Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 24:1-18

24  Потоа му рече на Мојсеј: „Искачете се кај Јехова — ти, Арон, Надав, Авиуд+ и седумдесетте+ старешини на Израел, па поклонете се оддалеку.  Мојсеј сам нека му пристапи на Јехова, а тие нека не му пристапуваат и народот нека не се качува со него!“+  И Мојсеј дојде и му ги пренесе на народот сите зборови од Јехова и сите негови закони,+ а сиот народ едногласно одговори: „Ќе ги вршиме сите заповеди што ги даде Јехова“.+  И Мојсеј ги запиша сите зборови од Јехова.+ А изутрината подрани и во подножјето на планината подигна жртвеник и дванаесет столбови за дванаесетте племиња на Израел.+  И испрати младичи од синовите на Израел да му принесат на Јехова жртви паленици и да жртвуваат јунци како жртви на заедништвото.+  Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја стави во садови,+ а со другата половина го попрска жртвеникот.+  На крајот ја зеде книгата на сојузот+ и ја прочита пред народот.+ А народот рече: „Сѐ што рекол Јехова ќе правиме и ќе послушаме“.+  Потоа Мојсеј ја зеде крвта и го попрска народот,+ велејќи: „Ова е крвта на сојузот+ што го склучи Јехова со вас на темел на сите овие зборови“.  И така Мојсеј, Арон, Надав, Авиуд и седумдесет старешини на Израел отидоа горе 10  и го видоа Богот на Израел.+ Под неговите нозе имаше нешто како подножје од камен сафир, по чистотата слично на самото небо.+ 11  И тој не дигна рака на угледните луѓе од синовите на Израел,+ туку тие во видение го видоа вистинскиот Бог,+ па јадеа и пиеја.+ 12  И Јехова му рече на Мојсеј: „Искачи се кај мене на планината и остани ваму, зашто ќе ти ги дадам камените плочи, законот и заповедите, кои ќе ги напишам за нивна поука!“+ 13  Така станаа Мојсеј и неговиот слуга Исус Навин, па Мојсеј се искачи на планината на вистинскиот Бог.+ 14  А на старешините им рече: „Чекајте нѐ тука додека да се вратиме кај вас!+ Еве, Арон и Ор+ се со вас. Ако некој има некаков спор, нека им се обрати ним!“+ 15  Така Мојсеј се искачи на планината, а облак ја покри планината.+ 16  И Јеховината слава+ почиваше на планината Синај+ и облакот ја покриваше планината шест дена. А на седмиот ден Бог го повика Мојсеј од облакот.+ 17  Во очите на синовите на Израел таа глетка на Јеховината слава беше како оган што проголтува+ на врвот од планината. 18  И Мојсеј влезе во облакот и се искачи на планината.+ И остана на планината четириесет дена и четириесет ноќи.+

Фусноти