Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 32:1-35

32  А кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината,+ народот се собра околу Арон и му рече: „Стани и направи ни бог кој ќе оди пред нас,+ зашто не знаеме што се случи со оној Мојсеј, човекот што нѐ изведе од египетската земја!“+  А Арон им одговори: „Симнете ги златните обетки+ од ушите на вашите жени, на вашите синови и на вашите ќерки, па донесете ми ги мене!“  И сиот народ фати да ги симнува златните обетки што ги имаше на ушите и да му ги донесува на Арон.  Потоа тој го зеде златото од нивните раце, го обликува+ со резбарска алатка и направи леано теле.+ А тие извикаа: „Ова е, о Израеле, твојот Бог, кој те изведе од египетската земја!“+  Кога го виде тоа, Арон изгради жртвеник пред него. Потоа извика: „Утре има свеченост во чест на Јехова!“  Така, утредента станаа рано и почнаа да принесуваат жртви паленици и жртви на заедништвото. Тогаш народот седна да јаде и да пие. Потоа станаа да се забавуваат.+  А Јехова му рече на Мојсеј: „Појди долу, зашто твојот народ, кој го изведе од египетската земја, се расипа!+  Брзо скршнаа од патот што им го одредив.+ Си направија леано теле, па му се поклонуваат и му принесуваат жртви, велејќи: ‚Ова е, о Израеле, твојот Бог, кој те изведе од египетската земја‘ “.+  Јехова уште му рече на Мојсеј: „Погледнав на тој народ и гледам дека е непокорен* народ.+ 10  Пушти ме сега мојот гнев да се разгори против нив и да ги истребам,+ а од тебе ќе направам голем народ!“+ 11  А Мојсеј настојуваше да го смилостиви* лицето на Јехова, својот Бог,+ велејќи: „Јехова, зошто да се разгорува твојот гнев+ против твојот народ што го изведе од египетската земја со голема сила и со силна рака? 12  Зошто да речат Египќаните:+ ‚Ги изведе со зла намера за да ги погуби во планините и да ги истреби од лицето на земјата‘?+ Стивни го својот распламтен гнев+ и нека ти биде жал+ за злото што сакаше да му го нанесеш на својот народ! 13  Сети се на Авраам, Исак и Израел, твоите слуги, на кои ти им се заколна во себе+ и им рече: ‚Ќе го намножам вашето потомство за да го има како ѕвездите на небото,+ и целата оваа земја за која зборував ќе му ја дадам на вашето потомство+ да ја поседува засекогаш!‘ “+ 14  И Јехова зажали поради тоа што рече дека ќе му нанесе зло на својот народ.+ 15  Потоа Мојсеј се сврте и слезе од планината+ со двете плочи на Сведоштвото+ во рацете, со плочите испишани од обете страни. И од едната и од другата страна беа испишани. 16  Плочите беа Божје дело, а писмото беше Божје писмо врежано на плочите.+ 17  А Исус Навин ја чу вревата што доаѓаше откај народот кој викаше, па му рече на Мојсеј: „Во логорот има борбена викотница“.+ 18  Но Мојсеј му одговори: „Тоа не е звук на песна за јунаштво,+ ниту звук на тажачка поради пораз. Поинаква песна е тоа што го слушам“. 19  Кога се приближи до логорот и ги виде телето+ и играњето, Мојсеј силно се разгневи, па ги фрли од раце плочите и ги разби во подножјето на планината.+ 20  Потоа го зеде телето што го беа направиле, го изгоре во оган и го столчи во прав,+ а правта ја расфрли по водата+ и ги натера синовите на Израел да ја пијат.+ 21  Потоа Мојсеј му рече на Арон: „Што ти сторил овој народ, па му навлече толку голем грев?“ 22  А Арон одговори: „Нека не се гневи мојот господар! И самиот добро знаеш каков е овој народ, дека е склон кон зло.+ 23  Ми рекоа: ‚Направи ни бог кој ќе оди пред нас,+ зашто не знаеме што се случи со оној Мојсеј, човекот што нѐ изведе од египетската земја!‘ 24  А јас им реков: ‚Кој има злато, нека го симне и нека ми го донесе‘. И јас го фрлив во оган, па излезе ова теле“. 25  И виде Мојсеј дека народот се разуздал, бидејќи Арон го беше пуштил да се разузда,+ за срам пред противниците.+ 26  Тогаш Мојсеј застана на вратата од логорот и рече: „Кој е на Јеховина страна, кај мене!“+ И сите синови на Леви почнаа да се собират околу него. 27  А тој им рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Секој нека си го опаше мечот на бедрото и нека помине по целиот логор од врата до врата, па нека го убие секој својот брат, секој својот ближен и секој својот другар!‘ “+ 28  И синовите на Леви+ направија како што им рече Мојсеј, така што во тој ден паднаа околу три илјади луѓе од народот. 29  Тогаш Мојсеј рече: „Зајакнете ги денес своите раце* за да му служите на Јехова,+ зашто секој од вас се бори против својот син и против својот брат,+ за да ви даде денес благослов!“+ 30  Утредента Мојсеј му рече на народот: „Направивте голем грев.+ Сега ќе се качам кај Јехова. Можеби ќе добијам прошка за вашиот грев“.+ 31  И така Мојсеј се врати кај Јехова и рече: „Ах, овој народ направи голем грев со тоа што си направи бог од злато!+ 32  Кога би им го простил гревот...+ Ако не сакаш, те молам, избриши ме+ од својата книга+ што ја напиша!“ 33  Но Јехова му одговори на Мојсеј: „Оној што ми згрешил ќе го избришам од својата книга.+ 34  А сега оди и поведи го народот каде што ти реков! Еве, мојот ангел ќе оди пред тебе.+ Но во денот кога ќе казнувам, ќе ги казнам поради нивниот грев“.+ 35  И Јехова го удри народот со помор, бидејќи направи теле, кое го беше изработил Арон.+

Фусноти

Или: „тврдоврат“.
Буквално: „омекне“.
Буквално: „Наполнете си ги (...) рацете“.