Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 19:1-25

19  Во третиот месец, откако синовите на Израел излегоа од египетската земја,+ на тој ден дојдоа во Синајската Пустина.+  Тргнувајќи од Рафидин,+ дојдоа во Синајската Пустина и се улогорија во пустината.+ Израел се улогори таму пред планината.+  Мојсеј се искачи кај вистинскиот Бог, и Јехова го повика од планината+ и му рече: „Вака кажи му на домот на Јаков и речи им на синовите на Израел:  ‚Видовте што им сторив на Египќаните,+ како ве носев на орловски крилја и ве доведов кај себе.+  А сега, ако го слушате верно+ мојот глас и ако го држите мојот сојуз,+ ќе ми бидете најмилата сопственост меѓу сите други народи,+ зашто е моја целата земја.+  И ќе ми бидете царство на свештеници и свет народ‘.+ Ова се зборовите што треба да им ги кажеш на синовите на Израел“.  И Мојсеј се врати и ги повика старешините+ на народот и им изнесе сѐ што му заповеда Јехова.+  Потоа сиот народ едногласно одговори: „Сѐ што рекол Јехова ќе правиме“.+ Мојсеј веднаш му го пренесе на Јехова одговорот на народот.+  А Јехова му рече на Мојсеј: „Еве, ќе дојдам кај тебе во темен облак+ за да чуе народот кога ќе зборувам со тебе+ и да ти верува засекогаш“.+ Тогаш Мојсеј му го пренесе на Јехова одговорот на народот. 10  А Јехова му рече на Мојсеј: „Оди кај народот и посветувај го денес и утре. Народот нека си ја испере облеката.+ 11  Нека бидат готови за третиот ден, зашто на третиот ден Јехова ќе слезе на планината Синај пред очите на сиот народ.+ 12  А ти постави граници за народот отсекаде наоколу и речи: ,Внимавајте да не се качувате на планината и да не се допрете до нејзиното подножје! Секој што ќе се допре до планината, ќе биде погубен.+ 13  Ничија рака да не се допре до престапникот, зашто ќе биде затрупан со камења или застрелан со стрела! Сеедно дали е животно или човек, нема да остане жив‘.+ Кога ќе се огласи овнешкиот рог,+ тогаш можат да пријдат до планината“. 14  Тогаш Мојсеј слезе од планината кај народот и почна да го посветува народот. И народот си ја испра облеката.+ 15  Потоа му рече на народот: „Бидете готови+ за третиот ден. Не приближувајте се до жена!“+ 16  А на третиот ден кога самна утрото, загрмеа громови и засветкаа молњи.+ Густ облак+ се надви над планината и се зачу многу силен звук од рог,+ така што затрепери целиот народ што беше во логорот.+ 17  Тогаш Мојсеј го изведе народот од логорот во пресрет на вистинскиот Бог. И застанаа во подножјето на планината.+ 18  Целата планина Синај се обви со чад+ зашто Јехова слезе на неа во оган.+ Чадот се креваше како чад од печка за тули,+ а целата планина се тресеше силно.+ 19  Додека гласот на рогот стануваше сѐ посилен, Мојсеј зборуваше, а вистинскиот Бог му одговараше со силен глас.+ 20  Така Јехова слезе на планината Синај, на врвот од планината. Тогаш Јехова го повика Мојсеј на врвот од планината, и Мојсеј се искачи.+ 21  И Јехова му рече на Мојсеј: „Слези и опомени го народот да не се обидува да се пробие кон Јехова за да гледа, та мнозина да изгинат!+ 22  А и свештениците, кои му пристапуваат на Јехова, нека се посветат+ за да не ги погуби Јехова!“+ 23  Тогаш Мојсеј му рече на Јехова: „Не може народот да дојде на планината Синај бидејќи ти веќе нѐ предупреди: ‚Постави граници околу планината и посвети ја!‘ “+ 24  Но Јехова му возврати: „Појди долу, па качи се пак со Арон. Но свештениците и народот да не ги преминуваат границите за да се искачат кај Јехова, за да не ги погубам!“+ 25  Така слезе Мојсеј кај народот и му го кажа сето тоа.+

Фусноти