Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 35:1-35

35  Потоа Мојсеј ја свика целата заедница од синови на Израел, па им рече: „Ова се зборовите што Јехова ги заповеда да ги извршувате:+  шест дена нека се извршува работата,+ а седмиот ден нека ви биде свет, ден за одмор,* за потполн одмор посветен на Јехова. Секој што во тој ден ќе работи некаква работа, да биде погубен.+  На ден за одмор не палете оган во своите домови“.  Мојсеј понатаму ѝ рече на целата заедница од синови на Израел: „Ова е речта што ја заповеда Јехова:  ‚Соберете меѓу себе прилог за Јехова.+ Секој што има спремно срце+ нека донесе како прилог за Јехова злато, сребро и бакар,+  потоа сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал, фин лен, козји влакна,+  црвено бојадисани овнешки кожи, фокини кожи, дрво акација,  масло за осветлување, балсам за маслото за помазание и за мирисливиот темјан,+  а за ефодот и за наградникот,+ оникс и други камења за вградување.+ 10  Сите што се вешти*+ меѓу вас нека дојдат и нека направат сѐ што заповеда Јехова: 11  светиот шатор со неговите покрови, со неговите куки и ѕидни рамки, со неговите напречници, со неговите столбови и со неговите подножја; 12  ковчегот+ и неговите лостови,+ поклопецот+ и преградната завеса;+ 13  масата,+ нејзините лостови и сиот нејзин прибор, како и лебот што ќе се стави пред Бог;+ 14  светилникот+ за осветлување, неговиот прибор, неговите светилки и маслото+ за осветлување; 15  кадилниот жртвеник+ и неговите лостови; маслото за помазание и мирисливиот темјан;+ завесата на влезот во шаторот; 16  жртвеникот+ за жртви паленици со неговата бакарна решетка, неговите лостови и сиот негов прибор; мијалникот+ и неговото подножје; 17  завесите за дворот,+ столбовите и подножјата; завесата за влезот во дворот; 18  клиновите за шаторот и клиновите за дворот со нивните јажиња;+ 19  фино исткаените одежди+ за служба во светилиштето, светата одежда+ за свештеникот Арон и одеждите за неговите синови за да служат како свештеници‘ “. 20  Тогаш целата заедница од синови на Израел си отидоа откај Мојсеј. 21  Потоа секој кого го наведе срцето да го стори тоа,+ секој што сакаше,* дојде и донесе прилог за Јехова за изградба на шаторот на средбата, за сета служба во него и за светите одежди. 22  Доаѓаа и мажи и жени, сите што имаа спремно срце. И донесуваа украсни копци, обетки, прстени и женски накит, секакви златни предмети — сите коишто на Јехова му ја принесоа нишаната жртва во злато.+ 23  И сите кај коишто ќе се најдеше сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал, фин лен, козји влакна, црвено бојадисани овнешки кожи и фокини кожи, го донесуваа тоа што го имаа.+ 24  Секој што даваше како прилог сребро и бакар, го донесуваше тоа како прилог за Јехова. И сите кај коишто ќе се најдеше дрво акација за секаква работа во службата, го донесуваа. 25  Сите вешти*+ жени предеа со своите раце и го донесуваа она што го предеа: сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал и фин лен. 26  Сите вешти жени, чие срце ги поттикнуваше* на тоа, предеа козји влакна. 27  Поглаварите донесуваа оникс и други камења за вградување за ефодот и за наградникот,+ 28  потоа балсам, масло за осветлување, за помазание и за мирислив темјан.+ 29  Сите мажи и жени, чие срце ги поттикнуваше да донесат нешто за сета работа за која Јехова преку Мојсеј заповеда да биде извршена, го направија тоа. Така синовите на Израел донесоа доброволен принос за Јехова.+ 30  Потоа Мојсеј им рече на синовите на Израел: „Еве, Јехова го повика по име Веселеил,+ синот на Уриј, син на Ор, од племето на Јуда. 31  Го исполни со Божји дух, давајќи му мудрост, разбирање* и знаење за секакви занаетчиски работи: 32  да прави нацрти, да работи со злато, со сребро и со бакар,+ 33  да обработува камења и да ги вградува, да обработува дрво и вешто да изработува секакви предмети.+ 34  Му даде способност* да поучува други, нему и на Олијав,+ синот на Ахисамах, од племето на Дан. 35  Ги надари со вештина*+ да работат секакви занаетчиски работи, да везат,+ да ткаат сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал, фин лен и други видови ткаенини, да умеат да работат секаква работа и да умеат да прават нацрти.

Фусноти

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „мудри“.
Буквално: „секој кого неговиот дух го поттикнуваше на тоа“.
Буквално: „жени со мудро срце“.
Буквално: „жени чиешто мудро срце ги поттикнуваше на тоа“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „Му стави во срцето“.
Буквално: „Им го исполни срцето со мудрост“.