Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Петрово 3:1-18

3  Сакани, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, во кое, како и во првото,+ со потсетување го будам вашиот здрав разум,+  да се сетите на зборовите што ги говореа светите пророци+ и на заповедите кои ви ги даде Господарот* и Спасител преку вашите апостоли.+  Пред сѐ знајте го ова: во последните денови+ ќе се појават потсмевачи,+ кои ќе се потсмеваат, ќе се водат според своите желби+  и ќе велат:+ „Каде е таа негова ветена присутност?*+ Откако умреа* нашите прататковци, сѐ си стои како што било од почетокот на создавањето“.+  Зашто, намерно не согледуваат дека од дамнина постоеле небесата+ и дека земјата стоела над водата+ и среде водата+ преку Божјата реч.  Со неа тогашниот свет беше уништен кога беше потопен со вода.+  А сегашните небеса+ и земја+ преку истата таа реч се зачувани за оган+ и се чуваат сѐ до денот на судот+ и уништувањето на безбожниците.+  Но немојте да го изумите ова, сакани: еден ден кај Јехова е како илјада години, и илјада години се како еден ден.+  Јехова не доцни со исполнувањето на своето ветување,+ како што некои мислат дека доцни, туку е стрплив со вас бидејќи не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание.*+ 10  А Јеховиниот ден+ ќе дојде како крадец.+ Во тој ден небесата брзо ќе поминат+ со татнеж+ и основата, вжарена, ќе се распадне,+ а земјата+ и делата на неа ќе бидат разоткриени.+ 11  Бидејќи сето тоа така треба да се распадне, вашите дела нека бидат свети и по нив нека се види дека сте му оддадени на Бог 12  додека го очекувате+ и го имате на ум Јеховиниот ден,*+ кога небесата, запалени, ќе се распаднат+ и основата, вжарена, ќе се растопи. 13  Но според неговото ветување очекуваме нови небеса+ и нова земја+ во кои ќе живее праведноста.+ 14  Затоа, сакани, бидејќи го очекувате тоа, дајте сѐ од себе за тој да ве најде неизвалкани+ и неосквернети и во мир.+ 15  А стрпливоста на нашиот Господар сметајте ја за спасение, како што ви напиша и нашиот сакан брат Павле според мудроста+ која му е дадена,+ 16  зборувајќи за ова како што го прави тоа и во сите свои писма. Но во нив има тешко разбирливи мисли, кои неупатените и непостојаните ги извртуваат, како што прават и со останатите делови од Писмото,+ на своја сопствена пропаст. 17  Затоа вие, сакани, бидејќи однапред го знаете тоа,+ чувајте се од тие дрски беззаконици за да не ве одвлечат со својата заблуда и да не ја изгубите својата постојаност.+ 18  А растете во незаслужената доброта и во познавањето на нашиот Господар и Спасител Исус Христос.+ Нему нека му е славата и сега и во сета вечност.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Буквално: „заспаа“.
Буквално: „промена на умот (на начинот на размислување)“.
Буквално: „присутноста [грчки: паруси́а (парусија)] на Јеховиниот ден“. Види го додатокот 7.