Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 7:1-25

7  Јехова му одговори на Мојсеј: „Еве, те поставувам за бог на фараонот,+ а твојот брат Арон ќе ти биде пророк.+  Ти ќе зборуваш сѐ што ќе ти заповедам,+ а твојот брат Арон потоа ќе му зборува на фараонот+ да ги пушти синовите на Израел да си одат од неговата земја.+  А јас ќе дозволам да му закорави срцето на фараонот+ и ќе ги намножам своите знаци и чуда во египетската земја.+  Но фараонот нема да ве послуша.+ Затоа Египет ќе ја почувствува на себе мојата рака. Ќе го казнам строго+ и ќе ги изведам своите чети,+ својот народ,+ синовите на Израел,+ од египетската земја.  И Египќаните ќе знаат дека јас сум Јехова кога ќе ја подигнам својата рака против Египет+ и ќе ги изведам синовите на Израел од нивната средина“.+  И Мојсеј и Арон направија како што им заповеда Јехова.+ Токму така направија.+  Мојсеј имаше осумдесет, а Арон осумдесет и три години кога зборуваа со фараонот.+  И Јехова им рече на Мојсеј и Арон:  „Ако ви рече фараонот: ‚Направете некакво чудо‘,+ тогаш речи му на Арон: ‚Земи го својот стап+ и фрли го пред фараонот.‘ И стапот ќе се претвори во голема змија“.+ 10  Така Мојсеј и Арон дојдоа пред фараонот и направија така како што беше заповедал Јехова. Арон го фрли својот стап пред фараонот и неговите слуги и стапот се претвори во голема змија. 11  Но и фараонот ги повика мудреците и маѓепсниците.+ И египетските свештеници што се занимаваат со магија го направија истото со своите маѓепснички вештини.+ 12  Го фрлија секој својот стап и стаповите се претворија во големи змии. Но стапот на Арон ги проголта нивните стапови. 13  Сепак, срцето на фараонот закорави+ и не ги послуша, токму како што рече Јехова. 14  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Срцето на фараонот закорави.+ Тој не сака да го пушти народот.+ 15  Појди изутрина кај фараонот! Еве, тој ќе излезе кај водата,+ а ти застани пред него на брегот на Нил+ и земи го в раце стапот што се претвори во змија.+ 16  И речи му: ‚Јехова, Богот на Евреите, ме испрати кај тебе,+ велејќи: „Пушти го мојот народ да оди и да ми служи во пустината!“+ — но еве, сѐ досега ти не послуша. 17  Вака вели Јехова:+ „По ова ќе знаеш дека јас сум Јехова.+ Еве, со стапот што ми е в рака ќе удрам по водата на Нил,+ и водата ќе се претвори во крв.+ 18  И рибите во Нил ќе изгинат,+ а Нил ќе засмрди,+ така што на Египќаните ќе им се гади да пијат вода од него“ ‘ “.+ 19  Јехова уште му рече на Мојсеј: „Речи му на Арон: ‚Земи го својот стап и испружи ја раката+ над египетските води, над нивните реки, над нилските канали, над мочуриштата+ и над сите води што ги собрале, за да се претворат во крв‘. И ќе има крв по целата египетска земја, и во дрвените и во камените садови“. 20  А Мојсеј и Арон веднаш направија онака+ како што им беше заповедал Јехова.+ И Арон го крена стапот и удри по водата на Нил пред очите на фараонот и на неговите слуги,+ та сета вода во Нил се претвори во крв.+ 21  И изгинаа рибите во Нил,+ а Нил засмрде, така што Египќаните не можеа да пијат вода од него.+ И имаше крв по целата египетска земја. 22  Но египетските свештеници што се занимаваа со магија го направија истото со своите тајни вештини,+ па фараонот остана со закоравено срце+ и не ги послуша, како што беше рекол Јехова.+ 23  Фараонот се сврте и си отиде во својот дом, и не му беше грижа ниту за тоа.+ 24  А сите Египќани копаа околу Нил барајќи вода за пиење, зашто не можеа да пијат вода од Нил.+ 25  И поминаа седум дена откако Јехова го удри Нил.

Фусноти