилни од тебе, јас ќе ти дојдам на помош.+ 12  Биди силен! Храбро+ да се бориме за својот народ и за градовите на нашиот Бог!+ Јехова ќе го направи она што е добро во негови очи“.+ 13  Тогаш Јоав со војската што беше со него тргна во борба против Сиријците, а тие се разбегаа од пред него.+ 14  Кога видоа дека Сиријците се разбегаа, и синовите на Амон почнаа да бегаат пред Ависај, па се повлекоа во градот.+ Тогаш Јоав отиде откај синовите на Амон и се врати во Ерусалим.+ 15  Кога видоа дека Израелците ги поразија, Сиријците повторно се собраа. 16  Адад-Езер+ испрати гласници и ги доведе Сиријците што живееја покрај Реката.*+ Тие дојдоа во Хелам под водството на Совак,+ заповедникот на војската на Адад-Езер. 17  Кога чу за тоа, Давид го собра сиот Израел, го премина Јордан и дојде во Хелам. А Сиријците се наредија во борбени редови против Давид и почнаа да се борат со него.+ 18  Но Сиријците се разбегаа+ пред Израелците, и Давид им уби седумстотини возачи на коли+ и четириесет илјади коњаници. Смртно го рани Совак, заповедникот на нивната војска, па тој умре таму.+ 19  Кога видоа дека Израелците ги поразија,+ сите цареви,+ слуги на Адад-Езер, склучија мир со Израелците и им станаа слуги.+ Сиријците повеќе не се осмелуваа да им помагаат на синовите на Амон.+

Фусноти

Или: „Ќе му покажам лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Односно Еуфрат.