Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 36:1-38

36  И Веселеил нека работи, а со него и Олијав+ и сите вешти луѓе на кои Јехова им дал вештина+ и знаење*+ за да умеат да ги работат сите работи во светата служба онака како што заповеда Јехова“.+  И Мојсеј ги викна Веселеил и Олијав и сите вешти луѓе што Јехова ги надари со вештина,+ сите што ги поттикнуваше срцето да се зафатат со работата и да ја завршат.+  Тие ги презедоа од Мојсеј сите прилози+ што ги донесоа синовите на Израел за работата во светата служба. А овие и понатаму му донесуваа доброволни приноси утро по утро.  И сите вешти луѓе, кои ја работеа целата таа света работа, доаѓаа, секој од работата што ја работеше,  и му велеа на Мојсеј: „Народот донесува многу повеќе отколку што е потребно за работата во службата што Јехова заповеда да се изврши“.  Затоа Мојсеј нареди да се разгласи по логорот: „Мажи и жени! Не изработувајте ништо повеќе за светиот прилог!“ И не му дозволија на народот да донесе уште нешто.  Имаше доволно од сѐ за да се заврши сета работа, па дури и многу повеќе.  Највештите+ луѓе меѓу оние што ја вршеа таа работа го направија светиот шатор+ од десет парчиња шаторско платно од фино испреден лен, од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна и од светлоцрвен материјал. Тој* на нив извезе херувими.*  Должината на секое парче изнесуваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти. Истата мерка беше за сите парчиња шаторско платно. 10  Потоа состави пет парчиња едно со друго,+ а и другите пет парчиња ги состави едно со друго. 11  Па направи петелки од сина преѓа на работ од последното парче платно во едниот низ, на местото каде што се составуваа низовите. Истото го направи и на работ од последното парче платно во другиот низ, на местото каде што се составуваа низовите.+ 12  Направи педесет петелки на работ од едниот низ и педесет петелки на работ од другиот низ, на местото каде што се составуваа низовите, така што петелките стоеја една спроти друга.+ 13  Потоа направи педесет куки од злато, па со тие куки ги состави низовите еден со друг. Така шаторот беше составен во една целина.+ 14  Направи шаторско платно од козји влакна за покров на шаторот. Направи единаесет парчиња такво платно.+ 15  Должината на секое парче изнесуваше триесет лакти, а ширината четири лакти. Истата мерка беше за сите единаесет парчиња шаторско платно.+ 16  Потоа состави пет парчиња одделно и останатите шест парчиња одделно.+ 17  Направи педесет петелки на работ од последното парче во едниот низ, на местото каде што се составуваа низовите, и педесет петелки на работ од последното парче во другиот низ, за да се соединат низовите.+ 18  Потоа направи педесет куки од бакар за да се состави покровот во една целина.+ 19  Направи и покров за шаторот од црвено бојадисани овнешки кожи, а врз тоа покров од фокини кожи.+ 20  Потоа, од дрвото акација+ направи ѕидни рамки за шаторот, кои стоеја исправено. 21  Должината на секоја рамка изнесуваше десет лакти, а ширината лакот и пол.+ 22  Секоја рамка имаше по два клина еден до друг. Истото го направи на сите рамки од шаторот.+ 23  Направи рамки за шаторот, дваесет рамки за страната што гледа кон Негев, накај југ.+ 24  Направи четириесет подножја од сребро за под дваесетте рамки, по две подножја под една рамка со нејзините два клина, и така по ред, по две подножја под секоја рамка со нејзините два клина.+ 25  И за другата страна од шаторот, за северната страна, направи дваесет рамки+ 26  и за нив четириесет подножја од сребро, по две подножја под една рамка, и така по ред, по две подножја под секоја рамка.+ 27  За задната страна од шаторот, за западната страна, направи шест рамки.+ 28  А две рамки направи како аголни столбови на шаторот на задната страна.+ 29  Беа удвоени при дното, двете беа удвоени сѐ до врвот, до првиот прстен. Така ги направи две, да сочинуваат два аголни столба.+ 30  Имаше вкупно осум рамки со нивните шеснаесет подножја од сребро, по две подножја под секоја рамка.+ 31  Направи напречници од дрвото акација, пет за рамките од едната страна на шаторот,+ 32  пет напречници за рамките од другата страна на шаторот и пет напречници за рамките на задната страна на шаторот, на западната страна.+ 33  Потоа го направи средниот напречник, кој поминуваше по средината на ѕидните рамки од едниот крај до другиот.+ 34  Рамките ги обложи со злато, им направи прстени од злато низ кои беа провлечени напречниците, а и напречниците ги обложи со злато.+ 35  Направи завеса+ од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна, од светлоцрвен материјал и од фино испреден лен. На неа извезе херувими.+ 36  За неа направи четири столба од дрвото акација и ги обложи со злато. Клиновите им беа од злато, а од сребро им излеа четири подножја.+ 37  За влезот на шаторот направи завеса исткаена од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна, од светлоцрвен материјал и од фино испреден лен,+ 38  и за неа пет столбови со клинови. Врвовите на столбовите и нивните спојки ги обложи со злато, а нивните пет подножја беа од бакар.+

Фусноти

Буквално: „мудри луѓе на кои Јехова им дал мудрост и разборитост“. За изразот „знаење (разборитост)“ види ја фуснотата за Из 3:5.
По сѐ изгледа, Веселеил.
Херувими се ангели на висока положба.