Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 31:1-18

31  Потоа Јехова му рече на Мојсеј:  „Еве, го повикав по име Веселеил,+ синот на Уриј, син на Ор, од племето на Јуда.+  И јас ќе го исполнам со духот Божји за да добие мудрост, разбирање* и знаење за секакви занаетчиски работи:+  да прави нацрти, да работи со злато, со сребро и со бакар,+  да обработува камења и да ги вградува,+ да обработува дрво и да изработува секакви предмети.+  Еве, му го дадов за помошник Олијав, синот на Ахисамах, од племето на Дан.+ И сите други што се вешти ги обдарив со вештина* за да можат да направат сѐ што ти заповедав:+  шаторот на средбата,+ ковчегот+ за сведоштвото со поклопецот на него,+ целиот прибор што му припаѓа на шаторот,  масата со нејзиниот прибор,+ светилникот од чисто злато со сиот негов прибор,+ кадилниот жртвеник,+  жртвеникот за жртви паленици со сиот негов прибор,+ мијалникот со неговото подножје,+ 10  фино исткаената одежда и светата одежда за свештеникот Арон, одеждите за неговите синови за да служат како свештеници,+ 11  како и маслото за помазание и мирисливиот темјан за светилиштето.+ Сѐ нека направат како што ти заповедав“. 12  Јехова уште му рече на Мојсеј: 13  „На синовите на Израел кажи им: ‚Треба да ги држите моите денови за одмор,*+ зашто тоа е знак меѓу мене и вас од поколение во поколение, за да знаете дека јас, Јехова, ве посветувам.+ 14  Држете го денот за одмор, зашто тој е свет за вас.+ Кој ќе го оскверни, нека биде погубен.+ Ако некој работи нешто на денот за одмор, таа душа нека биде погубена, и така да биде отстранета од нејзиниот народ.+ 15  Шест дена нека се извршуваат работите, но седмиот ден е ден за одмор, за целосен одмор,+ свет за Јехова. Кој ќе работи нешто на денот за одмор, нека биде погубен. 16  Синовите на Израел нека го држат денот за одмор, празнувајќи го од поколение во поколение, како траен сојуз.+ 17  Тоа нека биде траен знак меѓу мене и синовите на Израел,+ зашто Јехова за шест дена ги создаде небото и земјата, а во седмиот ден престана да работи и почна да почива‘ “.+ 18  А штом го заврши разговорот со Мојсеј на планината Синај, Бог му даде две плочи на Сведоштвото,+ камени плочи напишани со Божјиот прст.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „ставив мудрост во срцата на сите што имаат мудро срце“.
Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.