Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 33:1-23

33  Јехова потоа му рече на Мојсеј: „Оди! Ти и народот што го изведе од египетската земја+ отидете одовде во земјата за која им се заколнав на Авраам, на Исак и на Јаков: ‚Ќе му ја дадам на твоето потомство‘.+  Ќе испратам пред тебе ангел+ и ќе ги истерам Ханаанците, Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+  Оди во земјата во која тече мед и млеко!+ А јас нема да одам меѓу вас, зашто сте непокорен* народ, + за да не ве истребам по патот“.+  Кога ги чу тие тешки зборови, народот почна да тагува.+ Никој не го стави својот накит на себе.  И Јехова му рече на Мојсеј: „Кажи им на синовите на Израел: ‚Вие сте непокорен* народ.+ Кога би дошол меѓу вас само за момент,+ би ве истребил. Затоа, симнете го од себе сиот накит, па да видам што ќе направам со вас!‘ “+  Така синовите на Израел го симнаа од себе својот накит на планината Хорив+ и оттогаш повеќе не го носеа.  А Мојсеј го зеде својот шатор, го распна надвор од логорот, далеку од логорот, и го нарече шатор на средбата. Секој што сакаше да го праша+ нешто Јехова, одеше кај шаторот на средбата, кој се наоѓаше надвор од логорот.  Кога Мојсеј ќе тргнеше кон шаторот, целиот народ ќе станеше.+ Секој стоеше на влезот од својот шатор и гледаше по Мојсеј додека тој не влезеше во шаторот.  А кога Мојсеј ќе влезеше во шаторот, столбот од облак+ се спушташе и стоеше на влезот од шаторот додека Бог разговараше+ со Мојсеј. 10  И целиот народ го гледаше столбот од облак+ како стои на влезот од шаторот, и тогаш целиот народ стануваше и секој се поклонуваше на влезот од својот шатор.+ 11  А Јехова разговараше со Мојсеј лице в лице,+ како што разговара човек со својот ближен. Потоа Мојсеј се враќаше во логорот, а неговиот слуга+ Исус, синот на Навин,+ неговиот помошник, не се помрднуваше од шаторот. 12  Мојсеј му рече на Јехова: „Еве, ти ми велиш: ‚Води го овој народ‘, но не ми кажа кого ќе испратиш со мене. Уште ми рече: ‚Те знам по име,+ и ти најде милост во мои очи‘. 13  Затоа сега те молам, ако сум нашол милост во твои очи,+ објави ми ги своите патишта+ за да те запознаам и да најдам милост во твои очи! И сети се дека овој народ е твој народ!“+ 14  А тој му рече: „Јас ќе појдам со тебе+ и ќе ти дадам починка“.+ 15  „Ако не појдеш ти со нас“, одговори Мојсеј, „немој ни да нѐ водиш одовде! 16  По што ќе се знае дека јас и твојот народ сме нашле милост во твои очи? Зарем не по тоа што ти одиш со нас,+ па јас и твојот народ се разликуваме од сите други народи што се на лицето на земјата?“+ 17  А Јехова му одговори на Мојсеј: „И ова што го рече ќе го направам,+ зашто најде милост во мои очи и те знам по име“. 18  На ова Мојсеј рече: „Те молам, покажи ми ја својата слава!“+ 19  А тој му одговори: „Ќе направам сета моја добрина да помине пред твоето лице+ и ќе го објавам пред тебе името Јехова.+ Ќе бидам милостив кон кого што сакам да бидам милостив и ќе му се смилувам на оној кому сакам да му се смилувам“.+ 20  Потоа додаде: „Но не можеш да го видиш моето лице, зашто не може човек да ме види мене и да остане жив“.+ 21  Јехова продолжи: „Еве место кај мене, застани на карпата! 22  Додека поминува мојата слава, ќе те ставам во шуплината од карпата и ќе те засолнам со својата рака додека не поминам. 23  Потоа ќе ја тргнам раката, па ќе ме видиш од зад грб. Но моето лице не може да се види“.+

Фусноти

Или: „тврдоврат“.
Или: „тврдоврат“.