Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 37:1-29

37  Веселеил+ го направи ковчегот+ од дрвото акација, два и пол лакти долг, лакот и пол широк, а лакот и пол висок.+  Потоа го обложи со чисто злато, однатре и однадвор, а околу работ му направи венец од злато.+  Потоа за него излеа четири прстени од злато и ги прицврсти над четирите негови ногалки, два прстена од едната страна, а два прстена од другата страна.+  Направи и лостови од дрвото акација и ги обложи со злато.+  Потоа ги провлече лостовите низ прстените на обете страни на ковчегот, за да може ковчегот да се носи.+  Направи и поклопец+ од чисто злато, два и пол лакти долг, а лакот и пол широк.+  Потоа направи два херувима од злато. Ги изработи од ковано злато на двата краја од поклопецот.+  Едниот херувим беше на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај. Херувимите ги направи на двата краја од поклопецот.+  Херувимите имаа крилја раширени угоре и со своите крилја го засолнуваа поклопецот,+ а со лицата беа свртени еден кон друг. Лицата на херувимите гледаа кон поклопецот.+ 10  Тој направи маса од дрвото акација,+ два лакта долга, еден лакот широка, а лакот и пол висока.+ 11  Ја обложи со чисто злато, а околу работ ѝ направи венец од злато.+ 12  Потоа ѝ направи рамка наоколу, широка една дланка, а околу рамката ѝ направи венец од злато.+ 13  Ѝ излеа четири прстени од злато, па тие прстени ги прицврсти на четирите агли каде што се четирите нејзини ногалки.+ 14  Прстените беа до самата рамка, како држачи за лостовите, за да може масата да се носи.+ 15  Лостовите ги направи од дрвото акација и ги обложи со злато, за да може да се носи масата.+ 16  Потоа го направи приборот што се чува на масата — чинии, чаши, садови и бокали за излевање на жртви налевници — сѐ од чисто злато.+ 17  Потоа го направи светилникот+ од чисто злато. Светилникот беше искован. Неговото стебло, а и гранките, чашките, пупките и цветовите излегуваа од него.+ 18  Шест гранки излегуваа од неговото стебло: три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки од другата страна.+ 19  По три чашки во вид на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично, имаше на секоја гранка од едната страна, а три чашки во вид на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично, на секоја гранка од другата страна. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.+ 20  На стеблото од светилникот имаше четири чашки во вид на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично.+ 21  Една пупка имаше под две гранки што излегуваа од него, една пупка имаше под другите две гранки што излегуваа од него и една пупка имаше под двете последни гранки што излегуваа од него, зашто шест гранки излегуваа од светилникот.+ 22  Нивните пупки и гранки излегуваа од него. Сѐ беше исковано во едно парче, од чисто злато.+ 23  За него направи седум светилки, како и штипка за гаснење на фитилот и пепелници од чисто злато.+ 24  Од еден талант чисто злато го направи светилникот и сиот негов прибор. 25  Го направи кадилниот жртвеник+ од дрвото акација,+ еден лакот* долг и еден лакот широк, четириаголен, и два лакта висок. Од него излегуваа рогови.+ 26  Го обложи со чисто злато: горната површина, страните наоколу и роговите. Околу работ му направи венец од злато.+ 27  Му направи по два прстена од злато под венецот на двете страни, на двете спротивни страни, за низ нив да се провлечат лостовите за носење.+ 28  Потоа ги направи лостовите од дрвото акација и ги обложи со злато.+ 29  И вешто го приготви и светото масло за помазание+ и чистиот мирислив темјан.+

Фусноти

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.