Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 5:1-23

5  Потоа Мојсеј и Арон отидоа и му рекоа на фараонот:+ „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Пушти го мојот народ да појде во пустината и да одржи свеченост во моја чест!‘ “+  Но фараонот рече: „Кој е Јехова,+ па да го послушам неговиот глас и да го пуштам Израел?+ Јас не го познавам+ тој Јехова и нема да го пуштам Израел“.+  Но тие одговорија: „Богот на Евреите ни се јави.+ Затоа, те молиме, пушти нѐ да отидеме на три дена одење во пустината и да му принесеме жртва на Јехова, својот Бог,+ за да не испрати врз нас чума или меч!“+  Тогаш египетскиот цар им рече: „Мојсеј и Арон, зошто го одвраќате народот од работата?+ Одете на својата работа!“+  Фараонот потоа продолжи: „Еве, сега кога овој народ е многуброен во земјата,*+ вие го одвраќате од неговата работа!“+  Уште истиот ден фараонот им заповеда на надзорниците на народот и на неговите управители:+  „Повеќе немојте да му давате на народот слама да прави тули+ како досега! Сами нека одат да си собираат слама!  А барајте од нив и понатаму исто количество тули како што правеа и досега! Не намалувајте го, бидејќи се мрзливи!+ Затоа и викаат: ‚Сакаме да одиме и да му принесеме жртва на нашиот Бог!‘+  Наметнете им тешка работа на тие луѓе, нека работат за да не обрнуваат внимание на лажливи зборови!“+ 10  Така надзорниците на народот+ и неговите управители отидоа и му рекоа на народот: „Вака вели фараонот: ‚Повеќе нема да ви давам слама. 11  Одете и сами набавете си слама од таму каде што можете да ја најдете, но работата нема ни најмалку да ви се намали!‘ “+ 12  Така народот се разотиде по целата египетска земја да собира стрниште наместо  слама. 13  А надзорниците ги тераа,+ велејќи: „Секој ден морате да ја завршите секој својата работа исто како кога добивавте слама“.+ 14  И ги тепаа+ управителите+ на синовите на Израел, коишто фараоновите надзорници ги беа поставиле над нив, и им приговараа: „Зошто ни вчера ни денес не ја завршивте работата што ви беше одредена и не направивте онолку тули+ колку што правевте и порано?“+ 15  Тогаш управителите+ на синовите на Израел отидоа да му се пожалат на фараонот, па му рекоа: „Зошто постапуваш така со своите слуги? 16  Твоите слуги повеќе не добиваат слама, а сепак од нас се бара: ‚Правете тули!‘ Дури и ги тепаат твоите слуги, а виновен е твојот народ“.+ 17  Но тој рече: „Вие сте мрзливци! Мрзливци!+ Затоа и велите: ‚Сакаме да одиме и да му принесеме жртви на Јехова‘.+ 18  А сега одете на работа! Слама нема да ви се дава, но морате да направите онолку тули колку што ви е одредено“.+ 19  Тогаш управителите на синовите на Израел видоа дека ги снајде зло зашто им беше речено:+ „Не смеете да ја намалите дневната количина на тули!“+ 20  Откако излегоа откај фараонот ги сретнаа Мојсеј и Арон,+ кои ги чекаа. 21  Веднаш им рекоа: „Јехова нека ве види и нека суди,+ зашто поради вас нѐ замразија+ фараонот и неговите слуги! Им дадовте меч во раката за да нѐ убијат“.+ 22  Тогаш Мојсеј му се обрати на Јехова:+ „Јехова, зошто му нанесуваш зло на овој народ?+ Зошто ме испрати?+ 23  Зашто, откако стапив пред фараонот за да зборувам во твое име,+ тој му прави зло на овој народ,+ а ти никако да го избавиш својот народ“.+

Фусноти

Буквално: „народот од земјата (хебрејски: ам хаарец) е многуброен“.