Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 6:1-30

6  А Јехова му рече на Мојсеј: „Сега ќе видиш што ќе му направам на фараонот.+ Принуден од силна рака ќе ги пушти, принуден од силна рака, ќе ги истера од својата земја“.+  Бог уште му рече на Мојсеј: „Јас сум Јехова.+  На Авраам,+ на Исак+ и на Јаков+ им се појавував како Бог Семоќниот,+ но со своето име Јехова+ не им се објавив.+  И склучив сојуз со нив дека ќе им ја дадам ханаанската земја, земјата во која беа дојденци.+  И јас го чув офкањето на синовите на Израел,+ коишто Египќаните ги држат во ропство и се сетив на мојот сојуз.+  Затоа речи им на синовите на Израел: ‚Јас сум Јехова, и ќе ве ослободам од бремето што ви го наметнаа Египќаните и ќе ве избавам од ропството во кое ве држат.+ Ќе ве спасам со подигната рака и со строги казни.+  Ќе ве земам за свој народ+ и ќе ви бидам Бог.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве ослободува од египетските бремиња.+  И ќе ве доведам во земјата за која се заколнав+ со крената рака дека ќе им ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков, и ќе ви ја дадам да ја поседувате.+ Јас сум Јехова‘ “.+  Потоа Мојсеј им го кажа ова на синовите на Израел, но тие не сакаа да го слушаат зашто паднаа со духот од тешкото ропство.+ 10  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 11  „Оди, речи му на фараонот, египетскиот цар,+ да ги пушти синовите на Израел да си одат од неговата земја!“+ 12  Но Мојсеј му рече на Јехова: „Еве, ниту синовите на Израел не ме слушаат,+ па како тогаш ќе ме послуша фараонот,+ кога јас тешко зборувам?“*+ 13  Но, Јехова и понатаму им зборуваше на Мојсеј и на Арон и преку нив им даваше заповеди на синовите на Израел и на фараонот, египетскиот цар, зашто сакаше да ги изведе синовите на Израел од египетската земја.+ 14  Ова се поглаварите на нивните родови: синовите на Рувим, првородениот на Израел,+ се: Анох, Фалу, Есром и Харми.+ Тоа се семејствата на Рувим.+ 15  Синовите на Симеон се: Јемуил, Јамин, Аод, Јахин, Сохар и Саул, син на една Ханаанка.+ Тоа се семејствата на Симеон.+ 16  А ова се имињата на синовите на Леви+ по нивните родови:+ Гирсон, Кат и Мерариј.+ Леви живееше сто триесет и седум години. 17  Синовите на Гирсон се: Ливниј и Симеј,+ по нивните семејства.+ 18  Синовите на Кат се: Амрам, Исар, Хеврон и Узиел.+ Кат живееше сто триесет и три години. 19  Синовите на Мерариј се: Махли и Муси.+ Тоа се семејствата на Леви по нивните родови.+ 20  Амрам се ожени со Јохаведа, сестра на татко му.+ И таа му ги роди Арон и Мојсеј.+ Амрам живееше сто триесет и седум години. 21  Синовите на Исахар се: Кореј,+ Нефег и Зихриј. 22  Синовите на Узиел се: Мисаил, Елисафан и Ситри.+ 23  Арон се ожени со Елисева, ќерка на Аминадав, сестра на Насон.+ И таа му ги роди: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.+ 24  Синовите на Кореј се: Асир, Елкана и Авијасаф.+ Тоа се семејствата на синовите на Кореј.+ 25  Елеазар, синот на Арон,+ се ожени со една од ќерките на Футил. И таа му го роди Финес.+ Тоа се поглаварите на родови во Левиевото племе по нивните семејства.+ 26  Тоа се оној Арон и оној Мојсеј на кои Јехова им рече:+ „Изведете ги синовите на Израел од египетската земја по нивните чети!“+ 27  Тие му зборуваа на фараонот, египетскиот цар, да ги пушти синовите на Израел од Египет.+ Тоа се Мојсеј и Арон. 28  Во денот кога му зборуваше на Мојсеј во египетската земја,+ 29  Јехова му рече на Мојсеј: „Јас сум Јехова.+ Кажи му на фараонот, царот на Египет, сѐ што ќе ти речам“. 30  А Мојсеј рече пред Јехова: „Јас тешко зборувам, па како ќе ме послуша  фараонот мене?“+

Фусноти

Буквално: „кога имам необрежани усни“, како усните да имаат некаква необрежана кожичка (алудира на кожичката на полов орган), па затоа се невешти и не можат да зборуваат јасно.