Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 9:1-35

9  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Оди кај фараонот и речи му:+ ‚Вака вели Јехова, Богот на Евреите: „Пушти го мојот народ да замине и да ми служи!  Но, ако не сакаш да го пуштиш, туку и понатаму го задржуваш,+  еве, Јеховината рака+ ќе ја удри твојата стока+ во полето. Коњите, магарињата, камилите, крупната и ситната стока ќе ги удри голема чума.+  А Јехова ќе направи разлика помеѓу стоката на Израел и стоката на Египет, така што ништо од она што им припаѓа на синовите на Израел нема да изгине“ ‘ “.+  Јехова одреди и време, велејќи: „Утре Јехова ќе го направи тоа во земјата“.+  Утредента Јехова го направи токму тоа. Сета стока на Египет  почна да умира,+ а од стоката на синовите на Израел не загина ниту едно грло.  Тогаш фараонот ги испрати своите слуги да го извидат тоа, и гледај, ниту едно грло од стоката на Израел не беше умрело. Но срцето на фараонот сепак остана закоравено+ и тој не го пушти народот.  Потоа Јехова им рече на Мојсеј и на Арон: „Земете грст саѓи од печката за тули,+ па Мојсеј нека ги фрли пред очите на фараонот кон небото!  И од тоа ќе настане прав по целата египетска земја, и од него ќе им излегуваат чиреви и меури+ на луѓето и на животните по целата египетска земја“. 10  Тогаш зедоа саѓи од печката и застанаа пред фараонот. И Мојсеј ги фрли саѓите кон небото, па на луѓето и на животните почнаа да им излегуваат чиреви и меури.+ 11  А свештениците што се занимаваа со магија не можеа да се појават пред Мојсеј поради чиревите, бидејќи им излегоа и ним и на сите останати Египќани.+ 12  Но Јехова дозволи да му закорави срцето на фараонот, и не ги послуша, токму како што Јехова му беше рекол на Мојсеј.+ 13  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Стани утре рано, застани пред фараонот+ и речи му: ‚Вака вели Јехова, Богот на Евреите: „Пушти го мојот народ да замине и да ми служи!+ 14  Зашто, овојпат сите мои неволји ќе ги пуштам врз тебе,* врз твоите слуги и врз твојот народ за да знаеш дека никој не е како мене на целата земја.+ 15  Зашто, досега веќе можев да ја испружам раката и да испратам чума врз тебе и врз твојот народ за да те снема од земјата.+ 16  Но те оставив жив+ за да ти ја покажам својата моќ и да се објави моето име по целата земја.+ 17  Сакаш ли и понатаму горделиво да се воздигнуваш над мојот народ, не пуштајќи го да си оди?+ 18  Еве, утре во ова време ќе пуштам многу силен град, каков што немало во Египет од денот кога настана до денес.+ 19  А сега, испрати ги своите слуги да ја дотераат под покрив сета твоја стока и сѐ што е твое во полето! Зашто, сите луѓе и животни што ќе се најдат в поле и не ќе се засолнат во куќа, ќе загинат кога ќе падне градот+ врз нив“ ‘ “. 20  Сите фараонови слуги што се уплашија од Јеховината реч, ги засолнија своите слуги и својата стока во куќите,+ 21  а оние што не ја зедоа присрце Јеховината реч, ги оставија своите слуги и својата стока в поле.+ 22  А Јехова му рече на Мојсеј: „Испружи ја раката+ кон небото за да удри град+ по целата египетска земја, врз луѓето и животните и врз сите полски растенија во египетската земја!“ 23  Мојсеј го испружи својот стап кон небото, а Јехова испрати громови и град,+ и се спушти оган на земјата. И Јехова пушти град да паѓа на египетската земја. 24  Градот паѓаше, а низ него секаше оган. Таков силен град немало во целата египетска земја откако има народ во неа.+ 25  Градот удираше по целата египетска земја. Удри сѐ што беше во полето, од човек до животно, сите растенија во полето, и ги искрши сите дрвја во полето.+ 26  Само во земјата Гесем, каде што живееја синовите на Израел, немаше град.+ 27  Тогаш фараонот испрати по Мојсеј и Арон, па им рече: „Овојпат згрешив.+ Јехова е праведен,+ а јас и мојот народ сме виновни. 28  Молете му се на Јехова Бог да престанат громовите и градот кои ги испрати,+ па ќе ве пуштам да одите! Повеќе не ќе мора да останете овде“. 29  А Мојсеј му рече: „Штом ќе излезам од градот, ќе ги раширам рацете кон Јехова во молитва.+ Громовите ќе престанат и градот повеќе нема да паѓа за да знаеш дека земјата му припаѓа на Јехова.+ 30  Но знам дека ти и твоите слуги ни тогаш нема да се боите од Јехова Бог“.+ 31  И така пропаднаа ленот и јачменот, бидејќи јачменот беше во клас, а ленот во цвет.+ 32  Пченицата и крупникот*+ не пропаднаа, бидејќи узреваат подоцна. 33  И Мојсеј отиде откај фараонот надвор од градот и ги рашири рацете кон Јехова во молитва. Тогаш престанаа громовите и градот, а ни дождот повеќе не паѓаше на земјата.+ 34  Кога виде дека престанаа дождот, градот и громовите, фараонот пак почна да греши и срцето му закорави,+ нему и на неговите слуги. 35  И фараонот остана со закоравено срце и не ги пушти синовите на Израел, токму како што беше рекол Јехова преку Мојсеј.+

Фусноти

Буквално: „овојпат, сите свои удари ги испраќам врз твоето срце“.
Крупникот е вид жито, кое се одгледувало во стариот Египет. Има послаб квалитет од пченицата.