Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 25:1-40

25  И Јехова му рече на Мојсеј:+  „Речи им на синовите на Израел да ми собираат прилог. Соберете ми прилог од секој што е поттикнат од срце.+  А ова е прилогот што ќе го собирате од нив: злато,+ сребро+ и бакар,+  потоа сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал, фин лен, козји влакна,+  црвено бојадисани овнешки кожи, фокини кожи, дрво акација,+  масло за осветлување,+ балсам+ за маслото за помазание+ и за мирисливо кадење,+  а за ефодот+ и за наградникот+ — оникс и други камења за вградување.  Нека ми направат светилиште, зашто ќе престојувам меѓу нив.+  Светиот шатор и сета негова опрема направете ја точно според описот што ќе ти го дадам.+ 10  Нека направат ковчег од дрвото акација,+ долг два и пол лакти,* широк лакот и пол и висок лакот и пол. 11  Обложи го со чисто злато,+ обложи го однатре и однадвор, а околу работ направи му венец од злато.+ 12  Излеј за него четири алки од злато и прицврсти ги над четирите негови ногалки, две алки од едната страна, а две алки од другата страна.+ 13  Направи лостови од дрвото акација и обложи ги со злато.+ 14  Провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот за да може ковчегот да се носи. 15  Лостовите нека останат во алките на ковчегот. Да не се вадат од нив.+ 16  Во ковчегот стави го сведоштвото што ќе ти го дадам.+ 17  Направи поклопец од чисто злато, долг два и пол лакти, а широк лакот и пол.+ 18  Направи и два херувима* од ковано злато на двата краја од поклопецот.+ 19  Едниот херувим направи го на едниот, а другиот херувим на другиот крај.+ Херувимите направи ги на поклопецот, на двата негови краја. 20  Херувимите нека имаат крилја раширени угоре и нека го покриваат поклопецот со своите крилја, со лицата свртени еден кон друг.+ Лицата на херувимите нека гледаат кон поклопецот. 21  Стави го поклопецот+ врз ковчегот, а во ковчегот стави го сведоштвото што ќе ти го дадам. 22  Тука ќе се состанувам со тебе и одозгора, над поклопецот,+ меѓу двата херувима што се врз ковчегот на сведоштвото, ќе ти ги кажувам сите заповеди за синовите на Израел.+ 23  Направи маса+ од дрвото акација, долга два лакта, широка еден лакот, а висока лакот и пол. 24  И обложи ја со чисто злато, а околу работ направи ѝ венец од злато.+ 25  Наоколу направи ѝ рамка, широка една дланка,* а околу рамката направи ѝ венец од злато.+ 26  Направи за неа четири алки од злато, па прицврсти ги тие алки на четирите агли каде што ѝ се четирите нозе.+ 27  Алките нека бидат на самата рамка, како држачи за лостовите, за да може масата да се носи.+ 28  Лостовите направи ги од дрвото акација и обложи ги со злато. Со нив ќе се носи масата.+ 29  И направи за неа садови, чаши, бокали и садови за излевање на жртвите налевници. Направи ги од чисто злато.+ 30  На масата редовно ставај го лебот пред мене.+ 31  Направи светилник од чисто злато. Светилникот нека биде искован.+ Неговото подножје, потоа гранките, чашките, пупките и цветовите нека излегуваат од неговото стебло. 32  Шест гранки нека се разгрануваат од стеблото, три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки од другата страна.+ 33  По три чашки во облик на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично, нека бидат на секоја гранка од едната страна, и по три чашки во облик на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично, на секоја гранка од другата страна.+ Така нека биде на сите шест гранки што се разгрануваат од светилникот. 34  На стеблото од светилникот нека има четири чашки во облик на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично.+ 35  Една пупка нека има под двете гранки што излегуваат од него и една пупка под другите две гранки што излегуваат од него и една пупка под последните две гранки што излегуваат од него, бидејќи шест гранки се разгрануваат од светилникот.+ 36  Нивните пупки и гранки нека излегуваат од него. Сѐ нека биде исковано во едно парче, од чисто злато.+ 37  На него направи седум светилки. Светилките нека се палат за да го осветлуваат просторот пред него.+ 38  Неговата штипка за гаснење на фитилот и неговите пепелници нека бидат од чисто злато.+ 39  Од еден талант* чисто злато нека биде изработен светилникот и сиот негов прибор. 40  Гледај да ги направиш според описот што ти е покажан на планината.+

Фусноти

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.
Херувими се ангели на висока положба.
Една дланка е 7,4 сантиметри. Види го додатокот 13.
Еден талант тежел 34,2 килограми. Види го додатокот 13.