Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 38:1-31

38  Од дрвото акација го направи жртвеникот за жртви паленици. Беше пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, и три лакти висок.+  На неговите четири агли му направи рогови.+ Роговите излегуваа од него. Потоа го обложи со бакар.+  Го направи и сиот прибор за жртвеникот: лонците, лопатите, чиниите, виљушките и пепелниците. Сиот негов прибор го направи од бакар.+  На жртвеникот потоа му направи решетка, мрежа од бакар, под рабниот појас, така што беше на средината од жртвеникот.+  Излеа четири прстени на четирите агли близу до бакарната решетка за низ нив да се провлечат лостовите.  Лостовите ги направи од дрвото акација и ги обложи со бакар.+  Ги провлече лостовите низ прстените од обете страни на жртвеникот за да може да се носи.+ Го направи шуплив, од штици.+  Потоа од огледалата* на слугинките што служеа* на влезот од шаторот на средбата+ според својот ред, направи мијалник од бакар+ со подножје од бакар.  Го направи и дворот.+ На страната што гледаше кон Негев, на јужната страна, дворните завеси беа од фино испреден лен, сто лакти во должина.+ 10  Нивните дваесет столбови и дваесет подножја беа од бакар. Клиновите на столбовите и нивните спојки беа од сребро.+ 11  И завесите на северната страна беа од сто лакти. Нивните дваесет столбови и дваесет подножја беа од бакар. Клиновите на столбовите и нивните спојки беа од сребро.+ 12  Завесите на западната страна беа долги педесет лакти, со десет столбови и десет подножја.+ Клиновите на столбовите и нивните спојки беа од сребро. 13  Источната страна, кон изгрејсонце, беше долга педесет лакти.+ 14  Завесите од едната страна на влезот беа долги петнаесет лакти, со три столба и три подножја.+ 15  А исто така и од другата страна на влезот во дворот — значи, на обете страни — завесите беа долги по петнаесет лакти, со три столба и со три подножја.+ 16  Сите дворни завеси наоколу беа од фино испреден лен. 17  Подножјата за столбовите беа од бакар. Клиновите на столбовите и нивните спојки беа од сребро. Врвовите на столбовите беа обложени со сребро и сите дворни столбови имаа сребрени спојки.+ 18  Завесата на влезот во дворот беше исткаена од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна, од светлоцрвен материјал и од фино испреден лен.+ Беше долга дваесет лакти, а висока пет лакти, по целата ширина, како и другите дворни завеси.+ 19  Нејзините четири столба со четирите подножја беа од бакар. Клиновите им беа од сребро, главите на столбовите беа обложени со сребро, а спојките исто така им беа од сребро. 20  Сите клинови за шаторот и за дворот наоколу беа од бакар.+ 21  Ова е пописот на работите за шаторот, шаторот на Сведоштвото,+ кој на заповед од Мојсеј го составија левитите во својата служба+ под водство на Итамар,+ синот на свештеникот Арон. 22  Веселеил,+ синот на Уриј, син на Ор, од племето на Јуда, направи сѐ што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 23  Со него беше Олијав,+ синот на Ахисамах, од племето на Дан, вешт во занаетчиски работи, во везење и ткаење сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал и фин лен. 24  Количината злато што беше потрошено за оваа работа, за сите работи околу светото место, беше еднаква на количината злато што беше принесено како нишана жртва,+ а изнесуваше дваесет и девет таланти* и седумстотини и триесет сикли според светиот сикел.+ 25  А сребро добиено при попишувањето на заедницата имаше сто таланти и илјада седумстотини седумдесет и пет сикли, според светиот сикел. 26  По половина сикел* од човек, односно половина сикел според светиот сикел, за секој што беше попишан, од дваесет години нагоре.+ Беа попишани шестотини и три илјади петстотини и педесет.+ 27  Сто таланти сребро отиде за лиење на подножјата за светото место и за подножјата за завесата. За сто подножја беа потрошени сто таланти, по еден талант за подножје.+ 28  Од илјада седумстотини седумдесет и пет сикли направи клинови за столбовите, ги обложи врвовите на столбовите и ги состави. 29  Бакар, кој беше принесен како нишана жртва, имаше седумдесет таланти и две илјади и четиристотини сикли. 30  Од него ги направи подножјата за влезот во шаторот на средбата, бакарниот жртвеник и неговата бакарна решетка и сиот прибор за жртвеникот, 31  потоа подножјата за дворот наоколу, подножјата на влезот во дворот, сите клинови за шаторот и сите клинови за дворот наоколу.+

Фусноти

Тоа биле огледала од полиран метал.
Или: „што служеа на организиран начин“.
Види го додатокот 13.
„Половина сикел“ — буквално: ,бека [сребро]‘. Види го додатокот 13.