Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 39:1-43

39  Од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна и од светлоцрвен материјал+ направија фино исткаена одежда+ за служба во светото место.+ Направија света одежда+ за Арон, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.  И го направи ефодот+ од злато, од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна, од светлоцрвен материјал и од фино испреден лен.  Потоа од златни плочи исковаа танки листови, а тој ги изрежа на нишки за да ги вткае во сината преѓа, во црвеникаво-виолетовата волна, во светлоцрвениот материјал и во фино испредениот лен.+  Му направија прерамки што се составуваа. Ефодот беше прицврстен на своите два краја.  Појасот на него, со којшто се опашуваше, беше изработен од ист материјал како и тој: од злато, од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна, од светлоцрвен материјал и од фино испреден лен,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.  Потоа ги вградија камењата оникс+ во рамки од злато. На нив, како што се врежува на печат, беа врежани имињата на синовите на Израел.+  И ги прицврсти на прерамките од ефодот за да им бидат спомен-камења+ на синовите на Израел, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.  Потоа го направи наградникот,+ вешто извезен, и го изработи како и ефодот: од злато, од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна, од светлоцрвен материјал и од фино испреден лен.+  Беше четириаголен кога ќе се преклопеше. Го направија наградникот кој, преклопен, беше една педа долг и една педа широк.+ 10  Во него вградија четири реда камења. Рубин, топаз и смарагд во првиот ред.+ 11  Во вториот+ ред тиркиз, сафир+ и јаспис.+ 12  Во третиот+ ред лешем,* ахат и аметист. 13  А во четвртиот+ ред хризолит, оникс+ и нефрит. Со златни рамки беа вградени на своите места. 14  Камења имаше исто колку и имиња на Израеловите синови. Беа дванаесет, колку и нивните имиња, а на секој, како на печат, беше врежано името на едно од дванаесетте племиња.+ 15  На наградникот направија плетени синџирчиња од чисто злато, плетени како јаже.+ 16  Потоа направија две рамки од злато и два прстена од злато, па тие два прстена ги прицврстија за двата краја на наградникот.+ 17  Ги провлекоа двете плетени врвци од злато низ двата прстена на краевите од наградникот.+ 18  Двата краја на двете врвци ги провлекоа низ двете рамки и потоа ги прицврстија за прерамките на ефодот од предната страна.+ 19  Потоа направија два прстена од злато и ги прицврстија за двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, кој е свртен кон ефодот.+ 20  Направија уште два прстена од злато и ги прицврстија за долниот крај од двете прерамки од надворешната страна на ефодот,  близу местото каде што е составен ефодот, над неговиот појас.+ 21  Наградникот, преку неговите прстени, го врзаа со сина врвца за прстените на ефодот, така што наградникот стоеше над појасот на ефодот и не се одделуваше од ефодот, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ 22  Потоа направи туника без ракави,+ која се носи под ефодот, целата исткаена од сина преѓа. 23  Во средината на туниката имаше отвор за главата, како околувратник на оклоп. Отворот наоколу беше порабен за да не се цепи.+ 24  На поработ од туниката направија калинки од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна, од светлоцрвен материјал, испредени заедно.+ 25  Потоа направија ѕвончиња од чисто злато, ги прицврстија помеѓу калинките,+ околу поработ на туниката, меѓу калинките, 26  ѕвонче и калинка, ѕвонче и калинка, околу поработ на туниката+ во која се вршеше службата, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 27  Потоа на Арон и на неговите синови им направија кошули исткаени од фин лен,+ 28  турбан+ од фин лен, украсени капи+ од фин лен, гаќи+ од фино испреден лен, 29  појаси+ исткаени од фино испреден лен, од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна и од светлоцрвен материјал, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 30  Најпосле ја направија сјајната плочка од чисто злато, светиот знак на предаденоста, и на неа, како на печат, врежаа натпис: „Јехова е свет“.+ 31  На неа прицврстија врвца од сина преѓа за да ја врзат на турбанот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 32  Така беше довршена целата работа околу шаторот, шаторот на средбата. Синовите на Израел направија сѐ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ Токму така направија. 33  И му го донесоа на Мојсеј светиот шатор,+ неговиот покров+ и сиот негов прибор,+ неговите куки,+ ѕидни рамки,+ напречници,+ столбови и подножја;+ 34  потоа покровот од црвено бојадисани овнешки кожи,+ покровот од фокини кожи+ и преградната завеса;+ 35  ковчегот+ на сведоштвото со неговите лостови+ и со поклопецот;+ 36  масата+ со сиот нејзин прибор+ и лебот што ќе се стави пред Бог; 37  светилникот+ од чисто злато, неговите светилки, светилките наредени во низ,+ и сиот негов прибор+ и маслото за осветлување;+ 38  жртвеникот+ од злато, маслото за помазание,+ мирисливиот темјан+ и завесата+ за влезот на шаторот; 39  жртвеникот+ од бакар со неговата решетка+ од бакар, неговите лостови+ и сиот негов прибор,+ мијалникот+ со неговото подножје;+ 40  завесите+ за дворот, неговите столбови+ и подножја+ и завесата+ на влезот во дворот, неговите јажиња+ и клинови+ и сиот прибор+ за службата во шаторот, шаторот на средбата; 41  фино исткаената одежда+ за службата во светилиштето, светата+ одежда за свештеникот Арон и одеждите за неговите синови, за да служат како свештеници.+ 42  Онака како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј, така синовите на Израел ја извршија сета таа работа.+ 43  И Мојсеј прегледа сѐ што беше направено, и виде дека направиле онака како што беше заповедал Јехова, така направиле. И Мојсеј ги благослови.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 28:19.