Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 23:1-33

23  Не шири лажни вести.+ Не соработувај со злиот, станувајќи сведок што смислува насилство.+  Не поведувај се по мнозинството за да правиш зло.+ Не сведочи во спор застанувајќи на страната на мнозинството за да се изврти правдата.+  Немој да бидеш пристрасен кон сиромавиот во неговиот спор.+  Ако наидеш на залутан бик или магаре од твојот непријател, одведи му го назад.+  Ако видиш дека магарето на оној што те мрази легнало под товарот, немој да го оставиш. Помогни му да го ослободи магарето.+  Не извртувај го законот на сиромавиот во неговиот спор.+  Бегај од лажливи зборови.+ Не убивај го невиниот и праведниот, зашто јас нема да го прогласам злобниот за праведен.+  Не примај мито, зашто митото ги заслепува и оние што јасно гледаат и ги извртува зборовите на праведниците.+  Не угнетувај дојденец.+ И сами знаете како ѝ е на душата на дојденецот, зашто вие бевте дојденци во египетската земја.+ 10  Шест години сеј ја својата земја и собирај го нејзиниот род.+ 11  А на седмата година остави ја нека почива необработена,+ и сиромасите од твојот народ нека се хранат од неа. А она што тие ќе го остават, нека го изедат дивите полски животни.+ Така прави и со своето лозје и со својот маслинарник. 12  Шест дена врши ја својата работа,+ а на седмиот ден остави ја работата за да си отпочинат твојот бик и твоето магаре и за да се одморат синот на твојата робинка и дојденецот.+ 13  Внимавајте на сѐ што ви реков.+ Не споменувајте имиња на други богови. Нека не се чујат од твојата уста.+ 14  Трипати годишно слави празник во моја чест.+ 15  Држи го Празникот на бесквасните лебови.+ Седум дена јади бесквасен леб,+ како што ти заповедав, во одреденото време во месецот авив,+ зашто ти тогаш излезе од Египет. Никој да не доаѓа пред мене со празни раце.+ 16  Држи го и Празникот на жетвата на првината+ од твојот труд, од она што си го посеал на нивата.+ Потоа Празникот на бербата на крајот од годината, кога ќе го собереш родот од својот труд на нивата.+ 17  Трипати во годината секое твое машко нека дојде пред лицето на Господарот Јехова.+ 18  Крвта од мојата жртва немој да ја жртвуваш заедно со она што во себе има квасец. А лојот од мојот празник да не остане преку ноќта до изутрина.+ 19  Најдоброто од првините од својата земја донеси го во домот на Јехова, својот Бог.+ Немој да вариш јаре во млеко од неговата мајка.+ 20  Еве, испраќам пред тебе ангел+ да те чува по патот и да те доведе на местото што го подготвив.+ 21  Чувај се од него и слушај го неговиот глас. Немој да се бунтуваш против него, зашто тој нема да ви ги прости престапите.+ Тој го носи моето име. 22  Но, ако го послушаш верно неговиот глас и направиш сѐ што ќе кажам,+ јас ќе им бидам непријател на твоите непријатели и ќе ги угнетувам оние што тебе те угнетуваат.+ 23  Зашто, мојот ангел ќе оди пред тебе и ќе те доведе до Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Ханаанците, Евејците и Евусејците, и јас ќе ги уништам.+ 24  Немој да им се клањаш на нивните богови, немој да им служиш и не прави ништо слично на она што го прават тие,+ туку урни ги и разбиј ги нивните обредни столбови.+ 25  Служете му на Јехова, својот Бог,+ и тој ќе ти ги благослови лебот и водата+ и ќе ја отстрани болеста од твојата средина.+ 26  Во твојата земја нема да има жена што ќе пометне, ниту неротка.+ Ќе направам да им се наживееш на твоите денови.+ 27  Ќе го испратам мојот страв пред тебе,+ ќе го фрлам во збунетост сиот народ среде кој ќе дојдеш и сите твои непријатели ќе ги натерам да бегаат пред тебе.*+ 28  Ќе ширам страв пред тебе+ за да ги истера од пред тебе Евејците, Ханаанците и Хетејците.+ 29  Нема да ги истерам од пред тебе за една година, за да не опусти земјата и да не се намножат на твоја штета дивите полски животни.+ 30  Малку по малку ќе ги истерувам од пред тебе додека не станеш многуброен и не ја заземеш земјата.+ 31  И ќе ти поставам граница од Црвеното Море до морето на Филистејците, и од пустината до Реката,*+ зашто ќе ви ги дадам в раце жителите на таа земја, а ти ќе ги истераш од пред себе.+ 32  Не склучувај сојуз со нив ниту со нивните богови.+ 33  Нека не останат во твојата земја за да не те наведат да ми згрешиш. Ако им служиш на нивните богови, тоа ќе ти биде замка“.+

Фусноти

Или: „ќе ти го дадам (подадам) вратот на сите твои непријатели“.
Односно Еуфрат.